Category: А01 Македонска документација
Докази за македонската самобитност од македонската документација.
1922.10.04-14_Резолуција на Конгресот на МПО на САД и Канада
„… Резолуција на Македонските Политички Организации на Соединетите Американски Држави и Канада Делегатите на Македонските Политички Организации на Соединетите Американски Држави и Канада, претставувајќи 45,000 имигранти од секој град и село на Македонија, собрани на Конгрес на 4-ти октомври 1922 година, во градот Форт Вејн, државата Индијана, по сериозни размислувања за сегашните политички, социјални и економски услови во Македонија, РЕШИЈА:…
1930.02.02_МПО до Лигата на народите, писмо
„… хрватскиот и македонскиот народ бараат обновување на нивните независни држави во границите на нивните историски и политички територии, засновано на принципот на самоопределување. …“ 2 сечко 1930 Торонто, Онтарио, Канада До: Г-дин Ерик Драмонд, Лига на Нациите, Женева, Швајцарија, Европа. Почитуван Господине, Хрватите и Македонците од градот Торонто, Канада, кои се собраа на масовен состанок денес, Ви упатуваат најсрдечни…
1922.01.16_Архив на Друштвото на народите – Петар Милев до Ворен Хардинг (Претседател на САД), писмо
„… Од секој град, село и семејство во Македонија, се слушаат криковите на оваа многу страдална нација кон вас, цивилизираните и христијанските нации, со најискрена молба да се формира посебна независна Македонија во нејзините признати географски граници. …“ Подолго писмо од Македонец пратено до Ворен Хардинг, Претседателот на САД. „… 16. Јануари 1922. ДО НЕГОВАТА ЕКСЕЛЕНЦИЈА Господин ВОРЕН ХАРДИНГ, ПРЕТСЕДАТЕЛ на…
1933 « 1941_MPO – An American Symposium On The Macedonian Problem
Професорот Артур И. Ендрјус едно време бил Професор по Дипломатија на факултетот од Чарсловиот Универзитет во Прага. Тој испратил писмо пред 12тата годишна МПО Конвенција (оддржана н.з.) Гроздобер 3, 1933, во Детроит, Мичиген „… Македонија денес е Полска од утре. Поделена на три дела, секоја под различен, но секогаш отуѓен владетел, а само на едно парче на Македонците им е…
1878.11.24_ Освобождения Болгарии от Турецкога ига, ф430, д90, лл. 188-189 – Малешевските главатари до Конзулот во Солун, писмо
„… Гласот за пристигнувањето во Џумаја на вашето Превасходство даде добри надежи и на нас македонците, жители во околијата Малешево кои постојано и најлошо страдаат до ден денешен. … Нашата македонска крв, со која сме решени поради неволја да крвариме уште од пред две илјади години, немилостиво осудена и презрена Македонија, при сегашните европски господарски народи сака да даде крај…
1924_Тодор Александров до Стјепан Радич, писмо
Писмо на Тодор Александров до хрватскиот политички водач Стјепан Радич, во врска со објавената статија во „Балканска Федерација“ „Почитуван г. Стјепан Радич, Ја читав Вашата статија во 2-3 број на виенското списание „Федерасион Балканик“ од 15 август 1924 година. Имајки ја единствено предвид вистината и интересите на македонското и хрватско ослободително движење, се решив да Ви го испратам ова писмо,…
1944.12.28_Генерал Терпешев, АСНОМ II, Скопје
„Другари и другарки, ние, Бугарите сме криви пред вас. Ние Бугарите дозволивме на фашистите да се здружат со Германците и да нѐ потиснат од природниот сојуз со нашите братја Славјани…“ „…Ете, во таја борба ние, Бугарите, ама веќе отечественофронтовски Бугари, не старите, сакавме да влеземе. Старите неотечественофронтофски Бугари кои беја три години джандари на Хитлера на Балканот ни нанесоа срам…
1859.01.08_Константин Миладинов до Георги Раковски, писмо
“… Господине Г. С. Раковски! Ние Македончината, недавна овде дојдени, неожидано полуучихме Вашето писмо, полно от искрена и горешта љубов кон отечеството ни. Познакомството со Вас ја слагам (читам) голема за мене радост и счастие. Ја многу сум слушал за Вашето вестрашно стремление кон општата полза, за Вашите трудови… Узнаваештем Вашето желание, за да се знакомите со македонското наречие… И…
1900~1903_Никола Карев до Гоце Делчев, писмо
Моите извештаи стануваат се’ повеќе и повеќе само како голи констатации на оние свирепости и ѕверства што овој свет ги поднесува. Одамна требаше веќе да им се даде називот извештаи за несреќите и бедите на христијаните во Вилаетот. Во Крушевско и Битолско стануваат секојдневно ноќни блокади на села, а многубројните афери фрлаат многу луѓе в затвор. Не треба да чекаме…
1941_Koста С. Рацин – ‘До целиот македонски народ! До сите честити Македонци!’. Машинопис, 2 л. 2 стр. 2 нег. 2 фот.
„… Секој сака да си објасни, зошто толку држави и толку културни народи паднаја под крвавата чизма на бесните германски кучиња. И ако по рано издадените, измамени и продадени од своите капитулантски и петоколонашки управлениа, не дојдова до објаснуење на таја причина, денеска сите тија народи знајат, дека причината за нимното поробуење не е у Хитлеровата сила, ами у ПРЕДАТЕЛСТВОТО…
1923.10.25_Централен комитет на ВМРО, одликување
Посочил: Портал Македонска Нација
1949.02.05_Билтен – Орган на НОФ на Македонците во егејска Македонија
Говор на Захаријадис на II Пленум на Главниот одбор на НОФ: „… Конгресот треба да се изјасни по националното прашање на македонскиот народ, кој со своето учество во денешната борба врви кон создавање на независна македонска држава во рамките на балканска федерација. …” Објавено во “Билтен” – орган на НОФ на Македонците во егејска Македонија, од 5 сечко 1949…
1949.02.02-03_Главен одбор на НОФ за егејска Македонија, Резолуција II Пленум
„… Оваа ситуација наметнува тешки и важни задачи пред НОФ и пред целиот македонски народ. НОФ треба уште повеќе да го мобилизира македонскиот народ и да биде вистински негов водач. Ефикасно да помогне 1949 година да биде година на победата и мирот што претставува вековен копнеж на грчкиот и македонскиот народ. Затоа едногласно решава: 3. Решава да се свика II-от…
1944.10.01_ЦК КПМ до ЦК БРП (К), писмо
На состанокот другарите Темпо и Лазо се спогодиле со Вас во следните точки: 1. Македонскиот народ во бугарскиот дел на Македонија има право на самоопределување до отцепување и доброволно обединување со други народи. 2. Врз основа на тоа основно демократско право, македонскиот народ има право, по своја волја, да формира свои национални единици кои што, засега ќе се наоѓаат во…
1945.02.11_Смиле Војданов (Претседател на МАНЛ) – Меморандум до Френклин Д. Рузвелт (Претседател на САД)
„Со оглед на честите референци за македонското прашање во последните депеши од Балканот, како и поради тоа што јавно се разговара за проблемот околу идните граници меѓу балканските земји, Националниот комитет на Македонско-американската народна лига на САД што се состана во Детроит, Мичиген на 11 сечко 1945 година се чувствува повикан како претставник на илјадници Американци со македонско потекло…







