Оддел: А01 Македонска документација
Докази за македонската самобитност од македонската документација.
1970_Милан Антонов – ‘Спомени’
Сведоштво на внукот на Гоце Делчев: „… Тој бил Македонец, а не Бугарин или Србин! …“ „… Гоце Делчев со сета своја револуционерна дејност и сфаќањата, има извонреден придонес во обликувањето и развојот на македонската национална свест. Не бугарска, не српска, туку словенско-македонска! …“, вели Милан Антонов во своите необјавени Спомени. Милан Антонов е син на Христина Делчева–Андонова, една од…
1902.08_Борис Дрангов, писмо-разгледница до својата невеста
„Мојата невеста, Ти одлично знаеш како стојат работите во нашата родна земја. Таму јуначка крв се силно лее. Никогаш по напорно време за Мајка Македонија не е било. Јас одлично се чувствувам тоа и како нејзин мил син, не можам да се мачи на маченичкиот повик. Јас заминувам, моја драга невеста! Во тој свечен миг, јас, без да се двоумам,…
1896_Гоце Делчев до Никола Зографов, писмо (за врховистите)
„… Голема надеж ми даваш за „Врховниот“ [ВМК], но да ти кажам ли, брате, тој комитет каков впечаток ми остави, како ми смрзнува крвта од нив, бидејќи јас не само што се сомневам дека ќе помогнат, туку и страхувам да не нанесат поголема штета на делото. Дека таму има луѓе, што мислат како нас (со мали но чувствителни разлики), лично…
1895.10.17_Гоце Делчев, писмо до Ефрем Каранов
„… Слободата на Македонија лежи во внатрешно востание. Кој мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите. …Ако востание може да се крене со 1-40 души, Македонија одамна ќе беше слободна државичка. Треба народ, но прво треба тој народ да се разбуди од петвековниот длабок сон, којшто го направил Македонецот доста дебел во свеста…
1913.06.07_Македонски Глас – ‘Меморандум на Македонците’, бр.1
„МЕМОРАНДУМ НА МАКЕДОНЦИТЕ До владите и до општественото мнение на сојузните балкански држави Македонците постојано, во текот на вековите востануваа и се бореа за независност и слобода, и со својата упорна борба го помогнаа ослободувањето на Србија, Грција и Бугарија. Кога, по големата ослободителна војна во 1878 година, Македонија одново остана во дотогашната своја неволја, таа со уште поголем самопрегор…
1913_Атанас (Наце) Димов Чуповски (три меморандуми), Санкт Петерсбург
„ПОЛИТИЧКИ ПРЕГЛЕД НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“; „ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВУВАЊЕТО НА ЧЕТНИЧКОТО ДВИЖЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА“; „ИСТОРИСКИ ОСВРТ НА МАКЕДОНИЈА“. За Наце Димов, денешните Македонци се пославјанчени древни Македонци… __________ Наце Димов познат и како Атанас Чуповски или Атанас Димов Чуповски е роде во селото Папрадиште, Велешко, 1876 – Санкт Петерсбург, 1916. Бил македонски национален деец, брат на Димитрија Чуповски и близок…
1941+ « 1990+_Книга за Методија Андонов Ченто
„… Не сум Бугарин, ами Македонец. Не се борев за голема Бугарија, туку за обединета Македонија и за националните права на Македонците …“ Како и што е вообичаено скоро во секоја револуција, набрзо после НОБ и Втора Светска Војна врвот на социјалистичката власт во Македонија ја превзеле жедните за власт, оние кои глумеле комунисти, а ги истиснале правите борци за…
1920+_Димитар Поп Евтимов (за македонскиот пропаганден раздор)
Димитар Поп Евтимов: — „… Ден не поминувеше без да падне главата на некој „врл бугарин“ или „грк“, а всушност – главата на некој Mакедонец, зошто и „гркот“ и „бугаринот“ беа битолчани и чистокрвни Mакедонци, но едниот екзархист, другиот патриаршист. …“
1897_Писмо од Гоце Делчев (под псевдонимот Ахил)
“… Тукашните Македонци кои со својот решителен патриотизам …”
1500+_Охридската Архиепископија како македонска Црква
После падот на Самоил, повеќето архиепископи на Охридската Архиепископија биле од несловенско потекло. Сепак народот ја чувствувал како своја македонска Црква, така што често пати поглаварите на Архиепископија Охридска на Јустинијана Прима и на цела Вулгарија во насловите ја ставале и Македонија. Тоа се потврдува и од запишаното во овој исечок во кој како „македонски предели“ се внесени Скопје, Штип,…
1887.07.02_Барање од прилепчани за отворање македонско народно училиште
Документ во кој прилепчани бараат македонско училиште, издаден на 2 јули, 1887 година. Гласи вака: Изјава Ние, долу потпишаните од Прилеп, како поданици на неговото Императорство и Величество Султан Абдул Хамид II сакаме да имаме Македонско народно училиште и како ние не сме родум Бугари, затоа не ја познаваме Бугарската Црковна Општина и нивните училишта, а за религиозна заштита го…
1933.02.12_Проглас на Големиот Македонски Собор, Горна Џумаја
„… Оспособувањето на Македонија, која денес е распослана меѓу трите држави: Југославија, Грција и Бугарија во една самостојна политичка единица во нејзините природни географски граници …“ „… раководителите на македонското движење … ќе ги најдуваат најсигурните патишта за остварување на нашиот идеал – Македонија на Македонците ползувајќи ги сите историски можности …“ „… Исто така, со жалење Соборот утврдува дека…
1977_Јован Павловски – ‘Судењето како последен пораз’ (судење на окупаторски началник)
„… Пред да дојдам во Македонија имав впечаток дека овде, навистина, постои бугарски елемент. Со години нам ни беше всадувана идејата дека Македонија и припаѓа на Бугарија, дека македонскиот народ е бугарски, и дека тука било бугарско царство …“ Асен Богданов, бугарски полициски начелник во Скопје, за време на бугарската окупација (1941-1944), одговарајќи на прашањата од тужителoт за методите нa…