Дознака: тројна целина

Posted in А17.1 ДМК Слика посока А8.1 Слика и посока

1947.05_George G. Sadowski – Congressional record, USA Congress

Во архивите на Конгресот на САД, се наоѓа записот од обраќањето на американскиот конгресмен од полско потекло, Џорџ Садовски, демократ од Мичиген, кој во косар, 1947 година, од конгресната говорница го поставува прашањето: „Дали Македонците се Грци?“ Прашањето е повеќе реторичко, зашто веднаш самиот одговара: „Македонците не се Грци!“ Конгресменот Џорџ Садовски тоа го кажува на расправа во американскиот конгрес…

Posted in А8.3 Само посока А16 Странски изјави

1944_American Office of Strategic Services (OSS)

„… Македонија дефинитивно не припаѓа кон српската страна … Народносно, национално, општествено, психолошки и историски, Македонците се разликуваат од Србите. Тие јазички повеќе се разликуваат од Србите, отколку што се разликуваат Србите од Хрватите. Сепак, Македонците не се хомогена нација… Македонските Словени, најголемата народносна група, претставува одвај 30 отсто од целокупното население. Македонскиот национализам е многу неприроден. Тие се група…

Posted in А26.3 Дела и Настани А8.3 Само посока А16 Странски изјави

1944_British Military Mission, Bresonese – MacDonald

„… Македонското партизанско движење во својата основа пред сѐ е националистичко, а потоа комунистичко движење. Во нивната пропаганда, за цело време нагласувањето е ставено на македонската национална независност. Бидејќи тие немале независност од дванаесеттиот век, очигледната брзина во реализирањето на оваа цел ги има обединето сите нијанси на политичкото мислење во Македонија позади партизанското движење… Нивните водачи сериозно сметаат дека…

1944.08.02_АСНОМ I, предложени делегати за АВНОЈ III
Posted in _Избор А1.1 Слика и посока А26.3 Дела и Настани

1944.08.02_АСНОМ I, предложени делегати за АВНОЈ III

Документ кој докажува дека на заседанието на АСНОМ биле избрани македонски делегати од пиринскиот и беломорскиот дел од Македонија за да бидат делегати на третото заседание на АВНОЈ. Ова докажува дека на АСНОМ постоел пристап за единственост, како за територијата на цела Македонија, така и на борбата за ослободување на македонски народ од трите делови, во идната сојузна политичка единица…

1946.12.20_Department of External Affairs - 'Memorandum', Canberra
Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1946.12.20_Department of External Affairs – ‘Political intelligence memorandum report’, no.5, Commonwealth of Australia, Canberra

Австралиско-британски разузнавачки документ кој истакнува дека македонската Народно Ослободителна Борба во текот на Втора Светска војна истовремено имала за цел и за обединување на македонските делови. Во „Доверливиот документ“ од 20 снежник, 1946 година под број 3 се вели дека имало 6.000 наоружани герилци кои ги помагале над 35.000 жители од местното население во беломорска Македонија. На страна бр. 2,…

1921_Anton Leopold Hickmann - “Geographisch-Statistischer Universal-Atlas”, Wien
Posted in _Избор А10.1 Слика и посока

1921_Anton Leopold Hickmann – “Geographisch-Statistischer Universal-Atlas”, Wien

Во универзалниот атлас на Антон Леополд Хикман покрај другите народи споменати се Македонци, македонски народ, македонски јазик и тоа кои живеат во Југославија, Грција и Бугарија.   Посочил: makedonien.mk