Австралиско-британски разузнавачки документ кој истакнува дека македонската Народно Ослободителна Борба во текот на Втора Светска војна истовремено имала за цел и за обединување на македонските делови.
Во „Доверливиот документ“ од 20 снежник, 1946 година под број 3 се вели дека имало 6.000 наоружани герилци кои ги помагале над 35.000 жители од местното население во беломорска Македонија.
На страна бр. 2, точка 5, пишува дека герилците кои се запишани во документот како „Славјани“ се борат да ги обединат во една држава „Вардар“ (Југословенска) „Егеј“ (Грчка) „Пирин“ (Бугарска) Македонија.
Во документите стои дека, според Форин офис на Велика Британија, во составот на Голема Македонија треба да влезе и Солун.
Состојбата на теренот во беломорска Македонија била толку загрижувачка за Грција што нејзината Влада побарала помош од ООН, САД и Велика Британија. Грција била советувана да испрати 80.000 редовна војска и 30.000 жандармерија за да ги порази македонските герилци.
Во овој документ пишува и тоа дека британски експерти ќе ги вежбаат и обучуваат грчките војници за да бидат поподготвени од востаниците. Во документот се споменува ЕЛАС, но не како дејствен учесник, туку како организација која го чекала исходот од судирот на Македонците со грчката војска.
Овој документ говори за националната борба на Македонците за демократија, човекови права и слободи против Грција и грчкиот фашизам во беломорска Македонија во распонот од 1946 до 1949 година, кога се забранети секакви права на Македонците, а голем број протерани од родните огништа и раселени низ Европа и светот.
Посочил: Македонски Непокор, Портал Денешен, Ицо Најдовски Перин