Оддел: А01 Македонска документација
Докази за македонската самобитност од македонската документација.
1903.02.05_Македонско-Одринско дружество во Атина – ‘Повик кон Македонците кои живеат во Атина’
Повик за македонско национално обединување и борба за слобода.
1950+_Екатерина Михајловна Мисиркова – Молба (за пренос на моштите од сопругот)
Молба на Екатерина Михајловна Мисиркова за пренос на моштите од нејзиниот сопруг Крсте Петков Мисирков од Софија НР Бугарија во Скопје главниот град на СР Македонија. Но тоа не се остварува. Како замена за тоа, сѐ што имала од Крсте Мисирков го праќа во Скопје и денес се наоѓа во спомен куќата на Мисирков. Екатерина е закопана во софиските гробишта…
1914.08.06_Говор на претставникот на Македонците на Општословенското Собрание
„… но несреќна Македонија, разделена со Букурешкиот договор на три дела. Македонија, таа втора Полска, исто така има законско право на манифест за нејзиното обединување и за востановување на царството на царот Самоил и на кралот Волкашин. Меѓутоа, иако Македонците и се борат за слободата на Србија и за словенското дело воопшто, како што се бореа тие и за општословенското…
1905.06.26_Писмо од Крсте П. Мисирков до проф. Иван А. Бодуен де Куртоене
Писмо на К. П. Мисирков 1905 год. во кое се обраќа кон својот професор замолувајќи да добие материјали за објава во идното месечно списание „Вардар“ кое ќе се занимава со македонското прашање. Содржина на писмото: Од 1 август ов. г. почнувам да издавам во Одеса месечно потцензурно списание „Вардар“, посветено на интересите на Македонија, коешто исто така ќе има и…
1899.05.01_Погрешно толкуваното писмо од Гоце Делчев
Ова писмо се користи како крунски доказ за “бугарштината” на Гоце Делчев. И тоа само заради ироничната реченица „Жално е, но што да правиме кога си сме болгари и сите страдаме од една иста болест!“. Тоа значи дека Македонците патат од болеста која им се подметнува да бидат сметани за Бугари. Но бугарската пропаганда не сака да го сфати тој…
1915.08_Димитрија Чуповски – телеграма до Претседателот на српското Народно Собрание
Повик кон српските власти за решавање на македонското прашање со создавање на „автономна Македонија“.
1913_Македонски Глас – знаме на Петроградското Македонско друштво
Знамето на Македонската Колонија во Санкт Петерсбург: Намерно или потсвесно со примеси на древните македонски ознаки: 15-зрачно Сонце заградено со натпис „Единствена независна Македонија“ и коњ еднорог како наличност на Букефал – коњот на Александар Македонски.
1940.11_Леток на ПК КПМ, Скопје (Методија Шаторов Шарло)
„… Господата од Белград и Софија спорат за Македонија, а македонскиот народ ич не го прашуваат …“ „… Всушност, Македонците не се ни Срби ни Бугари, а се само Македонци …“ Препис на целата содржина на летокот. Извор на пренесената содржина на летокот: https://documents-mk.blogspot.com/
1904.09.17_Револуционерен Лист – Сандански до ”Грците” во Мелник
„… Не бугарска Македонија сакаме ние, а Македонија на Македонците …“
1974+_11 Октомвриска честитка од ДООМ до Македонците
„… Браќа и сестри македонски, немојте уште да ве лажат пропагаторите на Југославија, Бугарија и Грција! …“ — Честитка од македонското национално Движење за ослободување и обединување на Македонија до сите Македонци и Македонки, за празникот 11 Октомври —
1974.08_ДООМ – ‘Илинденски проглас’
Платформата на Движењето за Ослободување и Обединување на Македонија од 1974 г., содржела: 1. Поголема автономија на СР Македонија во склоп на СФР Југославија; 2. Признавање на националната посебност на Македонците во Пиринска и Беломорска Македонија; 3. Враќање на Македонците бегалци во Грција и 4. Автономија на Пиринска и Беломорска Македонија, како етапа кон обединувањето на целокупната етногеографска Македонија.