1933.05.14_New York Times – Rival Gunmen Agree to Divide Sofia Into Two Safety Zones, p3

1933.05.14_New York Times - Rival Gunmen Agree to Divide Sofia Into Two Safety Zones, p3

Ривалските пиштолџии се согласија да ја поделат Софија на две безбедносни зони

Софија, 13 косар – Македонските пиштолџии од спротивставените михајловистички и протоѓеровистички групи се согласија да ја поделат Софија во две зони во кои ќе можат да се движат без страв. Кога членовите на спротивставените фракции ќе се сретнат, пукањето е неизбежно.

Овој договор бил направен за да се избегнат пукотниците на улиците кои можат да ги доведат во опасност животите на странците и затоа Владата тоа не може да го игнорира. Во последната караница стотици луѓе побегнаа исплашени од настаните, додека стотици куршуми беа испукани кон секој кој поседува оружје. Полицијата по грешка го направи решето автомобилот во кој директорот на Италијанската банка, се обидуваше да избега од сцената заедно со ќерката и еден пријател.

 

Посочил: loza.mk (http://loza.mk/2015/05/софија-како-македонска-воена-зона/)
Извор: Весник New York Times