Category: А13 Родољубни сведоштва

Изјави и дејства на македонските дејци, со кои искажуваат македонска самоопределба.

Posted in А13 Родољубни сведоштва А23.4 Просветители

Војдан Чернодрински (1875-1951)

• 1900 Извадок од предговорот на драмата „Македонска крвава свадба“ • „… „Што напишав јас? Ништо не напишав. Јас го препишав од сè уште ненапишаната крвава историја на МАКЕДОНИЈА она што читателот ќе го прочита, а гледачот ќе го види во театарот. Крвожедноста на нашите Турци-бегови, готовноста на МАКЕДОНКИТЕ да умрат, но верата да не си ја менуваат, а машкоста…

Posted in А13 Родољубни сведоштва А25.2 Партизански борци

Мирка Гинова

Како можам јас да ја предадам Грција, кога јас никогаш не сум била Гркинка!? Јас сум МАКЕДОНКА, а вие сте само привремени окупатори на мојата дедовска земја. Вие не ми судите мене – му судите на правото на еден цел народ да биде слободен!

Posted in _Избор А13 Родољубни сведоштва

Лазо Ангеловски

Не, јас не сум Лазарос Евангелидис, туку Лазо Ангеловски. Ние не сме Грци, туку Македонци. Јас верувам во мојот народ… Ме убедувате дека не постои таков народ, но погледнете од Лерин кон север – тие таму живеат и се радуваат на својата извојувана слобода. Драги Чичо, Ако дојде време Лерин да го ослободиме дојди и ти, донеси ја мојата мајка…

1871.02.16_Димитар Македонски - По македонското прашање
Posted in А13 Родољубни сведоштва

Димитар Македонски

• 1871.02.16 – По македонското прашање_ • Македонците не се изгубиле од лицето на Земјата, како што некои си дозволуваат да велат, зашто, колку што знаеме ние, тие не згрешиле некогаш, па да зине земјата и да ги голтне. Д. В. Македонски, По македонски в’прос, “Македонија”,В, 7, Цариград, 16.II,1871 год

Posted in А13 Родољубни сведоштва

Коста Групчев и Наум Евров до големиот Везир

• 1887 • Коста Групчев, Наум Евров со посредство на Стојан Новаковиќ, побарале од Големиот Везир издавање на „Македонски лист“. Списанието требало да излегува на чист македонски језик. Наша отаџбина (Македонија – н.з.) нема ништа заједничко са околним државицама и морају се избегавати њихове интриге… Откако се родило бугарско црквено питање, њиме се бацило семе раздора међу хришћане – рају,…

Posted in А13 Родољубни сведоштва

Темко Попов

• 1888.05.09_до Деспот Баџоски, писмо, Народна библиотека Београд, фонд Јован Хаџи Васиљевиќ, П 413/III • Темко Попов, македонски родољуб, член на Тајниот Македонски Комитет укажува дека влезот под бугарска егзархија била првична нужност за да се избегне грчкиот асимилаторски притисок. Да се не лажемо, Деспоте, национални дух у Македонији је дошао до таквог стања, да и када би сам Исус…

1903 « 1957_Никола Киров Мајски - ’В строја за Македонија‘, Софија
Posted in А13 Родољубни сведоштва

Никола Киров Мајски – 1957_’В строја за Македонија‘, Софија

Бев испратил статија до “Автономна Македонија” за Александар Велики за да биде публикувана како подлисник; настојчиво молам за нејзино публикување. Од капитално значење е да ја сврземе нашата кауза со старата историја на Македонија. Никола Киров Мајски, Во строј за Македонија – Историски факти, белешки и документи, I, Софија, 1957, 110а – ракопис во АО на ИНИ, Сл. IV, 192/I…

Posted in А13 Родољубни сведоштва

Панко Брашнаров

• 1948 – заедно со Павел Шатев – до ЦК на Советската Комунистичка Партија, доверливо писмо • Прашањето за обединување на македонскиот народ уште од самиот почеток се поткопа поради неговото неправилно поставување од страна на ЦК на КПЈ во смисла обединета Македонија да се присоедини кон ФНРЈ, без да се води сметка за посебните, специфични услови, ниту за братските…

Вероучение - Поука 03
Posted in А13 Родољубни сведоштва

1910+_Крсте Петко Мисирков

„… Но тоа име во очите и устата на грците имаше ушче специално значеiн’е: наi ненавистни за ниф варвари, л’уг’е не образоани, груби, коiи граничаат со звероите. За грците се словенцко беше грубо и бугарцко. Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени, особено тоi дел од ниф, шчо им причини наi големи неприiатности и се наог’аше во…

1859.01.08_Константин Миладинов до Георги Раковски, писмо-01
Posted in А13 Родољубни сведоштва

Константин Миладинов

• 1859.01.08 писмо до Георги Раковски • Господине Г. С. Раковски! Ние Македончината, недавна овде дојдени, неожидано полуучихме Вашето писмо, полно от искрена и горешта љубов кон отечеството ни. Познакомството со Вас ја слагам (читам) голема за мене радост и счастие. Ја многу сум слушал за Вашето вестрашно стремление кон општата полза, за Вашите трудови… Узнаваештем Вашето желание, за да се знакомите…

Posted in А13 Родољубни сведоштва

Петар Делииванов – Туше

• 1936.07.24_Статија во ‘Македонски вести’, г. II, бр59, стр1 • „Засега положбата е безнадежна. Меѓутоа, колку и да е мрачна таа денес, промени сепак ќе настанат… Еве што треба, без да очајуваме, да очекуваме од развојот на работите, поставувајќи си должност да ги насочиме усилбите и дејноста кон помагање и зачувување на македонската свест кај сите Македонци, каде и да…

RemasterDirector_22abe5b5f
Posted in А13 Родољубни сведоштва

Стојан Куликов – Толе Паша

Тие од Битола ме осудиле на смрт како врховист. Но, јас не разбирам ништо, ниту од врховизам, ниту од централизам (црволизам-врволизам), како се вика немам абер од него, јас знам оти се борам за Македонија, но не за врховистите (врволистите) од Бугарија, и не за Бугарија. Еве ви ја пушката војводо, давам ти ја. Како сум знаел така сум работел…

Александар Турунџев
Posted in А13 Родољубни сведоштва

Александар Турунџев

• 1905.08.30, изговорено пред самото бесење • Од мене Турчин или Грк не бидува, јаска сум Македонец и Македонија ќе биде слободна држава.

Смиле Војданов
Posted in А13 Родољубни сведоштва

Смиле Војданов

Дојде моментот да се дигнеме сите браќа Македонци и сестри Македонки рака за рака, рамо до рамо да застанеме заедно во борбата против петвековните поробители. Да ја извојуваме слободата на нашиот народ, да ја спасиме погазената национална и семејна чест! Слобода или смрт! Да живее ослободителната борба! Да живее македонскиот народ! Да живее слободата! Смрт на петвековниот поробител и мачител!

Павел Шатев
Posted in А13 Родољубни сведоштва

Павел Шатев

• 1928.11.10 – ‘Македонско Дело – Безимени’, бр 77 • На секој Македонец, каде и да се наоѓа, му се налага задолжителен долг да протестира, да се бори кој со што може и да ги штити своите права и своите интереси, презирајќи ги сегашните натрапени водачи, кои со престапничка кусогледост и незнаење го водат македонскиот народ кон отворена смрт и…