Дознака: древно-македонци

Податоци кои укажуваат на македонски историски личности, кои себе си се сметале за потомци на Древните Македонци.

Posted in А17.1 ДМК Слика посока А8.1 Слика и посока

1947.05_George G. Sadowski – Congressional record, USA Congress

Во архивите на Конгресот на САД, се наоѓа записот од обраќањето на американскиот конгресмен од полско потекло, Џорџ Садовски, демократ од Мичиген, кој во косар, 1947 година, од конгресната говорница го поставува прашањето: „Дали Македонците се Грци?“ Прашањето е повеќе реторичко, зашто веднаш самиот одговара: „Македонците не се Грци!“ Конгресменот Џорџ Садовски тоа го кажува на расправа во американскиот конгрес…

Posted in _Избор А1.1 Слика и посока А17.1 ДМК Слика посока

1878.11.24_ Освобождения Болгарии от Турецкога ига, ф430, д90, лл. 188-189 – Малешевските главатари до Конзулот во Солун, писмо

„… Гласот за пристигнувањето во Џумаја на вашето Превасходство даде добри надежи и на нас македонците, жители во околијата Малешево кои постојано и најлошо страдаат до ден денешен. … Нашата македонска крв, со која сме решени поради неволја да крвариме уште од пред две илјади години, немилостиво осудена и презрена Македонија, при сегашните европски господарски народи сака да даде крај…

Posted in А17.2 ДМК Само слика А4.2 Само слика

1878 — 1940_Димитрија Чуповски, монета Александар Македонски

Димитрија Чуповски на крајот на синџирчето од својот џебен часовник, имал приврзано древна монета со ликот на Александар Македонски – дополнителен показател за неговата древномакедонска наклонетост.   Посочил: Види Види

Posted in _Избор А17.1 ДМК Слика посока А9.1 Слика и посока

1978.08.25_The Greenville News – ’Hua praises Macedonian ‘traditions’‘, South Carolina, US

„Македонската нација има древна историја и славни револуционерни традиции“ Хуа Гуофенг – наследник на Мао Цетунг, водач на Кинеската Комунистичка Партија и Премиер на Народна Република Кина. Изнесеново досега беше познато само како гласина. Дека некогаш висок кинески политичар на средба со македонските политичари, им споменал за древното македонско потекло. Некој од македонските комунисти му возвратил дека – ние сме…

Posted in А17.1 ДМК Слика посока

1928_Георги Трайчев – ’Духовните качества на македонските българи‘, София

Бугарофилот Георги Трајчев, како и многу други застранети, на извесни места во своите дела, неизбежно се самонегираат. Така во неговата книга тврди дека денешните Македонци зачувале дел од силните квалитети на старите Македонци. „Македонецот поседува дел од квалитетите на древниот македонски народ, на кои водачи им биле Филип Македонски и неговиот син Александар Велики. Зачуван е старомакедонскиот антрополошки тип во…

1920_Василије Марковић - 'Православно монаштво и манастири у средњевековној Србији', стр9, Сремски Карловци-01
Posted in _Избор А17.1 ДМК Слика посока А9.1 Слика и посока

1920_Василије Марковић – ‘Православно монаштво и манастири у средњевековној Србији’, стр9, Сремски Карловци

„Самоилово македонско царство“, со седиште во Преспа, а нејзиниот владетел, Цар Самоил, се нарекувал наследник на Александар Македонски. „… Самуил сам себе се нарекувал „наследник на Александар Велики и Пир … Но спрема други показатели, Самоиловото владеење, коешто претставува вистинско херојско доба на Македонија, не било неповолно за развивање на монаштвото. Сѐ до денес, зачувани се остатоците на една силна…

1885_Григор Прличев - беседа, Солун
Posted in А17.2 ДМК Само слика А2.2 Само слика

1885_Григор Прличев – беседа, Солун

„… Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив… Ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера…

1878_Востанички документ од Кресненското востание - Никола Малешевски
Posted in А14 Родољубни изјави А17.3 ДМК Само посока

1878 — 1879_Кресненско Востание – востанички Устав

Со нашата крв што ја пролеваме низ полињата и горите македонски, ние служиме како македонска војска на Александар Македонски за слободата со нашата девиза: Слобода или смрт!

Крсто Ресенски
Posted in А14 Родољубни изјави А17.3 ДМК Само посока

Крсто Трајков Ресенски

Дека сме Македонци и ништо друго, бидејќи и онака јас одамна тврдам дека со Бугарите сме само пара-браќа, како што сме и со останатите славјански народи, имено – Македонецот е по крв Славјанин помешан co Старо-Македонци, Бугаринот е мешавина од Славјаните и Аспаруховите Волгари.

1892.02 – 03_Весник ’Свобода‘, Д. Т. Левов
Posted in _Избор А17.1 ДМК Слика посока А5.1 Слика и посока

1892.02 – 03_Весник ’Свобода‘, Д. Т. Левов

Весник „Свобода“, сечко, 1892 „… од сѐ се гледа дека работата не стои така: луѓето тука имаат други цели – да создадат нов книжевен македонски јазик. А дека тие не можеле да ја напишат ‘Лоза’ на тој јазик – тоа е зашто не го знаеле добро татковото наречје. Последично, прашањето се сведува кон стремежот да се воведе книжевен сепаратизам, којшто…

1899_Марко Цепенков
Posted in А14 Родољубни изјави А17.3 ДМК Само посока

1899_Марко Цепенков

Помислете Вие, мили чеда за велика цара Александра што се слави и до ден денеска!   Посочил: Види Види

1935_Илустрација 'Илинден', Христо Шалдев - 'Духот на Македонија', Софија
Posted in А17.1 ДМК Слика посока

1935_Илустрација ‘Илинден’, Христо Шалдев – ‘Духот на Македонија’, Софија

Христо Шалдев кој двојно делувал и во македонските, но и во врховистичките редови, сепак како и многу други бугарофили, населението во Македонија го сметал за мешавина на Словените со древните Македонци.

1903 « 1957_Никола Киров Мајски - ’В строја за Македонија‘, Софија
Posted in А14 Родољубни изјави А17.3 ДМК Само посока

1903 « 1957_Никола Киров Мајски – ’В строја за Македонија‘, Софија

Бев испратил статија до “Автономна Македонија” за Александар Велики за да биде публикувана како подлисник; настојчиво молам за нејзино публикување. Од капитално значење е да ја сврземе нашата кауза со старата историја на Македонија. Никола Киров Мајски, Во строј за Македонија – Историски факти, белешки и документи, I, Софија, 1957, 110а – ракопис во АО на ИНИ, Сл. IV, 192/I…

1938.11.04_Ганчо Ценов, д-р - 'Народностьта на старитѣ Македонци', София
Posted in А17.1 ДМК Слика посока А5.1 Слика и посока

1938.11.04_Ганчо Ценов, д-р – ‘Народностьта на старитѣ Македонци’, София

„… Како што денешите Грци се потомци на древните Грци, така и денешите Македонци се потомци на древните Македонци. Зошто да правиме тука разлика? …“ Посочил: Poljakot od Makedonija

1953_Елефтериос Ставридис - 'Зад кулисите на КПГ', с214, Атина-01
Posted in _Избор А17.1 ДМК Слика посока А6.1 Слика и посока А15 Странски изјави

1953_Елефтериос Ставридис – ‘Зад кулисите на КПГ’, с214, Атина

„… Сандански, по потекло од Пиринска Македонија, им припаѓаше на таканаречените словеногласни Македонци. Тој тврдеше дека како што се ослободија од турскиот јарем грчката нација, српската и бугарската, дојде часот да се ослободи и македонската нација. За да Македонија стане цела и сосем независна држава, Сандански проповедаше дека сите жители, без исклучок, не се ниту Бугари, ниту Грци ниту Куцовласи,…