Tag: противмакедонство српско
Податоци за непријателското работење на српската политика и пропаганда.
1933.11.02_Poverty Bay Herald – Secret Society
„… Нивната работа е да го одржуваат жив духот на независноста кај Македонците , кои живеат под југословенска власт, каде што им е забрането да поседуваат цркви и училишта, па дури и да го користат својот јазик. …“ ТАЈНО ДРУШТВО МАКЕДОНСКИТЕ ТЕШКОТИИ ПОД ЈУГОСЛОВЕНСКА ВЛАСТ ЛОНДОН, 20 октомври Гледајте Македонија. Иако е површно тивко, тој е еден од европските центри…
1914.11.11_Андрей Сиротининъ – ’Голосъ Минувшаго‘
„… Секако, Македонците стенкајќи под турскиот јарем не се сметаа себе си ниту за Срби, ниту за Бугари. Бугарските и српските политичари, стремејќи се кон морето, од нив сакаа да создадат културно-историски вид што им беше посакуван, а за оваа цел тие избраа всеможни аргументи. …“ Посочил: Пољакот од Македонија
1902.07.14_Весник „Србин“ – ‘Докле ћемо трпети злоупотребе гостопримства’; б115, с1
Весникот „Србин” во 1902 година објавил статија во којашто го пренесyвa ставот на македонскиот национален деец Стефан Јакимов Дедов (1869 – 1914) за посебноста на македонскиот народ и стремежот кон македонскиот национален идеал – Македонија на Македонците, наместо приклучување кон Србија или други држави. „… Редовно го гледаат кај одделни млекари, фурнаџии, меанџии и други Срби од Турција. Разговорот…
1928.03.17_The New York Times – Four Macedonians to die
„ВКУПНО ЧЕТВОРИЦА МАКЕДОНЦИ ЌЕ УМРАТ Девет други осудени на затвор поради убиството на југословенскиот генерал. … Единствениот преживеан член на македонската Тројка [група од тројца] кои минатата есен го убија Генерал Ковачевиќ во југословенскиот пограничен град Штип ќе платат со своите животu за делото. Заедно со убиецот, Кразал, исто така ќе умрат тројцата со-членови на Македонскиот комитет кој го планирал…
1928.03.04_The New York Times – Yugoslavia urges poppy growing
Централниот Комитет на Сојузот од Македонските Политички Организации од САД и Канада испратил меморандум до Опиумската Комисија на Лигата на Народите во која негодува дека Белградската Влада се обидува бунтовните македонски земјоделци во Јужна Србија да ги преокупира во деловен потфат за обработка на афионов опиум за производство на забранети дроги. И тоа најмногу токму во областите каде што населението…
1900_The New York Times – Travel through the Balkans
Весникот пишува за комедијата од грешки која настанала со експлозијата од измешаните пропаганди кои во Македонија ги воделе „Романските, Српските и Бугарските агенти“. Додека истовремно учените професори во „Петроград и Букурешт, Белград и Софија“ биле зафатени во производство на родословни дрва и национални повици. Посочил: Ѕале Извор: The New York Times
1924.03.06_The New York Times – Bulgarians arrest more Macedonians
„Бугарите апсат Македонци“ Бугарската држава одговара на барањата од Југославија и спроведува дејства за сузбивање на македонските револуционерни организации кои се борат за ослободување на Македонците. Како што се чита од известувањето има јасно разликување меѓу Македонци и Бугари. „… БУГАРИТЕ АПСАТ УШТЕ ПОВЕЌЕ МАКЕДОНЦИ 300 Се сега во Затвор Поради Обвиненија за Завера против Југославија. Творечки права, 1924, на…
1919.05.11_The New York Times – Macedonian settlement
Пробугарски настроен известувач чиј допис бил објавен во весникот The New York Times. Повеќе од очигледно е како во текот на написот се обидува да ја омекне и пренасочи јавноста од негативниот меѓународен однос кон Бугарија, која била на страна на губитниците од Прва Светска војна. Така што не се спротивставува на независноста на Македонија за која се залагал американскиот…
1923_Vesnik ‘Narodno jedinstvo’; br48; Hrvatska
„Србите велат дека ние Македонците сме Срби и дека тие нѐ ослободиле. Да видиме што говорат нивните дела, односно недела спрема нашиот народ. А тие говорат дека за нас Србите се полоши и од Турците. Бидејќи не е само тоа што не викаат Јужносрбијанци (?!), ниту тоа што Македонија ја викаат Јужна Србија (се гледа дека на нашите “ослободители” им…
1913.02.01_Russische Rundschau, Pavel Miljukow; p1-2; Wien
Во австрискиот весник „Русише Рундшау“ рускиот општественик и политичар Павел Миљуков меѓу другото изјавил: „Македонците се борат за една, неделива Македонија, не прифаќаат децентрализација“. Имено, Миљуков го забележал огромното незадоволство на Македонците од поделбата на нивната татковина Македонија меѓу трите соседи – Грција, Србија и Бугарија. Миљуков говори и за тоа како македонските доброволци, кои ѝ се приклучиле на бугарската…
1922.04.01_V. N. Madoloff – ‘In Defense Of Bulgaria’; v16
Македонец испратил писмо до списанието „Тековна Историја“ во кое себе си се претставува „не како Бугарин“, туку како Македонец. Меѓу 19 000 други Македонци кои во текот на Прва Светска Војна дошле од целиот свет да служат во редовите на бугарската војска, затоа што таа им била многу понаклонета отколку српската војска. Македонците како бегалци во Бугарија биле добредојдени и…
Петар Даниилович Драганов (1857-1928)
• 1894 • Meѓу Македонците има очајни бугаромани и очајни србомани, но има и таканаречени автономисти и автохтонисти коишто велат дека [Maкeдонците] никако не се дел од големите идеи на Симеон Бугарски и на Душан Српски. • • • Србите и особено Бугарите го презираат македонското наречје, а мене ме напаѓаат затоа што… препорачувам некаква посебна македонска литература… Тие…
1917_Harold W. V. Temperley – ’History of Serbia‘; London
„… Изгледа дека таму има Македонска раса (народ н. з.), независен од овие приточни текови – народ силен, издржлив, смел, самостоен, секогаш спремен на странецот да му притекне напомош во првата можност. Затоа Македонија остана непрекинат проблем за сите околни нации, собирно место и земја за крвава расправа помеѓу различни аспиранти за освојување и слава. Додека Турците сѐ уште ја…
1941—1942 « 1975_Marshall Lee Miller – ’Bulgaria during the Second World War‘; p123; (Stanford University Press)
„… Германски разузнавачки извештај од 1942 запазил: ‘Македонците, кои во текот на југословенското владеење со воодушевување гледаа на сѐ што е бугарско, сега се извонредно разочарани откако се запознаа со целосно поткуплива како и неспособна бугарска управа’ …“ „… Граѓаните дадоа дури и уште побурен дочек на бугарските војски кои влегоа во Македонија во тревен 19, 1941. Топлиот прием према…
1888.02.10_Стојан Новаковиќ – Дипломатски архив; ПП одель, Ф. 1.; Дубровник
Пропагандистот Стојан Новаковиќ српски пратеник во Цариград признава дека српската национална идеја нема темели во Македонија и кај македонскиот народ, нити македонскиот народ ја препознава како своја, и затоа таа не може да ја сузбие соперничката бугарска пропаганда. …Бидејќи бугарската идеја, како што на сите им е добро познато, пуштила длабоки корени во Македонија, мислам дека е скоро невозможно…








