Category: А01 Македонска документација
Строго документациски материјали како акти, документи, списи на Македонци и македонски организации.
1941_Koста С. Рацин – ‘До целиот македонски народ! До сите честити Македонци!’; Машинопис, 2 л. 2 стр. 2 нег. 2 фот.
„… Секој сака да си објасни, зошто толку држави и толку културни народи паднаја под крвавата чизма на бесните германски кучиња. И ако по рано издадените, измамени и продадени од своите капитулантски и петоколонашки управлениа, не дојдова до објаснуење на таја причина, денеска сите тија народи знајат, дека причината за нимното поробуење не е у Хитлеровата сила, ами у ПРЕДАТЕЛСТВОТО…
1923.10.25_Централен комитет на ВМРО – одликување
Посочил: Портал Македонска Нација
1949.02.05_Орган на НОФ на Македонците во егејска Македонија – Билтен
Говор на Захаријадис на II Пленум на Главниот одбор на НОФ: „… Конгресот треба да се изјасни по националното прашање на македонскиот народ, кој со своето учество во денешната борба врви кон создавање на независна македонска држава во рамките на балканска федерација. …” Објавено во “Билтен” – орган на НОФ на Македонците во егејска Македонија, од 5 сечко 1949…
1949.02.02-03_Главен одбор на НОФ за егејска Македонија, II Пленум – Резолуција
„… Оваа ситуација наметнува тешки и важни задачи пред НОФ и пред целиот македонски народ. НОФ треба уште повеќе да го мобилизира македонскиот народ и да биде вистински негов водач. Ефикасно да помогне 1949 година да биде година на победата и мирот што претставува вековен копнеж на грчкиот и македонскиот народ. Затоа едногласно решава: 3. Решава да се свика II-от…
1944.10.01_ЦК КПМ до ЦК БРП (К) – писмо
На состанокот другарите Темпо и Лазо се спогодиле со Вас во следните точки: 1. Македонскиот народ во бугарскиот дел на Македонија има право на самоопределување до отцепување и доброволно обединување со други народи. 2. Врз основа на тоа основно демократско право, македонскиот народ има право, по своја волја, да формира свои национални единици кои што, засега ќе се наоѓаат во…
1945.02.11_Смиле Војданов (Претседател на МАНЛ) – Меморандум до Френклин Д. Рузвелт (Претседател на САД)
„Со оглед на честите референци за македонското прашање во последните депеши од Балканот, како и поради тоа што јавно се разговара за проблемот околу идните граници меѓу балканските земји, Националниот комитет на Македонско-американската народна лига на САД што се состана во Детроит, Мичиген на 11 сечко 1945 година се чувствува повикан како претставник на илјадници Американци со македонско потекло…
1923.12.30_В.М.Р.О. и Р.С.Р. – ’Проект за спогодба меѓу ВМРО и Руската Советска Република‘
„Внатрешната Македонска Револуционерна Организација којашто ги претставува Македонците што се борат за национално самоопределување, политичка слобода, самоуправување и најголема возможна социјална правда, има за цел: Обединувањето на Македонија, распарчена меѓу Бугарија, Србија и Грција во 1913 г. по Букурешкиот мировен договор и по Нејскиот – во 1919 г., во една политичка единица, којашто подоцна ќе биде рамноправен член на една…
1946.01.02_Македонски политички затвореници до СССР, ВБ и САД – апел; Касандра
Македонските политички затвореници од затворот Касандра (на истоимениот крак на Полуостровот Халкидик) во денешна Грција, упатиле повик (апел) за помош до Владите на СССР, Велика Британија и САД. Во повикот од затворените Македонци, меѓу другото, се вели: „… Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени…
1878_The Aims of the Macedonian Kresna Uprising
The Aims of the Macedonian Uprising Article 2: The people from Macedonia itself take part in the uprising, people who feel themselves Macedonians and who have a love of freedom. Article 3: All residents of Macedonia, regardless of nationality or faith, can take part in the uprising – but they must love freedom. Article 4: All those from countries, neighboring…
1932_Македонски Неприкосновен Народен Капитал – Потврда
Потврда за уплатен прилог за потребите на македонската ослободителна борба уплатена на Македонскиот Неприкосновен Народен Капитал дел од Македонскиот Национален Комитет. Најверојатно подружница на ВМРО. На печатот е ставена картата од цела Македонија, вклучувајќи го и пиринскиот дел кој тогаш веќе подолго време бил во составот на Бугарија. И покрај пробугарските раководства во некои од фракциите на македонските револуционерни организации,…
1878_Началник на штабот на Македонското востание – писмо
Г-н Делчо Георги! Ве молиме оваа вечер да отидете со целата или со неколку луѓе од четата како патрола по стражарите, така што ќе го зафатите просторот горе од скалата, по ридот, па сè долу до мостот кај Кајчева. Тоа можете да го направите според вашето расположение, и тоа во две одделенија. На Македонското востание Началник на Штабот, Д. Поп…
1900.07.30_Светогорецот Христо (Даме Груев) до Христо Узунов – писмо; Битола
„Со систематско дејствие од страна на Егзархијата против Револуционерната организација… Назначени се учители револуционери по избор и настојување на врховниот комитет … Со тоа се нанесува голем удар на Револуционерната организација … Ерусалим, 30 јули 1900 г. “ Писмото сведочи за тоа како бугарската пропагандна политика вршена преку бугарската егзархија систематски ја напаѓала и кочела работата на Македонската Револуционерна…
1923_Павел Шатев – Осврт по повод солунските атентати
„… Нарушуваме еден завет на великите македонски покојници во Солун и Сахара. Тие се беа заколнале да не оставаат свои портрети, затоа што сакаа да бидат служители на идејата, но не и на славата. Таму, во рушевините на македонската столица Солун, Гемиџиите сакаа да го збришат и своето месо и своите имиња, оставајќи го да живее над нивните останки суштествениот…
1868.01.15_Кузман Шапкарев – писмо
Кузман Шапкарев бил со намера да состави Македонско-Бугарски толковен речник. Преводот содржан во „Краткиот речник“ би бил – од македонски на горно-бугарски, и од горно-бугарски на македонски. Посочил: Македонија на Македонците
1878.09.11_Џумајски македонски комитет – писмо од Адам Калмиков
„До Џумајскиот македонски комитет! По волја на народот и на војската, јас сум назначен да бидам водач на македонските востаници. Јас го назначив Димитрија П. Георгиев да биде начелник на штабот, а тоа им го соопштив на сите комитети. Вие се стегате да напишете ‘од Македонскиoт комитет’. Тоа име нема да загине, и поради тоа изјавувам дека без зборот ‘Македон’,…



