Category: АV НАЦИОНАЛНА БОРБА
Податоци за националната борба за права и слободи на македонскиот народ.
1982.06-07._НМРО – ’Глас на Македонците‘, бр.27
Македонски иселеници во Австралија организирани во НМРО застануваат позади политичките идеи на Методија Андонов Ченто (независна и обединета Македонија).
1980_НМРО – весник ‘Глас на Македонците’, Н.Ј.Велс – Австралија
Народна Македонска Револуционерна Организација (НМРО) составена од Македонци во Австралија го повикува македонскиот народ во борба за ослободување од ропството и создавање слободна и обединета Македонија.
Атанас Шабанов – Тешовалијата (1860 – 1905)
Првично ајдутин кој ќе ги прифати идеите на Гоце Делчев и како еден од најверните соработници на Јане Сандански покрај со турските сили ќе води борби и со бугарските врховисти. Посочил: Портал Македонска Нација
Крсто Гермов Шакир (1868 – 1962)
Слики од погребувањето на војводата Крсто Гермов – Шакир војвода. Посочил: Poljakot od Makedonija
1949~_Партизанче Илија од с. Горно Каленик, Лерин
Најмладиот македонски борец единесетгодишниот Илија кој загинува после 3 дена учество во борбите во Беломорскиот дел од Македонија.
1922.12.07_The Daily Standard, Brisbane, Australia (Ethnic Macedonian uprising in Bulgaria)
Македонците во Бугарија сакале автономија, дури и кренале краткотраен бунт. „Барање автономија“. „Банда на македонски автономисти“ составена од неколку илјадници го освоиле Ќустендил. Подоцна градот бил повратен под власта на Софија. БАРАНА Е АВТОНОМИЈА. (РОЈТЕР) Лондон, среда. Во пораките од Софија се наведува дека група македонски автономисти, наводно броејќи неколку илјади, го зазеле градот Ќустендил и ја прекинале комуникацијата со главниот…
1946_Павел Делирадев – ‘Jане Сандански’, с13, Македонски научен институт, библиотека “Бележити Македонци”, Софиja
„… Добро ориентиран по задачите, средствата и организациската структура на ВМРО, тоj уште подобро се подотвува за неjзин апостол, и во текот на април 1901 година заминува со своjа чета со цел да агитира со боевите лозинги на организациjата и да ги збива неjзините редови во борба против турскиот апсолутузам и противдеjствиjа против завоjувачките посегања на големо-бугарскиот шовинизам за слободна,…
1985.02.20_Australian Security Intelligence Organization – Macedonian community
Документот на австралиското разузнавање зборува за писмо испратено од организацијата „Македонија само на Македонците“ кое стигнало до грчкиот конзулат во Австралија со претпоставка и до други претставништва со закани кон сите кои вршат насилство врз македонскиот народ.
1935.09.01-03_МПО, 14та Конвенција, Охајо, САД.mp4
Македонска Политичка Организација – секаде само Македонци, Македонија, „Македонија на Македонците!“.
1927_МПО, 6та Конвенција, Акрон – Охајо, САД
Шеста годишна конвенција на Македонската Политичка Организација. Со секогаш присутниот слоган „Македонија на Македонците!“
1878_Печат од Кресненското Македонско востание
Печатот на Македонското востание од 1878 година (познато и како Кресненско) дигнато во Кресна, пиринска Македонија. На печатотот се чита написот ‘МАКЕДОНСКО востание’, најдолу е годината ‘1878’, а во средина стои ‘Печат на началникот на штабот’.
1944.11.04_7ма Битолска бригада – Ослободување на Битола
Седма македонска ударна бригада (позната и како Битолска ударна бригада) била создадена на 22 житар 1944 година во селото Зборско, на планината Кожуф.










