Оддел: А5.1 Слика и посока
Докази за македонската самобитност потврдено со оригинални слики од разни бугарски извори.
1954.06.30_Дино Т. Ќосев – ’Историја на македонското национално револуцинерно движење‘, Софија
„… Гоце за набрзо да стане водач на македонската селска револуција какво што во суштина било македонското револуционерно движење. … Гоце Делчев како македонски револуционер и водач на македонската буржоаско-демократска, селска револуција. … Гоце Делчев сознавал, дека, ‘турскиот владеачки систем’ може да биде ликвидиран и слободна и независна Македонија може да биде извојувана само низ разрушување на тој систем… ……
1891_Бугарско Книжевно Дружество, В. Д. Стојанов – ’Периодично списание‘, Средец
„… во мирно време тој корпус составен од Срби, Македонци и Бугари … Додека пак за зборот Македонија и другите произведени зборови од него, да се забележи дека тој збор е туѓ и сега влегува во употреба меѓу населението и соодветно нагласокот, како на него така и на производените зборови од него се сообразува со општото правило. Заради тоа, не…
1892.02.18_Весник ‘Свобода’, София
„… излегуваат луѓе, кои се силат да ги уништат плодовите на толку годишни усилби, да докажат дека македонските бугари се одделна нација со особен јазик, со особени историски задачи! …“ „… Усилбите на целата интелегенција на целиот бугарски народ засега се насочени кон глува безшумна борба за бугарското национално единство; се трошат и пари, и сили, и народна енергија во…
1944.05.16_Прилепско архиерејско намесништво – бугаризација на личните имина
Еден документ како доказ за претопувањето (асимилацијата) на македонското население за време на окупацијата во текот на Втора Светска војна. Одземање на основните човекови права со измена на личните имина кои не звучат бугарски. Посочил: Poljakot od Makedonija
1903_Пејо Јаворов – ’стенограмски забелешки‘
Гоце Делчев: „… Ќе го раскинеме тоа було и ќе не грејне сонцето на слободата, но НЕ БУГАРСКО СОНЦЕ. Јас …“ Поради разобличувањето на позициите на нападната бугарска историја оваа реченица од ракописните стенограми на пријателот на Делчев, Пејо Јаворов, првпат објавени од неговата внука Ганка Најденова – Стоилова 1962 година се предмет на бугарско лажирање. Во првичното објавување (1962)…
1915+_Документи за одземање и уништување на книгата ’За Македонските работи‘
Книгата „За Македонските работи“ од Крсте П. Мисирков скоро целосно била уништена од страна на бугарската држава. Во 1942 година Блаже Конески како студент (Блаже Конев) во Софија наидува на сокриен примерок во софискиот универзитет. Книгата скришно ја зема, пребегнува во Македонија и се приклучува на партизанските единици. Така за среќа, каква што немале многу други вредни пишувани дела (пример…
1874.11.04_Списание Читалище , Цариградъ
Душан Силни бил Македонец, а не Србин. Македонците од 14 век заедно со Србите наспроти Бугарите. Бугарски и македонски Владици. Македонски кнез Жарко кој самотојно владеел со Македонија. Посочил: Poljakot od Makedonija
1938.11.04_Ганчо Ценов, д-р – ‘Народностьта на старитѣ Македонци’, София
„… Како што денешите Грци се потомци на древните Грци, така и денешите Македонци се потомци на древните Македонци. Зошто да правиме тука разлика? …“ Посочил: Poljakot od Makedonija
1871.10.01_Списание Читалиште – Скаска, Цариград
Цар Душан Силни, цар на Македонците и Србите… Македонците преминувале на унгарска или византиска страна против Бугарите кога Бугарите ќе влезеле во војна со нив. Повеќе други податоци кои Стефан Душан првенствено го прикажуваат како македонски цар.
1924_ЦО НРПЈ, Коста Новаковић – ‘Македонија Македонцима! Земља земљорадницима!’, Београд
Во првата половина на 20 век во услови на болни и социјално заостанати монархии, правилниот став на работничките организации за многу национални, социјални и родови прашања ги привлекло напредните сили во Југославија и на Балканот.
1933.04_Илустрација Илинден, год5, кн5 (за Гоце Делчев)
Меѓу двете светски војни низ разни гласила Македонците и нивните здруженија во Бугарија, во ограничени услови ја изразувале сопствената македонска свест како и на македонските борци на кои им се восхитувале. Бугарската држава поради притисоците од страна на кралство Југославија не била во можност за Македонците слободно и отворено да наметнува дека се Бугари и делумно го дозволувала нивното македонско…
1929.01.13_Весник ‘Свобода или смрт’, бр15, с2 (за Мара Бунева)
Великата Македонка Печат на Задругата на Македонски Девојки „Мара Бунева“ од Пловдив. Бугарската држава за да ја разбие собраноста на едно место ги раселувала Македонците низ цела Бугарија. Затоа да не чуди што има разни македонски здруженија во средишна како најдалечните источни и северни делови од Бугарија.
1915_Д.Т. Ласковъ – ‘Живот и дейность на Св. Климентъ Охридски’, с6, София.
„… А тоа ќе каже, дека св. Климент не бил од западните словени, а произлегувал од истата земја од каде биле родум и светите Браќа. Значи и св. Климент охридски бил родум од многустрадална Македонија. …“
1866.05.01_Весник “Гајда”, Цариград
Не можејќи да ја сузбие свеста кај Македонците за славното древно минато, издавачот Петко Рачев Славејков го сменил пристапот и древномакедонството го претставувал како “бугарско наследство”. Петко Р. Славејков бил бугарски учен, чијашто издавачка мисија, меѓу другото било да се отфрли секакво пројавување на македонска национална свест и да делува против таканаречениот “македонизам”.
1880 « 1890_Цани Гинчев – ‘Ганчо Косерака’
„… Море, ние не сме Арнаути… Ние сме Македонци, сѐ од оние што биле со Александар Македон, од кого што писнал целиот свет, од негована јунаштина. …“ Македонија, 1880-тите… Извадок од повеста „Ганчо Косерака“ на бугарскиот писател Цани Гинчев.