Оддел: 01А САМОБИТНОСТ
Податоци кои ја потврдуваат македонската национална самобитност.
1855.02.15_Јордан Х. Џинот – во цариградски весник
Јopдан Хаџиконстантинов – Џинот на 15ти Сечко 1855 г. во Цариградски весник објавил напис за Скопска Црна Гора. Во написот говори и за фрескоживописот во црквата Свети Ѓорѓија Победоносецот, во село Бањани во подножјето на Скопска Црна Гора. Црквата е изградена во првата половина на 16. век и таму е насликан Александар Македонски и Лавот Македонски – симболот на Македонското…
1913_Македонски Глас – знаме на Петроградското Македонско друштво
Знамето на Македонската Колонија во Санкт Петерсбург: Намерно или потсвесно со примеси на древните македонски ознаки: 15-зрачно Сонце заградено со натпис „Единствена независна Македонија“ и коњ еднорог како наличност на Букефал – коњот на Александар Македонски.
1940.11_Леток на ПК КПМ, Скопје (Методија Шаторов Шарло)
„… Господата од Белград и Софија спорат за Македонија, а македонскиот народ ич не го прашуваат …“ „… Всушност, Македонците не се ни Срби ни Бугари, а се само Македонци …“ Препис на целата содржина на летокот. Извор на пренесената содржина на летокот: https://documents-mk.blogspot.com/
1000+_Карта со Македонија и Далмација, Ла Коруња, Шпанија
Земјописна карта од 11 век на која се обележани основните земјописни области во Европа. Сочувана во Ла Коруња, Шпанија. На картата Далмација се граничела со Македонија, исто како што запишал и Прибојевиќ во неговата забранувана книга од 14 век.
1025_Распоред на темите во Ромеија
Карта со темите (провинциите) во Ромеија (Византија) Македонија со Србија се тема Воулгарија. Денешна Бугарија (без Пиринска Македонија) е тема Паристрион, а вистинска Тракија е тема Македонија. Црна боја: обележана вистинската Вулгарија со сменето име Paristorion Зелена Боја обележува вистинската Македонија со сменето име Vulgaria Со црвена боја обележано вистинската Тракија со сменето име Macedonia За време Ромеја (Византија) топонимите…
1904.09.17_Револуционерен Лист – Сандански до ”Грците” во Мелник
„… Не бугарска Македонија сакаме ние, а Македонија на Македонците …“
1900+_Стефан Кемилев за Јане Сандански
Бугарскиот правник и општественик Стефан Кемилев го опишува Јане Сандански како македонски националист: „Јане ја разви тезата, дека е погубно за македонското население и за самата Бугарија, македонското прашање да се третира во смисла на национално обединување на Бугарите и дека луѓето на другото течение се предале на бугарската влада. Сите коишто агитираат – било тоа во Македонија или вон…
1908.07.17_Весник ‘Политика’ – писателот Нушиќ интервју со Сандански, Солун
Сандански: „… Иднината на малите народи е без никакви услови. И Бугарија и Србија досега се раководеа од своите најтесни интереси. Ним главна цел не им беше слободата на ОВОЈ НАРОД овде, туку нивните себични интереси – ПРОШИРУВАЊЕ НА НИВНИТЕ држави. По овие случувања ТИЕ ќе си останат каде што се, а НИЕ овде ќе создадеме СВОЈА татковина …“ …
1974+_11 Октомвриска честитка од ДООМ до Македонците
„… Браќа и сестри македонски, немојте уште да ве лажат пропагаторите на Југославија, Бугарија и Грција! …“ — Честитка од македонското национално Движење за ослободување и обединување на Македонија до сите Македонци и Македонки, за празникот 11 Октомври —
1962+_Ознака на организацијата ОКМ-ДОМ-ДООМ-МНФ од 1974
ДООМ – Движење за ослободување и обединување на Македонија Движењето за ослободување и обединување на Македонија е македонска иселеничка организација основана во 1962 г. во Шведска. Составена е од македонски иселеници во Данска, Германија, Шведска, Австрија, Белгија, Франција, САД, Канада и Австралија. Тоа претставувало македонско родољубно и национално движење и е основано како Ослободителен комитет на Македонија (ОКМ). На вонредниот…