1903.08.31_The New York Times – Gen. Garibaldi’s Position

„… Ген. Ричиот Гарибалди кој се бореше на страната од Грција против Турција во 1807, беше разговаран во врска со гласината дека Грција ќе ја поддржи Турција против Македонците. Тој рече дека не му е чудно дека Грција и Турција ќе се обединат во потиснување на Македонското востание.
‘Јас самиот,’ тој продолжи ‘сум ја поттикнувал Грција да дојде до договор со Турција пред рускиот Пан-Славизам или австрискиот Пан-Германизам да стекне господарење преку целиот источен Јадрански брег. Грција, Албанија, и Италија имаат само еден пат на сигурност, а тоа е целосен и срдечен договор со Турција. Борис Сарафов ми побара совет во организирањето на Македонско востание, жалејќи дека јас не сум наклонет на тоа. Јас одговорив дека јас не можам да го одобрам бидејќи востанието беше засновано на надежта од Австро-Руско вмешување, до кое ако дојде ќе биде во засегнатост на овие две земји.
Мојот план е независност на Албанија под италијанска заштита со разбирање со Грција, додека истовремено Сарафов ќе се повика до Европа за Македонска независност, откажувајќи се од Австро-Руското вмешување.’ …“

 

Посочил: Macedonian Agema