По Младотурската револуција, 1908 година: прогласување на новиот Турски устав и чествување во Карнегиевата сала.
Покрај претставници на младотурците и Ерменската револуционерна федерација, присутни биле турски поданици од повеќе народи: Турци, Ерменци, Македонци, Сиријци, Бугари, Албанци и малку Грци.
Прочитано било и писмо од американскиот претседател Теодор Рузвелт во коешто тој изразил поддршка за каузата на слободата.