Tag: тројна целина

Posted in А25.3 Дела и Настани А8.3 Само посока А15 Вонмакедонски сведоштва

1944_British Military Mission – Bresonese; MacDonald

„… Македонското партизанско движење во својата основа пред сѐ е националистичко, а потоа комунистичко движење. Во нивната пропаганда, за цело време нагласувањето е ставено на македонската национална независност. Бидејќи тие немале независност од дванаесеттиот век, очигледната брзина во реализирањето на оваа цел ги има обединето сите нијанси на политичкото мислење во Македонија позади партизанското движење… Нивните водачи сериозно сметаат дека…

Posted in А16.1 ДМК Слика посока А9.1 Слика и посока

1939.01.30_LIFE Magazine – Vasilka M. Petroff

„… Господа: Ве замолувам прибележете го моето негодување против онеправдувачката употреба на изразот „родени убијци“ која им е нанесена на Македонците. Горд и интелегентен народ, Македонците храбро се борат против друштвените, политичките, и стопанските турски угнетувања во должина од пет векови. После Светската Војна, Македонија беше поделена помеѓу три балкански земји, секоја обидувајќи се да ја надмине другата во наметнување…

Posted in А9.1 Слика и посока

1949.05.12_The Anniston Star; p4; Alabama

Една одлична анализа за спорот околу македонското прашање помеѓу Тито и Коминтерната. Комунистичката интернационала – Коминтерна (Коминформ) извесно време застанала на позицијата за обединување на трите македонски делови како посебна држава. Оваа единица би им послужила како марионетска држава за преку неа прво: да се воспостави просторна поврзаност со Албанија (преку Бугарија) и второ: советско излегување на Егејско и Јадранско…

1944.08.02_АСНОМ I, предложени делегати за АВНОЈ III
Posted in _Избор А1.1 Слика и посока А25.3 Дела и Настани

1944.08.02_АСНОМ I – предложени делегати за АВНОЈ III

Документ кој докажува дека на заседанието на АСНОМ биле избрани македонски делегати од пиринскиот и беломорскиот дел од Македонија за да бидат делегати на третото заседание на АВНОЈ. Ова докажува дека на АСНОМ постоел пристап за единственост, како за територијата на цела Македонија, така и на борбата за ослободување на македонски народ од трите делови, во идната сојузна политичка единица…

1946.12.20_Department of External Affairs - 'Memorandum', Canberra
Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1946.12.20_Department of External Affairs – ‘Political intelligence memorandum report’; no.5, Commonwealth of Australia; Canberra

Австралиско-британски разузнавачки документ кој истакнува дека македонската Народно Ослободителна Борба во текот на Втора Светска војна истовремено имала за цел и за обединување на македонските делови. Во „Доверливиот документ“ од 20 снежник, 1946 година под број 3 се вели дека имало 6.000 наоружани герилци кои ги помагале над 35.000 жители од местното население во беломорска Македонија. На страна бр. 2,…

1921_Anton Leopold Hickmann - “Geographisch-Statistischer Universal-Atlas”, Wien
Posted in _Избор А11.1 Слика и посока

1921_Anton Leopold Hickmann – “Geographisch-Statistischer Universal-Atlas” ; Wien

Во универзалниот атлас на Антон Леополд Хикман покрај другите народи споменати се Македонци, македонски народ, македонски јазик и тоа кои живеат во Југославија, Грција и Бугарија.   Посочил: makedonien.mk

1974+_11 Октомвриска честитка од ДООМ до Македонците
Posted in А1.2 Само слика А26.2 Дисидентска борба за независност

1974+_ДООМ до Македонците – 11 Октомвриска честитка

„… Браќа и сестри македонски, немојте уште да ве лажат пропагаторите на Југославија, Бугарија и Грција! …“ — Честитка од македонското национално Движење за ослободување и обединување на Македонија до сите Македонци и Македонки, за празникот 11 Октомври —

1962+_Ознака на организацијата ОКМ-ДОМ-ДООМ-МНФ од 1974
Posted in А4.2 Само слика А26.2 Дисидентска борба за независност

1962+_ОКМ-ДОМ-ДООМ-МНФ – Ознака на организацијата од 1974

ДООМ – Движење за ослободување и обединување на Македонија Движењето за ослободување и обединување на Македонија е македонска иселеничка организација основана во 1962 г. во Шведска. Составена е од македонски иселеници во Данска, Германија, Шведска, Австрија, Белгија, Франција, САД, Канада и Австралија. Тоа претставувало македонско родољубно и национално движење и е основано како Ослободителен комитет на Македонија (ОКМ). На вонредниот…

1974.08_ДООМ - 'Илинденски проглас'
Posted in А1.1 Слика и посока А26.2 Дисидентска борба за независност

1974.08_ДООМ – ‘Илинденски проглас’

Платформата на Движењето за Ослободување и Обединување на Македонија од 1974 г., содржела: 1. Поголема автономија на СР Македонија во склоп на СФР Југославија; 2. Признавање на националната посебност на Македонците во Пиринска и Беломорска Македонија; 3. Враќање на Македонците бегалци во Грција и 4. Автономија на Пиринска и Беломорска Македонија, како етапа кон обединувањето на целокупната етногеографска Македонија.

1912.11.01_The Washington Times, p01
Posted in _Избор А11.1 Слика и посока А9.1 Слика и посока

1912.11.01_The Washington Times; p01

Западните политичари за време на Балканските војни си правеле планови, како што за Грција и Бугарија поставиле свои владетели, истото да го направат и во Македонија. Кога ќе биде истерана турската власт, како монархистички владетел да го постават извесен дански принц Харолд. За нас е значајно што Македонија ја третирале како посебна земја која ќе има свој посебен владетел. Посебноста…