Tag: противмакедонство грчко
Податоци за непријателското работење на грчката политика и пропаганда.
1934.05.27_Brooklin Daily Eagle, New York – Macedonian Ambitions Are Greatest Threat to Balkan Peace
„Македонија за Македонците“ е повик што одѕвонува низ Балканот долго пред турската власт врз југоисточна Европа да почне да ослабува. Но, како што Полумесечината се повлекуваше кон исток за време на Балканските војни и, освен Цариград, целосно премина во Мала Азија со крајот на Големата војна, и како што другите народи на Балканот станаа признати нации, Македонците не добија слобода….
1926.12.25_L’Humanité – Damé Grouef, Révolutionnaire macédonien
„… трите дела на Македонија поделена помеѓу Србија, Грција и Бугарија … … основачкиот херој на ВМРО: Даме Груев … … Тој беше дете на народот, но, како и многу други синови на Македонија … … Даме Груев го запознал Гоче Делчев, најзначајниот од македонските револуционери, чија десна рака тој секогаш ќе остане … … Гоче Делчев и Даме Груев…
1945.10.14_The New York Times – TITO held moving to win Macedonia
ТИТО ГО ПОДГОТВУВА ПРИДВИЖУВАЊЕТО ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Поддршката за единството на егејското малцинство се смета за известување до Грција за југословенските претензии Од К. Л. СУЛЦБЕРГЕР ЛОНДОН, 13 октомври – Маршал Тито посредно ја извести Грција за идните југословенски територијални претензии, нудејќи им гаранции на „Македонците во Егејска Македонија“ дека „не сме рамнодушни кон нивната иднина, туку ќе се…
1914_Хусеин Хилми Паша
„… Никогаш не помислив дека Македонија некогаш може да стане српска, дека Грците ќе заавладеат со Солун, но судбината, знаете, често дозволува и најневеројатни нешта… Во револуционерните времиња, Грците и Србоманите, верувајте, секогаш беа заедно со нас, Турците, против комитетите. И мене и мојата полиција тие не известуваа за сѐ, тие беа наши шпиони, пријатели и поддржувачи… Но какви и…
2023.02.06_Genocidewatch – Ethnic minority in Greece still keeps their identity secret
„Владата забрануваше употреба на јазик што не постоеше“: Зошто некои потомци на етничко малцинство во Грција сè уште го чуваат својот идентитет во тајност Денес, земјата Северна Македонија се наоѓа веднаш северно од Грција. Но, до 2018 година, земјата не се викаше Северна Македонија. Евгенија Нацулиду, 67, се претставува како грчка државјанка. Таа е родена и сè уште живее во…
1922.10.04-14_Резолуција на Конгресот на МПО на САД и Канада
„… Резолуција на Македонските Политички Организации на Соединетите Американски Држави и Канада Делегатите на Македонските Политички Организации на Соединетите Американски Држави и Канада, претставувајќи 45,000 имигранти од секој град и село на Македонија, собрани на Конгрес на 4-ти октомври 1922 година, во градот Форт Вејн, државата Индијана, по сериозни размислувања за сегашните политички, социјални и економски услови во Македонија, РЕШИЈА:…
1928.08.05_Brooklyn Eagle – Revolt leaders in Macedonia kill each other, p55
Една многу долга статија со добро познавање на состојбите во Македонија. Единствено не се точно наведени причините за внатрешните судири за превласт меѓу разните струи во ВМРО. Во статијата се зборува за македонската борба за независност, внатрешните судири меѓу разните струи. Зборува за бројните убиства извршено врз српски и бугарски службени лица, која во последно време се претворила во меѓусебна…
1970.03.24-25_Весник Борба – Објективан приказ македонској историји, с3
“… 24. МАРТ 1970., “БОРБА” СТРАНА 3. ДОКУМЕНТИ ОБЈЕКТИВЕН ПРИСТАП КОН МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА Во новиот учебник на Московскиот универзитет реално се прикажува историјата на Македонците, а за бугарскиот книжевен јазик се вели дека е далеку од македонскиот. Кон крајот на февруари и во првите денови на март, во московските книжарници се појави и брзо се распродаде една книга посветена на…
1922.01.16_Архив на Друштвото на народите – Петар Милев до Ворен Хардинг (Претседател на САД), писмо
„… Од секој град, село и семејство во Македонија, се слушаат криковите на оваа многу страдална нација кон вас, цивилизираните и христијанските нации, со најискрена молба да се формира посебна независна Македонија во нејзините признати географски граници. …“ Подолго писмо од Македонец пратено до Ворен Хардинг, Претседателот на САД. „… 16. Јануари 1922. ДО НЕГОВАТА ЕКСЕЛЕНЦИЈА Господин ВОРЕН ХАРДИНГ, ПРЕТСЕДАТЕЛ на…
1953 « 2005_CIA – IMRO Leader Mihailov Visits Greece, Turkey, Italy
„… Иван Михајлов, ВМРО предводник (да не се помеша со Бугарскиот Комунистички старешина со истото име), се појавил во текот на 1953 година во Атина, Солун и Рим. Неговите заложби биле да воспостави нови врски и да ги обнови старите. И покрај неговите повоени потешкотии Михајлов остана човек со големи способности и целнонасоченост, без намера да се откаже од неговиот…
1933 « 1941_MPO – An American Symposium On The Macedonian Problem
Професорот Артур И. Ендрјус едно време бил Професор по Дипломатија на факултетот од Чарсловиот Универзитет во Прага. Тој испратил писмо пред 12тата годишна МПО Конвенција (оддржана н.з.) Гроздобер 3, 1933, во Детроит, Мичиген „… Македонија денес е Полска од утре. Поделена на три дела, секоја под различен, но секогаш отуѓен владетел, а само на едно парче на Македонците им е…
1998_Greek Helsinki Monitor & MRG – ‘Greece Against Its Macedonian Minority The Rainbow Trial’, Athens (pdf)
Книга во која е внесена збирка на податоци и преземени дејства од страна на Грчкиот Хелсиншки Набљудувач (Greek Helsinki Monitor) и Друштвото за Малцински Права – Грција (Minority Rights Group – Greece), поради напади и прекршувања на човековите и граѓанските права на Македонците кои живеат во Грција. Посочил: Вождот
2023.06.01_Risto Stefov – ‘Greek Atrocitices Comitted against the Macedonian People’, Toronto (pdf)
Книга во која е внесена збирка на разни документи, во кои се изнесени разни грчки злосторства на национална основа, извршени врз поединци од македонскиот народ. Посочил: Вождот
1949.08.23_Mt. Vernon Register News – Order Execution Of 51 in Greece, p11
„… Наредена Егзекуција На 51мина во Грција … Атина, … Грчките печатени изданија велат дека денес грчкиот воен суд наредил егзекуција на 51 лице, поради завера за воспоставување на Комунистичка Македонска Држава. Масовниот процес се случил во Флорина (Лерин н.з.). Обвинетите, повеќето од селото Аминтеон, биле обвинети за членство во голема подземна организација која минирала патишта, ја помагала Комунистичката герила…
1947.05_George G. Sadowski – Congressional record, USA Congress
Во архивите на Конгресот на САД, се наоѓа записот од обраќањето на американскиот конгресмен од полско потекло, Џорџ Садовски, демократ од Мичиген, кој во косар, 1947 година, од конгресната говорница го поставува прашањето: „Дали Македонците се Грци?“ Прашањето е повеќе реторичко, зашто веднаш самиот одговара: „Македонците не се Грци!“ Конгресменот Џорџ Садовски тоа го кажува на расправа во американскиот конгрес…









