Мирка Гинова

•  27.07.1946 пред судот во Ениџе-Вардар •

Како можам јас да ја предадам Грција, кога јас никогаш не сум била Гркинка!? Јас сум МАКЕДОНКА, а вие сте само привремени окупатори на мојата дедовска земја. Вие не ми судите мене – му судите на правото на еден цел народ да биде слободен!

 

Јас сум Македонка и се гордеам со тоа. Не убив никого, но се борам еден ден Грција да стане слободна татковина за сите Грци и Македонци. Да бидеме слободни, да зборуваме на мајчиниот јазик, да имаме свои училишта, да нема повеќе затвори и рицинусово масло. Можете да ме застрелате, но не се плашам.

 

Ако сакаш, напиши му на татко ми: ‚Јас умирам за нешто во кое верувам со целата душа, како чесна, не како нечесна, за подобар живот на другите, не за мојот.

 

Посочил: Портал Антропол