Tag: страдања
1900.09.22_The London Times, p5 – The Macedonian Revolutionary Committee
Подолга новинарска статија посветена на Македонскиот Револуционерен Комитет после аферата со убиството на романски должносник за што комитетот бил обвинуван. За да дојде до помирување со вознемирената романска страна бугарскиот принц Фердинанд и неговите министри смениле некој министер за стопанство. Во меѓувреме охрабрен од неказнивоста Македонскиот Комитет станал прав ментор на Владата и давал малку внимание на предупредувањата од Австро-Унгарија…
2010.12.31_EC; European University Institute
Во извештај од Европскиот Универзитетски Институт доставен до Европската Комисија меѓу другите потиснувани малцинства во Грција се спомнува и македонското малцинство. „… Tolerance and Cultural Diversity Discourses in Greece Apart from the above officially recognised minority, there is a Slav-speaking population of northwestern Greece, widely known along Greece as Slav-Macedonians. These latter had mobilised politically in the 1990s, raising…
1903.06-12_The Charity Organization Society – ‘Charities’; vol. XI; New York
„… Страдањата и немаштијата што произлегуваат од востанието во Македонија се екстремни. Дваесет и пет илјади Македонци успеаја да ја поминат границата во Бугарија, неколкукратно тој број остануваат во Македонија, без покрив над главата, стадата и родот им се уништени, загинуваат од студ и глад. На сите им се познати условите кои владеат во таа несреќна земја последните две или…
1934.07.13_The New York Times – Reports big seizure of macedonian arms
„ИЗВЕШТАИ ЗА ГОЛЕМО ОДЗЕМАЊЕ НА МАКЕДОНСКО ВООРУЖУВАЊЕ“ За прв пат после воен преврат Премиерот Кимон Георгиев се појавил пред јавно собрание кое се одржало во филмско кино. [очигледно од безбедносни причини сѐ уште не смеел отворено да се појави во бугарското Собрание]. Главниот дел од неговиот говор пред слушателите се состоел во остри напади кон Македонските револуционерни организации, кои според…
1905.02.22_Grey River Argus – Torrid-Australia
Дописникот на весникот во разговор со претставник на друг весник, ја изнесува замислата голема маса од Македонци (споменува 100 000 семејства) да бидат преселени во северните области од Јужна Австралија. Како најпогодни за колонизација на таа област. Така Македонците угнетувани од Турците во таа област би можеле да стекнат пристоен живот. Дописникот изнесува голем број на пофалби за Македонците како народ:…
1844.03_Bayreuther Zeitung; p419 (+18)
„… Албанците ги врзуваат мажите на колци и ги сквернават нивните жени и ќерки пред нивни очи. Тие ги обесуваат мажите за нивните нозе и ги принудуваат сопствените сопруги да ги задушат со чадот од оган од слама запален под нив. Од нив подеднакво се обесчестуваат осумдесетгодишните и десетгодишните девојчиња. Ги копјаат момчињата и ги печеат како овци со потсмев:…
1903.07.04_The World’s News; p.21; Sidney
Во новинарската статија која известува за тешки злосторства и колежи (масакри) кои биле извршени врз Евреите во Кишињев, Молдавија, на едно место споредува дека такви има само во Македонија извршувани од албанскиот башибозук врз словенското население. Ова се случува еден месец пред Илинденското Востание. Посочил: Саша Узунов Извор: TROVE
1903.10.10_Richard Caton Woodville – ’La Bulgarie et l’insurrection Macédonienne‘
Цртеж на кој што се гледа негативниот однос на бугарската војска спрема македонските чети кои сакаат да влезат во Бугарија после разбивањето на Илинденското Востание. Настанот се одигрува најверојатно на реката Џума и на цртежот јасно се гледа како војниците на граница ја пресретнуваат четата. Неколку четници се повредени, другите биваат разоружани и заробени, а дел од четата под оган…
1903.08.25_The New York Times – Turks lay waste to Macedonian towns
ТУРЦИТЕ ГИ ПУСТОШАТ МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДОВИ Една поширока статија која известува за текот на востанието. Се известува за потврдени и непотврдени гласини за колежи, злосторства, убиства на затвореници. Посебно се истакнати злосторствата во Крушево, битолската и леринската област. Таму бил извршен општ колеж, скоро сите села биле разурнати. Делови од телата на убиените биле расфрлани низ Крушево и Битола. Во 21…
1903.08.23_The New York Times – Fighting at 15 places in Macedonia
Новинарската вест известува за разгорување на востанието (Илинденско н.з.) на многу места. Известува за борби на петнаесет места во Македонија. Турците изгубиле 300 луѓе при дејствата во Одринско, додека востаниците изгубиле четиринаесетмина. Биле користени бомби во Сребрење (Sreborene) кое било уништено. Таму се воделе тешки борби со големи загуби за Турците. Жените зеле активно учество со организирање на групи за…
1903.09.13_The New York Times – The Macedonian massacres
Краток опис на содржината: МАКЕДОНСКИ КОЛЕЖИ Од писмата до уредникот на Њу Јорк Тајмс Во писмото се повикува на совесност во однос на злосторствата кои се случувале во Македонија после Илинденското Востание. Така пишува „секој чесен Американец мора да е стаписан од сториите од неискажлив ужас кои дневно ни пристигнуваат од Македонија и исто така вџашен од недејственото стоење…
1903.09.16_The New York Times – The Macedonian massacres
Краток опис на содржината: МАКЕДОНСКИТЕ КОЛЕЖИ. Писмо испратено до уредникот на Њу Јорк Тајмс. Творецот на писмото прави споредба со злосторствата извршени од царска Русија во Кишињев на кои дипломатски се реагирало и ги споредува со злосторствата на ‘крволочните, брутални, немилосрдни’ Турци во Македонија. Мизериите на илјадниците христијани кои се секојдневно касапени. Се прашува – какви се тоа сцени…
1903.09.20_The New York Times – England and Macedonia
Доказната вредност на оваа новинарска вест е во тоа што се зборува за независност на Македонија како најправилно решение и при тоа воопшто не се споменува припојување кон некоја соседна држава. Краток опис на содржината: Од писмата испратени до уредникот. АНГЛИЈА И МАКЕДОНИЈА До уредникот на Њу Јорк Тајмс Уредникот изјавува дека со внимание го прочитал писмото од W.H.W поврзано…
1903.10.17_The New York Times – Exodus of Macedonians
Краток опис на содржината: ЕГЗОДУС НА МАКЕДОНЦИТЕ Од Турција тогашно Османлиско Царство кон Бугарија пребегнале 22,000 бегалци и од Одринскиот вилает уште 19,000. Повеќето од нив биле стари луѓе, жени и деца. Сите биле во состојба на целосна беда. Сето како последица на разни одмазднички злосторства кои турската војска ги вршела врз населението. Жените биле двоени од децата, потоа убивани….
1903.11.04_The New York Times – Macedonians still suffer
МАКЕДОНЦИТЕ СЀ УШТЕ СТРАДААТ Владењето на теророт во Разлог продолжува – Христијаните се измачувани ако не предадат оружје или пари. Небранетото население било изложено на освета од властите и баши-бозукот како увод во земањето на огромен данок. Секој селанец ако не бил во можност да предаде пушка или да плати откуп бил подложен на измачување некогаш на најварварски начин. Многумина…







