Доказната вредност е што се зборува за заштита на Македонија од турските насилства разгледувајќи ја како одделна единица при тоа воопшто не споменувајќи ги хегемонистичките желби за завладување од страна на соседите.
Краток опис на содржината:
МОЖНО ОКУПИРАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
Австрија и Русија предлагаат нов план за завршување на Балканската криза – другите големи сили најверојатно ќе се согласат.
Во Лондон било објавено дека Русија и Австрија имаат нови предлози до другите големи сили со кои сакаат да се поврати поредокот на Балканот. Се предлага Австрија и Русија да ја окупираат Македонија. Британскиот кабинет се согласува со сите предлози од големите сили кои ќе придонесат за средување на тогашните состојби во европска Турција.
Посочил: Ѕале