Tag: древно-македонци
Податоци кои укажуваат на македонски историски личности, кои себе си се сметале за потомци на Древните Македонци.
Крсто Трајков Ресенски
Дека сме Македонци и ништо друго, бидејќи и онака јас одамна тврдам дека со Бугарите сме само пара-браќа, како што сме и со останатите славјански народи, имено – Македонецот е по крв Славјанин помешан co Старо-Македонци, Бугаринот е мешавина од Славјаните и Аспаруховите Волгари. • • • Барем да стоиме цврсто на она што го проповедаме – дека сме Македонци…
1892.02 – 03_Весник ’Свобода‘; Д. Т. Левов
Весник „Свобода“, сечко, 1892 „… од сѐ се гледа дека работата не стои така: луѓето тука имаат други цели – да создадат нов книжевен македонски јазик. А дека тие не можеле да ја напишат ‘Лоза’ на тој јазик – тоа е зашто не го знаеле добро татковото наречје. Последично, прашањето се сведува кон стремежот да се воведе книжевен сепаратизам, којшто…
1899_Марко Цепенков
Помислете Вие, мили чеда за велика цара Александра што се слави и до ден денеска! Посочил: Види Види
1935_Илустрација ‘Илинден’, Христо Шалдев – ‘Духот на Македонија’; Софија
Христо Шалдев кој двојно делувал и во македонските, но и во врховистичките редови, сепак како и многу други бугарофили, населението во Македонија го сметал за мешавина на Словените со древните Македонци.
1903 « 1957_Никола Киров Мајски – ’В строја за Македонија‘; Софија
Бев испратил статија до “Автономна Македонија” за Александар Велики за да биде публикувана како подлисник; настојчиво молам за нејзино публикување. Од капитално значење е да ја сврземе нашата кауза со старата историја на Македонија. Никола Киров Мајски, Во строј за Македонија – Историски факти, белешки и документи, I, Софија, 1957, 110а – ракопис во АО на ИНИ, Сл. IV, 192/I…
1938.11.04_Ганчо Ценов, д-р – ‘Народностьта на старитѣ Македонци’; София
„… Како што денешите Грци се потомци на древните Грци, така и денешите Македонци се потомци на древните Македонци. Зошто да правиме тука разлика? …“ Посочил: Poljakot od Makedonija
1953_Елефтериос Ставридис – ‘Зад кулисите на КПГ’; с214; Атина
„… Сандански, по потекло од Пиринска Македонија, им припаѓаше на таканаречените словеногласни Македонци. Тој тврдеше дека како што се ослободија од турскиот јарем грчката нација, српската и бугарската, дојде часот да се ослободи и македонската нација. За да Македонија стане цела и сосем независна држава, Сандански проповедаше дека сите жители, без исклучок, не се ниту Бугари, ниту Грци ниту Куцовласи,…
1880_Ѓорѓија Пулевски – Славјанско-Населениски-Македонска Слогница Речовска; Софија
“… Написана је по славјански-маќедонско нареченије за да ја разбирајет сви полуострофски Славјани …“ Дел I-ви За от 131-ва год. по потопот вселенски до 900 год. пред Христа Книга I-ва ДО 900 ГОД. ПРЕД ХРИСТА Токо маќедонски-славјанска историја оту се зафаќат уште от 131-на година по вселенскијот потоп… даже до 900 год. пред Христа, даже се плодиле и насељјавале Македонци,…
1888 « 1922_Спомените на Исаија Радев Мажовски; Софија
“… Многупочитувани господа, Македонскиот старословенски народ уште пред 2.500 години е доведен во Македонија од цар Каран, кој како цар Филип и цар Александар бил чист словен. Не повеќе од 500 години поминаа откако Македонија и македонскиот стар словенски народ се потиснати и се наоѓаат под тешкиот турски јарем. Ние, клетите Македонци, офкаме и плачеме, но никој не сака да…
1930.10.24_Крсто Трајков до МПО – писмо; Маријана – Индианополис, САД
Македонецот Крсто Трајков пишува до Централната Управа на МПО во која предлага веднаш да се започне со создавањето на македонски Синод и македонска Црква која ќе ја поткрепи македонската борба за независност, со што би се одвоиле од Бугарија и Бугарската Црква. При тоа во образложението ги поврзува современите со древните Македонци.
1922+_МПО собир
Собир на Македонската Патриотска Организација (МПО) од Лорејн, Охајо, САД, на која е истакнато знаме со „Александар Велики“. На печатот од организацијата стоел слоганот: „Македонија на Македонците“.
1871.02.16_Димитар Македонски – По македонското прашање
Македонците не се изгубиле од лицето на Земјата, како што некои си дозволуваат да велат, зашто, колку што знаеме ние, тие не згрешиле некогаш, па да зине земјата и да ги голтне. Д. В. Македонски, По македонски в’прос, “Македонија”,В, 7, Цариград, 16.II,1871 год
Коста Шахов (1888.11.11)
Нашата татковина Македонија си има историја за своето минато, каде што се гледа нејзината моќ, величина, како и нејзиното политичко потчинување под власта на тогаш моќната Турска империја. … Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар…
Марко Цепенков
За тој расипан град се прикажува, оти е прајен од Александра, царо Маќедонцки. При се што врви Црна низ Градиштето, коа бил здрав градо имало едно јако кале и за во калето вода имало донесено од баеги далеку. (предание за стариот македонски град Градиште) Марко Цепенков Помислете Вие, мили чеда за велика цара Александра што се слави и до…
1866.05.01_Весник “Гајда”; Цариград
Не можејќи да ја сузбие свеста кај Македонците за славното древно минато, издавачот Петко Рачев Славејков го сменил пристапот и древномакедонството го претставувал како “бугарско наследство”. Петко Р. Славејков бил бугарски учен, чијашто издавачка мисија, меѓу другото било да се отфрли секакво пројавување на македонска национална свест и да делува против таканаречениот “македонизам”.











