Tag: називот бугари

Податоци кои укажуваат за некогашното политичко и социолошко, а не народносно значење на изразот Бугар.

Posted in А18.1 Слика и посока

1869_Марин Дринов – ‘Поглед върху произхождението на българския народ и началото на българската история’, с41

„… Ние не сме потомци на Бугарите и немаме ништо заедничко со нив освен името, кое беше земено по случајност. …“ “… We are not the descendants of Bulgars and we have nothing in common with them other than the name, which was taken from them by accident. …”   Посочил: PublicNemesisMedia

Posted in _Избор А10.1 Слика и посока

2008_Dimitris Livanios – ‘The Macedonian Question’, Oxford

Изразите „Грк“ или „Бугар“, напоредно со народносно, имале верско и класно значење. „Бугари“, биле нарекувани сите селани од словенско потекло, а понекогаш и сите Словени. Додека „Грци“ биле нарекувани сите лица со христијанска или градска култура. Другите употреби и на двата изрази се користеле независно од народносната припадност. Оваа тројна употреба на овие два изрази: во верска, класна и народносна…

Posted in _Избор А16.1 ДМК Слика посока А5.1 Слика и посока

1931_Христо Зографов – ‘Македония, Минало и нови борби’

Уште еден бугарски доказ за поврзување на поимот Бугари со Словени, како и за древномакедонското потекло на денешните македонски Словени (Бугари). Во минатото поимот Бугар имал повеќе значења. Различните значење во дадено време добивале различна претежност. Според овој бугарски писател, кога се пишува Бугар, под поимот Бугар, се подразбира Словен. Писателот дојденците кои во 6 век дошле преку реката Дунав…

Posted in А9.1 Слика и посока

1959.10.23_Константин Караманлис, Претседател на Министерскиот Совет

Званичен документ каде грчкиот Премиер Константин Караманлис, уште во 1959 година, македонската сојузна републичка единица во склоп на Југославија ја нарекол Македонија. „… Што се однесува на Југославија, Министерствата за Правда на народните републики на Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, МАКЕДОНИЈА и Црна Гора …” Совет на министри Претседател Константин Караманлис …“   Посочил: Νεκτάριος (2025.01.21 · 9:00)

Posted in А3.2 Само слика

1890~_Марко Цепенков, песна за ослободување на Македонија

Бугарската пропаганда покрај многу присвојувања го присвојува и прилепчанецот Марко Цепенков, најголем собирач на македонски народни умотворби. Така како еден аргумент користат извадок од следната песна: Кажи мајко, жити Бога? Кој народ го трпи ова? Само ние болгарите От сенката се боиме   Сепак изоставаат да го видат долниот дел во песната каде што стои: Затоа, мајко, ќе тргнам Македонија…

Posted in _Избор А18.1 Слика и посока

1893_А. Шопов – ‘Изъ живота и положението на Българитѣ въ вилаетитѣ’, Пловдивъ

„… Тоа истото е и со Мелник, Сер, Костур и др. Кој се преселувал да живее во град, тој станувал грк, т.е. граѓанин. И ако го прашаш што е, тој ти одговара, дека е грк, т.е. граѓанин, а не селанец. … И денес уште во Битолско со зборот бугар разбираат селанец, не бил тој турчин, влав или грк. Ако се…

Posted in _Избор А10.1 Слика и посока

1922_Stephen Panaretoff – ‘Near Eastern Affairs and Conditions’

„… изворните Бугари никогаш не ставиле нога во Македонија …“ иако името Бугар станало истоветност со Славјанин, „… нивното кралство во очите на Македонците било Славјанско кралство, кралство во нивна сопственост. …“ „… 2. Кога во втората половина на десеттиот век, источниот дел од Бугарското Кралство паднало под византиско владеење, долга борба, во траење од четириесет години, била витко одржувана…

Posted in А7.1 Слика и посока

1923_Đ. Šurmin, S. Bosanac – ’Čitanka iz književnih starina‘, Zagreb

“… Други учат, дека со јазикот на Кириловите книги зборувале панонските Словени, за кои пишувале Кирил и Методиј, па спрема тоа тој јазик го нарекуваат п а н о н с к о – с л о в е н с к и или просто с т а р о  с л о в е н с к и  јазик….

1920.02.10_The Guradian, p5-01
Posted in _Избор А18.1 Слика и посока А9.1 Слика и посока

1920.02.10_The Guradian – The Thracian question, p5

Ова е уште еден доказ дека современите бугарски народносни обележја во најголема мера се преземени од македонската култура и јазик. Од таму може да се разбере, необичноста на нивната психолошка опседнатост за бугаризација на Македонците. Во прегледот на книгата „Тракиското прашање“ во низа од наброени тези се заклучува дека нема поврзаност помеѓу средновековното бугарско кралство со современата бугарска држава. Во…

Вероучение - Поука 03
Posted in А3.3 Само посока

1910+_Крсте Петко Мисирков

„… Но тоа име во очите и устата на грците имаше ушче специално значеiн’е: наi ненавистни за ниф варвари, л’уг’е не образоани, груби, коiи граничаат со звероите. За грците се словенцко беше грубо и бугарцко. Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени, особено тоi дел од ниф, шчо им причини наi големи неприiатности и се наог’аше во…

2005_Божидар Динков - 'Българският синдром на разединение и самоизяждането'
Posted in А18.3 Само посока

2005_Божидар Динков – ‘Българският синдром на разединение и самоизяждането’

„… Грците ги нарекувале Бугарите ‘Хондрокефалос’, кое означува дебелоглав, во смисла тврдоглав, тап, прост. На Запад во текот на средновековието кривоверците ги нарекувале ‘бугри’ (фр. bougres), кое произлегува од bulgare (Бугарин) и означувало нешто лошо. Според француската енциклопедија ‘Ларус’ зборот означува навредлив израз, пцовка. Во речникот на Бл. Мавров таа означува особењак, неранимајко, проклетник. Академик Јордан Иванов во својата книга…

Posted in А18.1 Слика и посока

1970_Й. Иванов – ‘Български старини из Македония’, БАН

  Уште еден средновековен извадок од бугарски извор кој укажува дека православните Славјани општо биле нарекувани Бугари. Бугарските кнезови војувале против Солун. Меѓу нив како бугарски кнез е наведен и Десимир Великиот Кнез Моравски.   Слободен македонски превод: „… Бугарите слушнале за мене. И Великиот кнез Десимир Моравски и Радивој кнез Преславски и сите кнезови бугарски се собрале околу Солун…

1584_Симеон Лехаци - 'Патувачки белешки'
Posted in А18.1 Слика и посока

1584_Симеон Лехаци – ‘Патувачки белешки’

Ерменски монах Симеон Лехаци кој живеел во Украина преземајќи поклоничко патување поминал и низ Балканот. За посетата на Босна, во неговата книга тамошното православно христијанско население ги нарекува Бугари. А нивниот јазик бугарски. Како и од повеќе други писатели се потврдува сознанието дека името Бугари, бил еден од изразите кој се користел за селското славјанско православно христијанско население. Дури во…

1911.09.23_Evening Post, Issue 73, p10
Posted in А9.1 Слика и посока

1911.09.23_Evening Post, Issue 73, p10

Во статијата се известува за злосторствата на Младотурците. Така во Албанија некој си Торгут Паша извршил варварски злосторства врз Бугари, МАКЕДОНЦИ, Грци и Срби. Претходно се наведува дека во Османлиското Царство не биле признати националностите, туку само вероисповедите и при тоа наведени се: Грци, Ерменци и Бугари.   Посочила: DragonGirl

Posted in _Избор А10.1 Слика и посока

1908_Giovanni Amadori – ‘La Questione Rumeliota’

„Како Македонецот го сфаќа поимот ‘Бугарин’… Кога е нешто грубо, нападно или вулгарно, тој тоа го вика ’БУГАРСКА РАБОТА‘… Коренот на зборот „бугар“ НЕМА НИКАКВО НАЦИОНАЛНО ЗНАЧЕЊЕ, и самиот збор не е исто со ’Булгар‘.“   „… Антрополошки, словено-македонската РАСА (народ, етнос н.з.) е словенска со многу сличности со српската и со бугарската. Јазикот, исто како и расата, е словенски….