Category: А5.1 Слика и посока
Докази за македонската самобитност потврдено со оригинални слики од разни бугарски извори.
1857.07_Цариградски весник
„… Ние спознаваме дека тој (Партениј Зографски) што не’ советува во ’Ц. Весник’ да го воведеме членот о, нему ако му се гледа противен стариот член тъ, тогаш такво ќе му се види и личното местоименување азъ и помошниот глагол щѫ щешъ ще. Нему поправилно ќе му се види ЈА наместо азъ, ќе (како што пишува) наместо щемъ и др….
1932_Централен държавен архив – Пощенски марки посветени на Македония, София
Поштенска марка со доследна земјописна карта на Македонија. Била објавена во Бугарија во време кога бугарската државна политика е со помала надеж за непосредно приграбување на вардарска Македонија. Така што гради попомирлив однос кон самостојноста на македонската нација и територија, со цел за најпрво нејзино одвојување од кралство Југославија. Посочил: bg.wikipedia.org Извор: Държавна агенция „Архиви“
1947.11.22_Министерство на Народното Просвещение – Поправки в учебниците по история
После падот на фашизмот посрамената Бугарија започнува со политика која прави чекори за национални слободи на националностите кои во неа живеат. Политика која постепено ќе ја напушта во наредните 15тина години сѐ додека во целост не се врати на политиката на шовинистичките негирања. Посебно на постоењето на одделна македонска нација. Во прилог на македонски национални права во 1944 година основана…
2021.07.10_БНТВ – бугарска историчарка за окупацијата на Македонија
Здраворазумската историја не може да спори дека настрана од бугарската пропаганда, целокупната правна документација, зборува за бугарска ОКУПАЦИЈА, а не за ослободување на Македонија од страна на бугарската војска, во текот на Втора Светска војна. Посочил: think.mk
1911_Василъ Кѫнчовъ – ‘Орохидрография на Македония’, Пловдивъ
Оние кои писателот ги нарекува Бугари признава дека тие себе си се нарекувале Македонци. „… Месните Бугари и Куцовласти, кои живеат во пределите на Македонија се нарекуваат самите Македонци и околните народи ги нарекуваат така. Турците и Арнаутите не се кажуваат Македонци, но, запрашани од каде се, одговараат: од Македонија. Арнаутите од северниот и северозападниот крај на областа, кои ја…
2021.11.04_Бугарски Хелсиншки Комитет – Во Бугарија е опасно да се изјасниш дека си Македонец
Претседателот на бугарскиот Хелсиншки комитет, Красимир К’нев, вели во неговата земја е опасно човек да се изјасни дека е етнички Македонец. „Бугарија упорно одбива да ги спроведе одлуките на Судот во Стразбур и тоа е сериозен проблем. Бугарските судови не ги регистрираат македонските здруженија бидејќи не го признаваат македонскиот идентитет. Најсериозниот проблем за Македонците во Бугарија е нивното признавање“. Хелсиншкиот…
1944.04.01_Бугарска Служба на Државна Сигурност – (македонски дејства за независност), Серес
Во доверливо писмо од полицискиот команданат Ал. Ст. Ленчев до обласниот директор во градот Ксанти се предупредува за разни дејства со кои Македонците воделе борба за автономија/независност на Македонија. При тоа се напоменува дека Грците од таа област за да предизвикаат раздор меѓу Бугарите и Македонците кај Македонците поттикнувале стремеж за независност. Посочил: Види Види
1100~_Скилица и Зонара – објаснувања за цар Самоил
Зошто бугарската историска наука пропушта да ги “прочита” пропратните објаснувања таму каде што цар Самоил се наведува како бугарски цар. На крајот од летописот од Скилица, летописецот кога зборува за Бугари мисли на 7 народи кои тогаш живееле во Бугарија: Срв, Бугари, Илири, Мизи, Славјани, Скити и Хуни. Иако бугарската историја сите нив ги наведува како Бугари по народносна припадност,…
1892.02 – 03_Весник ’Свобода‘, Д. Т. Левов
Весник „Свобода“, сечко, 1892 „… од сѐ се гледа дека работата не стои така: луѓето тука имаат други цели – да создадат нов книжевен македонски јазик. А дека тие не можеле да ја напишат ‘Лоза’ на тој јазик – тоа е зашто не го знаеле добро татковото наречје. Последично, прашањето се сведува кон стремежот да се воведе книжевен сепаратизам, којшто…
0597 « 1965_БАН – ’Гръцки извори за българската история‘, София
Уште еден доказ дека Македонците не исчезнале во текот на Римското владеење. За време на аварско-славјанската опсада Македонците го бранат својот главен град. „… 9. Авари и Славјани неочекувано го опседнуваат Солун … собрани тогаш заедно во Солун не само сите Македонци, но и Тесалијци и Ахејци. …“ Посочил: Пољакот од Македонија
1904_Списание ‘Македонија’ (војвода Глигор Соколов)
Познатиот просрпски војвода Глигор Соколовиќ, величан од српската негаторска пропаганда, долго време бил член на врховистичката бугарска организација, која се залагала за припојување на Македонија кон Бугарија. Организација која на Глигор дури и му објавувала написи фалејќи го – како добар и храбар Бугар, кој се жртвува за засегањата на бугарскиот народ. На сликата од бугарското националистичко списание “Македонија” од…
1943.05.18_Значки ‘Независна Македонија’ – бугарска окупациска забрана
Одлуката за забрана на значките за Независна Македонија пуштани од Илинденската организација во десетлетијата пред војната. „До г.г. кметови и раководители на полициски станици. Многумина од членовите на Организацијата ’Илинден‘ носат значки со две лица, на едната страна е напишано ’Илинден‘, а на другата ’Независна Македонија – за неа ние се бориме, за неа ние умираме‘. Тие значки се стари,…
1903.02.01_Весник Право, год. II, бр. 40, с3
Не секогаш цензурата успева сѐ да отстрани. Така повремени пропуштени делови зборуваат за вистинските мотиви на македонските организации. Така во бугарскиот весник “Право” некој поединец Несторов ги изнел правите цели и мотиви за делувањето на ВМРО. Цели за кои бугарската власт не сакала да се изнесуваат во јавноста. Цитат: “Внатрешната Македонска Револуционерна Организација се разликува од македонските организации во Бугарија…
1901.07.01_весник ‘Женски Глас’, бр.20, Софија
„… Таа го прочита повикот од бугарските и македонските женски друштва и напишаниот збор на г-ѓа Сакзова. Во тој збор, се даваше кратко но јасно оцртување на Македонија и нејзиното население, се искажуваше желбата на вистинските воини за македонското дело – Македонија на Македонците. …“ Посочил: Пољакот од Македонија
1871 « 1986_БАН, прибирање агитатори за бугаризација
„… Ме прими лесно, многу лесно, затоа што во тоа време бугарските националисти-револуционери се стремеа да побудат и закрепнат меѓу Македонците чувство на заедништво со Бугарите и со радост го пресретнуваа секое Македонче способно да стане агитатор на бугарската национална идеја во Македонија. …“ Димитар Благоев за приемот во бугарското национално училиште на Петко Славејков во Цариград. Посочил: Пољакот од…




