Tag: противмакедонство бугарско

Податоци за непријателското работење на бугарската политика и пропаганда.

Posted in А9.1 Слика и посока

1928.11.26_The Washington Herald – Bulgarians are taking out all our freedom

„… Македонците велат: „Бугарите ни ја земаат целата слобода што ја освоивме со тешки борби од Турците.“ А Големите Сили се загрижени поради крвавите балкански расправи од стар вид. Франција и Британија им наредија на борците да престанат со борбите, алудирајќи во име на Друштвото на народите. Светот ќе го следи исходот. Михајлов, водачот на востаничките Македонци, изгледа дека е човек…

Posted in А10.1 Слика и посока

1971_Stephen E. Palmer, Robert R. King – ‘From Yugoslav Communism and the Macedonian Question’

„… Тоа не беше нужно показател дека Македонците од Вардарска сакаа да бидат во секој поглед претворени во Бугари. … Германците, чии народносни земјописци правеа разлика меѓу македонските Словени и Бугарите, не ѝ дозволија на Софија формално да ја припои југословенска или грчка Македонија. …“ „… Топлиот македонски дочек на бугарските сили (и нивните организатори од прифатните комитети) може да…

Posted in А5.1 Слика и посока

1928.11.29_Куриеръ – Исканията на колониститѣ, македонци

Бугарија, преку разни тајни и јавни договори со Грција, Србија и Големите Сили, целосно придонела за поделбата на Македонија и македонскиот народ. Спротивно на волјата на македонскиот народ, бугарската политика ја распродавала македонската земја меѓу балканските држави. Притоа, таа ѝ помогнала на Грција во народносното отстранување на Македонците од беломорска Македонија. Оваа новинарска вест е многу добар показател за бугарското…

Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1903.08.16-17_Various US newspapers – Bulgaria in no way responsible for Uprising

Поголем број на американски весници го објавуваат отфрлањето [демантот] од бугарската Влада, дека Бугарите немаат никаква врска со Илинденското Востание. За востанието одговорна е само Македонија. Од изјавите може да се заклучи дека бугарската Влада, се радувала на силното турско возвраќање и дека востанието набрзо ќе биде задушено. Со изјавата дека „Бугарите немаат никаква врска со востанието“, јасен е логичкиот…

Posted in А18.1 Слика и посока А9.1 Слика и посока

1942.04.13_Birmingham Post-Herald – Bulgaria will adhere to Axis; Alabama

  „… Бугарската армија ја прослави годишнината од ОКУПАЦИЈАТА на Македонија … Германски, италијански и јапонски знамиња се вееја од јавните плоштади во Софија, заедно со слики од Хитлер, Мусолини. …“ „… Bulgarian army celebrated anniversary of OCCUPATION of Macedonia … German, Italian & Japanese flags flew from Sofia’s public squares along with pictures of Hitler, Mussolini. …“   Посочил:…

Posted in А7.1 Слика и посока А7.2 Само слика

1941.11.01_Весник „Борба“ – Македонски народ противу немачких и бугарских окупатора; с2

Македонскиот народ против бугарските и германските окупатори Гигантската борба што беснее низ цела Европа, борбата за национално ослободување на народот, не може да го заобиколи македонскиот народ. Како Словени и како народ кој, дури и по еден век упорна борба, сè уште не доживеал ниту еден ден слобода, Македонците се двојно заинтересирани да го протераат фашистичкиот окупатор и да се…

Posted in А7.1 Слика и посока

1970.03.24-25_Весник „Борба“ – Објективан приказ македонској историји; с3

“… 24. МАРТ 1970., “БОРБА” СТРАНА 3. ДОКУМЕНТИ ОБЈЕКТИВЕН ПРИСТАП КОН МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА Во новиот учебник на Московскиот универзитет реално се прикажува историјата на Македонците, а за бугарскиот книжевен јазик се вели дека е далеку од македонскиот. Кон крајот на февруари и во првите денови на март, во московските книжарници се појави и брзо се распродаде една книга посветена на…

Posted in _Избор А6.1 Слика и посока

1918.10.28_The National Archives of the US – Legation Royale de Grece a Washington; p690 – 714

Писмо испратено од Грчката Кралска Легација во Вашингтон до Владата на САД во 1918 година, во кое грчката дипломатија се обидува да докаже дека населението во Македонија не се ниту Бугари, ниту Срби, а оние кои зборуваат на словенски јазик не се ни Грци. Писмото е дел од голема збирка на различни документи, кои биле испратени од Владите на разни…

Posted in А9.1 Слика и посока

1919.07.26_San Francisco Chronicle – Big Death Toll In Macedonia Under Bulgars

Голем Број на жртви Во Македонија Под Бугарска Окупација ПАРИЗ, 25 Јули (Француска Безжична Служба) – Бугарската репресија во Источна Македонија за време на окупацијата на оваа територија резултираше со значително намалување на бројот на населението, приближно 100 000 луѓе, од кои околу 32 000 починале од глад и малтретирање во текот на три години, според извештајот на една меѓусојузничка…

Posted in А8.1 Слика и посока

1986.04_Amnesty International – Macedonians in Bulgaria

5.1 Македонците Резултатите од бугарскиот попис од 1946 година во врска со македонското население никогаш не биле јавно објавени од бугарските власти. Сепак, југословенски извори тврдат дека на тој попис како Македонци се изјасниле 252.908 лица. Пописот од 1956 година забележа 187,789 Македонци, од кои над 95 отсто живееле во Пиринскиот регион каде што сочинуваат 63,8 отсто од населението. Меѓутоа,…

Posted in А18.1 Слика и посока

1924 « 1974«2014_Ангел Узунов – ‘Спомени’, (ДАРМ)

Според Ангел Узунов братот на славниот македонски војвода Христо Узунов, Тодор Александров е убиен од страна на крвникот Ванчо Михајлов, спроведувајќи ја противмакедонската политика на бугарската влада – која е незадоволна од Мајскиот Договор склучен меѓу Коминтерната и Тодор Александров. „… Откако дознав за убиството на Ал[ександров], јас претпоставив дека тоа беше дело на Миах[ајлов]. Зашто, веројатно, тој се здружил…

Posted in А23.5 Дела и Настани А9.1 Слика и посока

1903.07.11_Киевлянин; №189

Зголеменото противмакедонство на бугарската Влада во пред-илинденско време, забележано и од украинскиот печат (тогаш во рамките на царска Русија). Ова се случува на помалку од еден месец од востанието. „… Неколку чети се обиделе да ја преминат границата. Бугарски пунктови го спречиле тоа. Воjвода Саракинов бил уапсен во моментот на преминување на границата …“ Известува за борби на востаниците со…

Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1903.04.05_Arizona Republican – Macedonian movement

Уште еден доказ за бугарското противмакедонство. Бугарската држава не само што не им помагала на Македонците, туку била против Илинденското Востание и општо против македонската борба за слобода. „… МАКЕДОНСКО ДВИЖЕЊЕ Е Силно Спротивставувано од Бугарската Влада Виена, 4 тревен 1903 година – Сознанијата добиени тука од Софија, велат дека бугарската влада презема дејствени мерки против македонските бандити и има…

Posted in _Избор А18.1 Слика и посока А9.1 Слика и посока

1903.02.15_The Pacific commercial advertiser – Bulgaria arrests the Macedonian plotters

„… БУГАРИЈА ГИ АПСИ МАКЕДОНСКИТЕ ЗАГОВОРНИЦИ И Постави Кордон од Војници Покрај Границата на Земјата Која е во Бунт Против Турското Владеење. … Софија, Сеч. 14 – Старешините на Македонскиот револуционерен комитет во Бугарија беа уапсени. Владата постави воен кордон на Македонската граница за да ја прикаже спремноста на Бугарија да ги исполни меѓународните обврски. …“ Според поднасловот бугарската Влада…

1903.08.16_The New York Times
Posted in _Избор А23.5 Дела и Настани А9.1 Слика и посока

1903.08.16_The New York Times – will aid Macedonians

За бугарскиот Премиер Рачо Петров уништувањето на македонските бунтовнички сили за време на Илинденското Востание би била ПРОМЕНА НА ПОДОБРО. Бугарскиот Премиер Петров на обвинувањата за бугарската вмешаност во Илинденското Востание возвраќа: „… Востанието, тој вели, било целосно национално Македонско движење организирано од Македонскиот Внатрешен Комитет …“. Потоа наведува дека не само што на бугарската граница не можат да ја…