Оддел: А9.1 Слика и посока

Докази за македонската самобитност потврдено со изворни слики од СТРАНСКИОТ НОВИНАРСКИ ПЕЧАТ.

1949.08.04_Круме Кепески - Граматика, литературен јазик, с3
Posted in А9.1 Слика и посока

1949.08.04_Круме Кепески – Граматика, литературен јазик, с3

  Посочил: Пољакот од Македонија

1949.05.12_The Anniston Star, p4, Alabama
Posted in А9.1 Слика и посока

1949.05.12_The Anniston Star, p4, Alabama

Една одлична анализа за спорот околу македонското прашање помеѓу Тито и Коминтерната. Комунистичката интернационала – Коминтерна (Коминформ) извесно време застанала на позицијата за обединување на трите македонски делови како посебна држава. Оваа единица би им послужила како марионетска држава за преку неа прво: да се воспостави просторна поврзаност со Албанија (преку Бугарија) и второ: советско излегување на Егејско и Јадранско…

1903.10.21_The New York Times - Plans of Macedonians
Posted in А9.1 Слика и посока

1903.10.21_The New York Times – Plans of Macedonians

  ПЛАНОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ. Странскиот дописник успеал да стапи во врска со македонски револуционерен водач. Преку него дознава за планот да се одржуваат борбени дејства и во текот на зимата, зависно од временските услови, додека напролет повторно би дигнале востание со цел да се покаже дека Турција не може да го среди македонското прашање. Турците вршеле разни злосторства, ги убивале…

1903.12.03_The New York Times - Macedonia's heroic struggle for freedom
Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1903.12.03_The New York Times – Macedonia’s heroic struggle for freedom

ХЕРОЈСКАТА БОРБА ЗА СЛОБОДА НА МАКЕДОНИЈА Една подолга весникарска статија која многу прецизно ја претставила состојбата со македонското ослободително движење. На почетокот укажува за сличностите на македонското ослободително движење за слобода со претходната успешна бугарска борба за ослободување од турското владеење. Дава опис на исклучително тешкиот востанички живот. Споменува учество и на жени востаници, посебно споменувајќи Екатерина Арнаудова која била…

1903.08.15_The New York Times - will aid Macedonians
Posted in А9.1 Слика и посока

1903.08.15_The New York Times – will aid Macedonians

Бугарскиот Премиер Петров на обвинувањата за бугарската вмешаност во Илинденското Востание возвраќа: „… Востанието, тој вели, било целосно национално Македонско движење организирано од Македонскиот Внатрешен Комитет …“. Потоа наведува дека не само што на бугарската граница не можат да ја поминат нигу поголеми ниту помали востанички чети, туку и во длабочина внатрешно постојат пунктови за проверка. Во еден дел се…

1904.02.17_The New York Times - Fear of Balkan war
Posted in А9.1 Слика и посока

1904.02.17_The New York Times – Fear of Balkan war

  Разни дипломатски превирања околу правата на угнетуваните Македонци во рамките на Османлиското Царство.   Посочила: DragonGirl

1905.12.05_Wanganui Herald, Volume XXXIX, Issue 11731, p7
Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1905.12.05_Wanganui Herald, Volume XXXIX, Issue 11731, p7

„… БУГАРИЈА И ТУРЦИЈА КОНСТАНТИНОПОЛ, Снежник 4. Бугарија ја обвинува Турција дека е во дослух (им прогледува н.з.) за грчките колежи врз Бугари и МАКЕДОНЦИ. …“   Посочила: DragonGirl

1905.03.22_Evening Post, Volume LXIX, Issue 68, p5
Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1905.03.22_Evening Post, Volume LXIX, Issue 68, p5

„… БЕЗРЕДИЈА НА БАЛКАНОТ. ТУРЦИТЕ И ГРЦИТЕ ЗДРУЖЕНИ. Во Софија превладува вознемиреност за тоа што Турците и Грците се здружени против Бугарите и Македонците. …“   Посочила: DragonGirl

1895.08.13_Evening Post, volume L, Issue 38, p2
Posted in А9.1 Слика и посока

1895.08.13_Evening Post, volume L, Issue 38, p2

„Македонците апелирале до г-дин Гледстоун да им помогне во нивната борба против турското угнетување.“   Посочила: DragonGirl

1911.09.23_Evening Post, Issue 73, p10
Posted in А9.1 Слика и посока

1911.09.23_Evening Post, Issue 73, p10

Во статијата се известува за злосторствата на Младотурците. Така во Албанија некој си Торгут Паша извршил варварски злосторства врз Бугари, МАКЕДОНЦИ, Грци и Срби. Претходно се наведува дека во Османлиското Царство не биле признати националностите, туку само вероисповедите и при тоа наведени се: Грци, Ерменци и Бугари.   Посочила: DragonGirl

1808.09.07_The Times, London
Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1808.09.07_The Times, London

Едно од најстарите весникарски известувања каде што се споменуваат Македонците и тоа како посебен народ. Исечекот известува за воените судири на Балканот. Покрај известувањата за текот на српското востание преводено од Црни Ѓорѓе, споменува судир меѓу Мухтар Паша кој се кренал против својот татко Али Паша – Паша на Албанија. Македонците застанале на страната на синот, додека Албанците на страна…

1916.05.04_The Lethbridge Herald, p33, Alberta
Posted in А9.1 Слика и посока

1916.05.04_The Lethbridge Herald, p33, Alberta

Веста известува дека во тоа време бугарската војска значително пораснала со присилно мобилизирање на „Турци, МАКЕДОНЦИ, Грци, Евреи и Романци и Срби“.   Посочила: DragonGirl

1945.08.24_Council Bluffs (Iowa) Nonpareil, p9
Posted in _Избор А17.1 ДМК Слика посока А9.1 Слика и посока

1945.08.24_Council Bluffs (Iowa) Nonpareil, p9

Македонија бара Автономија Весникот извонредно добро и подробно ја разбрал состојбата со македонското прашање. Зборува за Македонија како земја која не уживала национална сувереност уште од времето на Александар Велики. На едно од најпроблематичните точки во светот, македонските родољуби го оживуваат стариот плач за самостојна (автономна) Македонија. Зборува за поделеноста на Македонија помеѓу соседните земји. Повиците за самостојност се присутни…

1905.09.14_The San Francisco Call
Posted in А9.1 Слика и посока

1905.09.14_The San Francisco Call

Бил откриен заговор за убивање на српскиот крал Петар и бугарскиот принц Фердинанд со цел големите сили да бидат принудени да се вмешаат со надеж за објавување на Македонска автомонија. Во истата вест се додава дека обидот за атентат на турскиот Султан во двор од џамија во Константинопол било дело на истата организација.   Посочила: DragonGirl

1903.02.24_The San Francisco Call
Posted in А9.1 Слика и посока

1903.02.24_The San Francisco Call

„… Македонците и Бугарите се покажуваат решени да стават крај на тајната дипломатија и да иссилат отворено признавање на нивните барања. … Тој (Султанот н.з.) ги збриша Грците многу лесно и верува дека може да ги збрише Бугарите и Македонците со подеднаква леснотија …“   Посочила: DragonGirl