Category: А01 Македонска документација
Строго документациски материјали како акти, документи, списи на Македонци и македонски организации.
1913-1914_Димитрија Чуповски – ‘Македонците пострадале за право на слобода’
Македонците го извојуваа правото на слобода со своите страдања. Под турското владеење Македонците уживаа црковна автономија (со богослужба на словенски јазик), а сега под новото владеење веќе го загубија ова свето и неотуѓиво право на секој народ да го слуша и чита Божјиот збор на разбирлив јазик. Покрај црковната автономија, Македонците имаа и свои училишта, кои за жал ги поддржуваа…
1913.06.07_Македонски Глас – ‘Меморандум на Македонците’; бр.1
„МЕМОРАНДУМ НА МАКЕДОНЦИТЕ До владите и до општественото мнение на сојузните балкански држави Македонците постојано, во текот на вековите востануваа и се бореа за независност и слобода, и со својата упорна борба го помогнаа ослободувањето на Србија, Грција и Бугарија. Кога, по големата ослободителна војна во 1878 година, Македонија одново остана во дотогашната своја неволја, таа со уште поголем самопрегор…
1913_Атанас (Наце) Димов Чуповски – три меморандуми; Санкт Петерсбург
„ПОЛИТИЧКИ ПРЕГЛЕД НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“; „ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВУВАЊЕТО НА ЧЕТНИЧКОТО ДВИЖЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА“; „ИСТОРИСКИ ОСВРТ НА МАКЕДОНИЈА“. За Наце Димов, денешните Македонци се пославјанчени древни Македонци… __________ Наце Димов познат и како Атанас Чуповски или Атанас Димов Чуповски е роде во селото Папрадиште, Велешко, 1876 – Санкт Петерсбург, 1916. Бил македонски национален деец, брат на Димитрија Чуповски и близок…
1941+ « 1990+_Книга за Методија Андонов Ченто
„… Не сум Бугарин, ами Македонец. Не се борев за голема Бугарија, туку за обединета Македонија и за националните права на Македонците …“ Како и што е вообичаено скоро во секоја револуција, набрзо после НОБ и Втора Светска Војна врвот на социјалистичката власт во Македонија ја превзеле жедните за власт, оние кои глумеле комунисти, а ги истиснале правите борци за…
1920+_Димитар Поп Евтимов (за македонскиот пропаганден раздор)
Димитар Поп Евтимов: — „… Ден не поминувеше без да падне главата на некој „врл бугарин“ или „грк“, а всушност – главата на некој Mакедонец, зошто и „гркот“ и „бугаринот“ беа битолчани и чистокрвни Mакедонци, но едниот екзархист, другиот патриаршист. …“
1897_Гоце Делчев (под псевдонимот Ахил) – писмо
“… Тукашните Македонци кои со својот решителен патриотизам …”
1500+_Охридската Архиепископија како македонска Црква
После падот на Самоил, повеќето архиепископи на Охридската Архиепископија биле од несловенско потекло. Сепак народот ја чувствувал како своја македонска Црква, така што често пати поглаварите на Архиепископија Охридска на Јустинијана Прима и на цела Вулгарија во насловите ја ставале и Македонија. Тоа се потврдува и од запишаното во овој исечок во кој како „македонски предели“ се внесени Скопје, Штип,…
1887.07.02_Барање за отворање македонско народно училиште; Прилеп
Документ во кој прилепчани бараат македонско училиште, издаден на 2 златец, 1887 година. Гласи вака: „… Изјава Ние, долу потпишаните од Прилеп, како поданици на неговото Императорство и Величество Султан Абдул Хамид II сакаме да имаме Македонско народно училиште и како ние не сме родум Бугари, затоа не ја познаваме Бугарската Црковна Општина и нивните училишта, а за религиозна заштита…
1933.02.12_Големиот Македонски Собор – Проглас; Горна Џумаја
„… Оспособувањето на Македонија, која денес е распослана меѓу трите држави: Југославија, Грција и Бугарија во една самостојна политичка единица во нејзините природни географски граници …“ „… раководителите на македонското движење … ќе ги најдуваат најсигурните патишта за остварување на нашиот идеал – Македонија на Македонците ползувајќи ги сите историски можности …“ „… Исто така, со жалење Соборот утврдува дека…
1977_Јован Павловски – ‘Судењето како последен пораз’ (судење на окупаторски началник)
„… Пред да дојдам во Македонија имав впечаток дека овде, навистина, постои бугарски елемент. Со години нам ни беше всадувана идејата дека Македонија и припаѓа на Бугарија, дека македонскиот народ е бугарски, и дека тука било бугарско царство …“ Асен Богданов, бугарски полициски начелник во Скопје, за време на бугарската окупација (1941-1944), одговарајќи на прашањата од тужителoт за методите нa…
1903.02.05_Македонско-Одринско дружество во Атина – ‘Повик кон Македонците кои живеат во Атина’
Повик за македонско национално обединување и борба за слобода.
1950+_Екатерина Михајловна Мисиркова – Молба (за пренос на моштите од сопругот)
Молба на Екатерина Михајловна Мисиркова за пренос на моштите од нејзиниот сопруг Крсте Петков Мисирков од Софија НР Бугарија во Скопје главниот град на СР Македонија. Но тоа не се остварува. Како замена за тоа, сѐ што имала од Крсте Мисирков го праќа во Скопје и денес се наоѓа во спомен куќата на Мисирков. Екатерина е закопана во софиските гробишта…
1914.08.06_Претставникот на Македонците на Општословенското Собрание – Говор
„… но несреќна Македонија, разделена со Букурешкиот договор на три дела. Македонија, таа втора Полска, исто така има законско право на манифест за нејзиното обединување и за востановување на царството на царот Самоил и на кралот Волкашин. Меѓутоа, иако Македонците и се борат за слободата на Србија и за словенското дело воопшто, како што се бореа тие и за општословенското…
1905.06.26_Крсте П. Мисирков до проф. Иван А. Бодуен де Куртоене – Писмо
Писмо на К. П. Мисирков 1905 год. во кое се обраќа кон својот професор замолувајќи да добие материјали за објава во идното месечно списание „Вардар“ кое ќе се занимава со македонското прашање. Содржина на писмото: Од 1 август ов. г. почнувам да издавам во Одеса месечно потцензурно списание „Вардар“, посветено на интересите на Македонија, коешто исто така ќе има и…





