Оддел: 01А САМОБИТНОСТ
Податоци кои ја потврдуваат македонската национална самобитност.
1917_Harold W. V. Temperley – ’History of Serbia‘, London
„… Изгледа дека таму има Македонска раса (народ н. з.), независен од овие приточни текови – народ силен, издржлив, смел, самостоен, секогаш спремен на странецот да му притекне напомош во првата можност. Затоа Македонија остана непрекинат проблем за сите околни нации, собирно место и земја за крвава расправа помеѓу различни аспиранти за освојување и слава. Додека Турците сѐ уште ја…
1901.08.18_The New York Times – Macedonian moderates prevail
Новинарската вест не прави разлика, известува за конгресот на софиското врховистичко ВМРО сметајќи го за македонско, всушност како што често пред јавноста и се претставувале. На конгресот наводно превладале умерените така што била донесена одлука за делување со користење на мирни методи. „ Македонските Умерени Превладаа Софија, Жит. 17. – Македонскиот Конгрес заврши. Умерените го добија денот и избраа комитет…
1901.08.15_The New York Times – Macedonian Committeemen Acquitted
Македонскиот Комитаџија Ослободен (од обвинение н.з.) Борис Сарафов од бугарската власт бил поставен за Претседател на врховистичкиот комитет. После убедувања од разни македонски родољуби тој ќе премине на македонска страна. Како последица на тоа ќе биде сменет од претседателската должност. Во статијата за него се зборува како за поранешен Претседател на Македонскиот Револуционерен Комитет. Во продолжение се известува дека бил…
1979.02.28_Hrvatski narodni oslobodilački pokret (Hamilton), Predsedniku okružnog suda (Skopje), писмо
Македонската борба за независна државност во текот на целото постоење на Југославија била поврзана и поддржувана од националните движења на југословенските народи кои биле со слични цели. „… НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОКРУЖНИОТ СУД ВО СКОПЈЕ под раководство на судијата Миладин Стојанов Осудувате човек на 13 години затвор само затоа што дрдорел (зборувал), а не ликвидирал никого од послушните слабаци…
-1200 — 0165_Библија, Нов Завет
Секаде каде што во Библијата се употребуваат поимите Македонија и Македонците се третираат како поими кои означуваат посебен народ и земја. Никаде нема показател (индиција) за поврзување на Македонија како дел од Хелас или пак на Македонците како дел од хеленски народ. Библиски цитати: Дела 19:21 Кога се сврши тоа, Павле науми во духот, поминувајќи низ Македонија и Ахаја, да…
0000+ — 0065_Последното и мисионерските патувања на ап. Павле
Македонија земја одвоена од Ахаја, Грција (забелешка: зборот Грција тогаш сѐ уште не постоел) и другите тогашни земји со свои народи.
1901.09.21_The New York Times – The Macedonian agitation
МАКЕДОНСКА АГИТАЦИЈА Статијата зборува за грчко-романското сојузништво, како што вели, за самоодбрана од криминалните дејства на тајните комитети во Македонија, чии претставници биле на прием во Софија. Иако непосредно не се споменуваат Македонци, сепак посредно може да се заклучи: во Македонија не живеело само грчко население (како што денес се тврди), туку и бројно не-грчко население, кое било организирано за…
1901.10.18_The New York Times – Albanian massacre
Во првиот дел новинарската вест известува за хроничната анархија во Македонија пред сѐ поради злосторничкото делување на Албанците кон христијанското население кое го нарекува беззаконие полошо дури и од она на Курдите во однос на Ерменците. Во вториот дел известува дека од Турците бил фатен Македонскиот четник Малиу кој учествувал во атентатот врз бугарскиот политичар Стамболов. Главата на македонскиот четник…
1901.12.08_The New York Times – The noble Macedonian bandit
Уште една своевремена новинарска потврда дека познатата грчка фустанела била преземена од албанската традиција. Иако во насловот се нарекува благороден и македонски бандит мисли на грчки андарт и сѐ само не благороден. Така при дното на статијата опишува за драстичните методи кои биле употребувани од страна на грчките “борци за ослободување на Македонија”. Така некој си Нико киднапирал две деца…
-0059‒0017 « 1990_Peter Green – ‘Alexander to Actium: The Historical Evolution of the Hellenistic Age’, p.309
На свештениците (атински н. з.), секогаш кога се молеле за Атина и нејзините сојузници, исто така, им било наредено да го проколнуваат и да фрлаат клетви на Филип (V н. з.), неговите деца и кралство, неговите копнени и поморски сили, и на целиот народ и името на Македонците. (Titus Livius)
1918_George Soteriadis – ‘Hellenism in the Balkan Peninsula and Asia Minor’, London
Познат грчки писател, иако пристрасен, со очигледно прилагодувани бројки, сепак не избегнал да спомене силно присуство на Македонски Славјани во беломорска Македонија, кои на места во својата книга ги разликува од Бугарите. Исто така во книгата признава постојана демографска измена со доселување грчко и иселување на славјанско население. Посочиле: DragonGirl и Achilles Deltaс
1996.03.01_Lambert Schneider, Christoph Höcker – ‘Griechisches Festland’
„… Есенцијално својство на Македонското распространување (експанзија) во втората половина на 4тиот век пред Христос се состоела од спојување (интеграција), дури и впивање (апсорпција) на странските претежно ориентални култури на освоените области и нивна преобразба во некаков вид на светска култура. Оваа сепофатна “Хеленска” култура, во секој случај била повеќекултурна (мултикултурна) скоро во модерна смисла и сѐ само не исклучиво…
Ѓорче Петров
• 1898.12 статија: „Кој го ослободи Крит“ во „Бунтовник“ бр1. стр.2-3 • Македонецу со билначе ли чекаш да ти јават дека си слободен или со тапан да ти подумкаат под увото? Верувај дека ѕверот, твојот тиранин нема да се откаже од храна. Слободен сум, сѐ е свршено. Ете кој ја дава слободата. Кажи го и ти тоа ако сакаш да…
1903.08.11_The New York Times – Christians in Turkey
„… Македонците претежно народ од земјоделци и работници не бараат независност туку автономија – право да се управуваат себе си да имаат глас во нивното сопствено владеење. …“ Посочила: DragonGirl