Доказната вредност на оваа новинарска вест е во тоа што се зборува за независност на Македонија како најправилно решение и при тоа воопшто не се споменува припојување кон некоја соседна држава.
Краток опис на содржината:
Од писмата испратени до уредникот.
АНГЛИЈА И МАКЕДОНИЈА
До уредникот на Њу Јорк Тајмс
Уредникот изјавува дека со внимание го прочитал писмото од W.H.W поврзано со одговорноста на Англија за турските злосторства. Заклучува дека не само со Ерменија фактите зборуваат за непосредна одговорност и за жалната состојба на нештата во Македонија.
Уредникот погрешно мисли дека во 1878 година со договор помеѓу Македонија и Турција била дадена независност за Македонија од таму со можност за ослободување од турското ропство. Англија преку својот Премиер Беконсфилд тоа го нарушила на Берлинскиот конгрес и ја вратила Македонија на Турција, а за возврат го добила островот Кипар. Дипломатскиот триумф на Беконсфилд бил награден со овации, но ги предизвикал ужасите со македонските колежи кои се непосредно последица на тој англискиот правец од пред 25 години.
„… ENGLAND AND MACEDONIA.
Посочил: Ѕале