Tag: страдања
1903.08.23_The New York Times – Fighting at 15 places in Macedonia
Новинарската вест известува за разгорување на востанието (Илинденско н.з.) на многу места. Известува за борби на петнаесет места во Македонија. Турците изгубиле 300 луѓе при дејствата во Одринско, додека востаниците изгубиле четиринаесетмина. Биле користени бомби во Сребрење (Sreborene) кое било уништено. Таму се воделе тешки борби со големи загуби за Турците. Жените зеле активно учество со организирање на групи за…
1903.09.13_The New York Times – The Macedonian massacres
Краток опис на содржината: МАКЕДОНСКИ КОЛЕЖИ Од писмата до уредникот на Њу Јорк Тајмс Во писмото се повикува на совесност во однос на злосторствата кои се случувале во Македонија после Илинденското Востание. Така пишува „секој чесен Американец мора да е стаписан од сториите од неискажлив ужас кои дневно ни пристигнуваат од Македонија и исто така вџашен од недејственото стоење…
1903.09.16_The New York Times – The Macedonian massacres
Краток опис на содржината: МАКЕДОНСКИТЕ КОЛЕЖИ. Писмо испратено до уредникот на Њу Јорк Тајмс. Творецот на писмото прави споредба со злосторствата извршени од царска Русија во Кишињев на кои дипломатски се реагирало и ги споредува со злосторствата на ‘крволочните, брутални, немилосрдни’ Турци во Македонија. Мизериите на илјадниците христијани кои се секојдневно касапени. Се прашува – какви се тоа сцени…
1903.09.20_The New York Times – England and Macedonia
Доказната вредност на оваа новинарска вест е во тоа што се зборува за независност на Македонија како најправилно решение и при тоа воопшто не се споменува припојување кон некоја соседна држава. Краток опис на содржината: Од писмата испратени до уредникот. АНГЛИЈА И МАКЕДОНИЈА До уредникот на Њу Јорк Тајмс Уредникот изјавува дека со внимание го прочитал писмото од W.H.W поврзано…
1903.10.17_The New York Times – Exodus of Macedonians
Краток опис на содржината: ЕГЗОДУС НА МАКЕДОНЦИТЕ Од Турција тогашно Османлиско Царство кон Бугарија пребегнале 22,000 бегалци и од Одринскиот вилает уште 19,000. Повеќето од нив биле стари луѓе, жени и деца. Сите биле во состојба на целосна беда. Сето како последица на разни одмазднички злосторства кои турската војска ги вршела врз населението. Жените биле двоени од децата, потоа убивани….
1903.11.04_The New York Times – Macedonians still suffer
МАКЕДОНЦИТЕ СЀ УШТЕ СТРАДААТ Владењето на теророт во Разлог продолжува – Христијаните се измачувани ако не предадат оружје или пари. Небранетото население било изложено на освета од властите и баши-бозукот како увод во земањето на огромен данок. Секој селанец ако не бил во можност да предаде пушка или да плати откуп бил подложен на измачување некогаш на најварварски начин. Многумина…
1904.11.18_The New York Times – Macedonians may starve
Ако Македонците од Одринско источно од Солун близу беломорското крајбрежје биле со грчко потекло зошто во наведеното кризно време за да се спасат не пребегнале во слободна Грција, туку отишле да се заштитат во слободна Бугарија, како што Турците од истиот крај поради кризата се преселиле во другите краеви на Турција. При тоа не се споменува дека во наведениот крај…
1903.10.07_R.Y.A. Society – ’Resolution‘, Oxford Road – Riding
„… Мој Лорду, На големиот собир одржан во R.Y.A Society, Oxford Road во Ридинг во неделата попладне едногласно беше одлучено да побараме од Вашето лордство од името на Владата да им се стави крај на страшните злосторства што се вршат во Македонија. Додека ја изразуваме нашата голема наклонетост спрема Македонците во нивните страшни маки, ние жалиме што како нација не…
1902.11.29_The New York Times – Atrocities in Macedonia
„… ЅВЕРСТВА ВО МАКЕДОНИЈА Селаните биле ужасно измачувани од Турците — Жртви од тепање по табани и осакатени за цел живот. Лондон, Сту. 29.— Беше добиена поштенска вест од Цариград под датумот на Студен 24 во која се вели: И покрај званичните негирања, Портата применува варварски методи во совладувањето на македонските селани. Настапи зимата и заврши опасноста од револуционерните банди….
1953.01_CIA document – Greeks express interest in transferring Slavic minority to Yugoslavia
Грција побарала помош од САД за пренесување на 50 000 Македонци од северна Грција во Југославија. Грција за ова избегнува непосреден разговор со Тито затоа што тој тоа ќе го искористи како доказ за барање малцински права поради постоење на Македонци во Грција. Овој чин на пренесување Македонци од Грција во Југославија, на Грција значително ќе ѝ помогнел да го…
1903.09.06_La Domenica del Corriere, Milano
Мачење на македонски востаници во завршните стадиуми од Илинденското Востание. Посочил: Менталист
1905.12.05_Bush Advocate – Turkey and the powers, vXVII, i281, pg5
„… Бугарија ја обвинува Турција за соучество во грчкиот колеж на Бугари и Македонци …“ Посочила: Охридска Самовила
1919.05.26_The New York Times, E. Percy Noel
„… Овие села беа населени со луѓе од грчко, турско, ерменско, бугарско и српско потекло како и од домородни Македонци. …“ Освен правите Бугари другите народности живееле во страв од бугарскиот војник. Потоа „… Беше трогнувачки да се види нивната ужасна измена во самодовербата како што научуваа дека славјанските Срби беа така светли споредено со темнината на Монголските Бугари. …“…
1928.05.02_Heraldo de Madrid – Los Tribunales militares serbios condenan a doce patriotas macedonios
Битола, „… Српскиот суд осуди 12 македонски патриоти на казни од пет до дванаесет години. Обвинетите немаат причинето никаков конкретен криминал; само се истакнувале како добри патриоти што копнеат по слободата на својата земја. …“ МАДРИДСКИ ГЛАВНИК Година XXXVIII.—Бр. 13.185 Уредник и реклама, Маркес де Кубас, 7 Среда, 2 косар 1928 година Оригиналите не треба да се вратат ВЕЧЕРНО ИЗДАНИЕ…
1903.09.03_The Jackson Herald newspaper, pg3, Missouri
„… ТУРСКИТЕ НЕРЕГУЛАРНИ ВОЈСКИ СЕ ОБВИНЕТИ ЗА СУРОВИ УНИШТУВАЊА Страшните баши-базуци на турската војска започнаа да дејствуваат во Македонското востание. Беше објавено дека под водство на албанските началници масакрирале стотици. Кажано е дека реката во Монастир [Битола] била полна со тела на жени и деца осакатени од баши-базуците. …“ „… The dreaded bashi-bazouks of Turkish army have begun operations…




