1100~_Скилица и Зонара – објаснувања за цар Самоил

1100~_Скилица и Зонара - објаснувања за цар Самоил

Зошто бугарската историска наука пропушта да ги “прочита” пропратните објаснувања таму каде што цар Самоил се наведува како бугарски цар.

На крајот од летописот од Скилица, летописецот кога зборува за Бугари мисли на 7 народи кои тогаш живееле во Бугарија: Срв, Бугари, Илири, Мизи, Славјани, Скити и Хуни.

Иако бугарската историја сите нив ги наведува како Бугари по народносна припадност, јасно е дека тоа е невозможно и дека се работи за “Бугари” поради државно-феудална припадност.

Исто така во речникот кај Зонара се наведува дека кога се зборува за цар Самоил се зборува за настаните поврзани со Склавинија. А познато е дека во рамките на Бугарија само Македонските Славјани (Склави) создале Склавинија. Која впрочем и не била во целост под Бугарија туку поделена со Ромеја. Така што и во тој случај бугарството на цар Самоил е поради државна припадност. Тоа е време кога народносната припадност била измешана со феудалната припадност.

Посочил: Пољакот од Македонија