Оддел: А9.1 Слика и посока
Докази за македонската самобитност потврдено со изворни слики од СТРАНСКИОТ НОВИНАРСКИ ПЕЧАТ.
1902.12.25_The New York Times – Threatens Macedonian war
„… ЗАКАНА ОД МАКЕДОНСКА ВОЈНА. Сарафов вели дека претстојната неизбежна Револуција ќе им даде на Големите Сили материјал за работа. Лондонски Тајмс — Њу Јорк Тајмс Наменски Кабелграм. ЛОНДОН Сне. 25.—Виенскиот дописник од Тајмс вели дека Вечерниот Журнал (The Evening Journal) објавил интервју со Борис Сарафов, (Македонскиот водач) во кое ‘тој зовриен агитатор зборува надуено за претстојна неизбежна Сѐ-Македонска револуција‘…
1902.11.29_The New York Times – Atrocities in Macedonia
„… ЅВЕРСТВА ВО МАКЕДОНИЈА Селаните биле ужасно измачувани од Турците — Жртви од тепање по табани и осакатени за цел живот. Лондон, Сту. 29.— Беше добиена поштенска вест од Цариград под датумот на Студен 24 во која се вели: И покрај званичните негирања, Портата применува варварски методи во совладувањето на македонските селани. Настапи зимата и заврши опасноста од револуционерните банди….
1902.10.09_The New York Times – The Macedonian revolt
„… МАКЕДОНСКА ПОБУНА. Се вели дека општо востание избило во дузина на области. Софија, Лст. 8.— Ова попладне пристигнал курир во Рило, село на македонската граница, носејќи телеграма адресирана до Македонскиот Комитет во Софија, и потпишана од Николов, еден од преводниците на револуционерите, кој неодамна избегал од затвор. Во телеграмата се вели дека општо востание избило во дузина од области…
1902.10.20_The New York Times – Sympathy with Macedonians
„… НАКЛОНЕТОСТ КОН МАКЕДОНЦИТЕ. Големи собири во Софија и Филипополис (Пловдив з. прев) под закрила на Револуционерниот Комитет. Софија, Лст. 19. – Собир на отворено беше денес свикан од Македонскиот Комитет на кој присуствуваа околу 10,000 луѓе. М. Михајловски, Претседател на подрачниот комитет, го опиша турското зловладеење во Македонија, кој беше гласно поздравен од собраните. Собирот донесе Одлука оправдувајќи го…
1895.09.23_Brooklyn Daily Eagle, pg4
„МАКЕДОНСКИ ДИНАМИТЕН ЗАГОВОР Цариград, Гроздобер 23 – Направени се големи припреми за обезбедување на палатата од Високата Порта, како заслуга на откритието од македонски заговор за зградата да се разнесе со динамит.“ Посочил: Пољакот од Македонија
1903_Michael Davitt – ’Within the Pale‘, London
1903 година Македонци во Кишињев разликувани од другите народи. „… Неколку Македонски доселеници бегалци и некои Бугари, беа исто така во бандите … Кишињев е главен град на Бесарабија, … има тековно население од 130,000 од мешани народносни заедници. Руси… Молдавци… Евреи…, со Бугари, Срби, Грци, Македонци и Германци … Неколку дена претходно банда од странци пристигна во Кишињев, составена…
1904.02.28_The New York Times – Macedonian plot in Italy
Македонски заговоренички план во Италија. Борис Сарафов македонскиот предводник при престој во Италија разговарал со Ричиоти Гарибалди (четврт син на Џузепе Гарибалди з. прев.) при тоа биле договорени за подигнување на општо востание на Балканот. За таа цел планирале создавање на италијански одред од доброволци кој ќе се вклучи во македонското движење. Ричиоти Гарибалди ја одбил понудата да го води…
1895.06.26_The New York Times – Macedonian claims against Turkey
„Македонски Оптужби Против Турција Берлин, Жетвар 25.- Весникот The Cologne Gazette повикува големите сили од тројниот протест против Турската Управа во Ерменија да се настојува истите промени кои се бараат за Ерменија да бидат применети и во Македонија.“ BERLIN; June 25.—The Cologne Gazette urges the powers in the triple protest against the Turkish Administration in Ar- menia to insist that…
1881.09.18_The New York Times – Macedonian brigands
МАКЕДОНСКИ ЧЕТНИЦИ Постоеле два типа македонски четници. Едни прави четници кои се држеле до збор и други кои се занимавале со разбојништво и Грците ги нарекувале ‘овчокрадци’. Macedonian Brigands.—There are two distinct classes of these men who earn their livelihood by pillage, robbery, and, if necessa- ry, murder, viz.: the brigand proper, who very often, notwithstanding his bad reputa- tion,…
1912.11.23_The Sydney Morning Herald – A.H.S. Lucas – ‘The Walllace of Albania’
Ако Ѓорѓија Кастриот – Скендербег имал словенски родители и потекнувал од Македонија како може да биде Албанец!? „… Скендербег и неговите смели скиптари ја спасија Италија од потпаѓање под османлиската власт и лошо владеење. Кој беше тој? А, и кои беа тие Албанци кои тој ги водеше во долгата борба? Иако син на местен албански господар, се чини дека и…
1905.03.03_The Hebrew Standard
Цитат: „Најчудното знаме под кое човек било кога се борел е тоа на македонските востаници. Црвено е од една и црно од другата.“ Ако некој ви вели дека за Илинденското востание се користело бугарското знаме. Можно е затоа што имало врховистички, па и доброволечки чети од Бугарија. Подразбирливо дека некои од нив го носеле со себе и можно е да…
1903.09.06_La Domenica del Corriere, Milano
Мачење на македонски востаници. Посочил: Менталист
1903.05.26_The Evening News, Edinburgh
„… Прославениот МАКЕДОНСКИ револуционерен предводник именуван Делчев е пријавен дека бил убиен во борбите против Турците. …“ Посочил: ДООМ
1934.04.28_Australian Women’s Weekly Magazine
„… Hull House is situated in a poor quarter of Chicago, in a neighborhood teeming with people of many nationalities, including Greeks, Italians, Bulgarians, Lithuanians, Macedonians and Mexicans. …“ Посочил: Саша Узунов Извор: TROVE
1903.08.26_West Coast Times – The Balkans insurrection
„… Затоа е сосема разбирливо дека верскиот фанатизам и нетолеранција, во спој со народни и политички предрасуди, може да предизвика Турците, Македонците, Грците, Бугарите, Албанците и другите народи кои го сочинуваат населението на Балканот, да се свртат и да се раскинат едни со други, доколку нивната страст и предрасуди не се држат под контрола, од страна на Влада, доволно мудра…