Category: А08 Светска документација
Докази за македонската самобитност потврдено со изворни слики од разна светска документација.
1951.05.06_CIA Confidential – Bulgarian communists acting against Macedonian Guerrilla
Оваа вест ги потврдува раскажувањата на нашите Македонци во Пиринско, за тамошната македонска герилска борба, веднаш после Втора Светска војна, за спојување со Македонија во Југославија. „… ТЕМА: Политичка – Македонското прашање … Извештај за Бугарските комунисти кои дејствуваат против македонските герилски единици Според бегалците кои избегале од Бугарија, македонскиот проблем повторно се распламти во Бугарија. Македонците од Ќустендил, Петрич,…
1949.06.23_CIA confidential – Yugoslav Pact with Macedonian Independence Movement
Социјалистичкото раководство на Југославија, добро ги знаело крвавите немири помеѓу двете светски војни, поврзани со Македонија. За да не и се повторат истите, веднаш после Втора Светска војна, побрзале да направат договори, давајќи обилни отстапки во тоа време, само да се задоволи и смири македонското прашање. „… ЦИА ИНФОРМАЦИСКИ ИЗВЕШТАЈ Датум Дистр.: 23 ЖЕТВАР 1949 КЛАСИФИКАЦИЈА: КОНТРОЛА – САМО ЗА…
1690.05.31_Австриски цар и унгарски крал Леополд I, Проглас до народите на Балканот
„… Ние, Леополд I, На сите народи, кои зависат од нашето наследно Унгарско кралство и на сите други што ќе го читаат ова или слушнат за него, особено на албанскиот народ (им ја искажуваме) нашата царска и кралевска милост и (им пожелуваме) секое добро. Нека ви биде познато дека Турската војна [се однесува на Австро-турската војна, н.б], на која неправедно…
1939.12.06_U.S. immigration and naturalization service – George Tiloff
Уште еден американски документ за добивање на американски граѓанство од страна на стружанецот Ѓорѓија Тилов, каде иако запишал дека произлегол од [кралство] Југославија, по народна самоопределба, себе си се изјаснил како Македонец. Посочил: Димче
1950.08.22_Soviet-Sponsored Free Macedonia Committee
За време на Информбировската криза (1948-1953) помеѓу Титова Југославија и Сталиновиот социјалистичкиот блок, кај вториве се појавиле повеќе причини за создавање на независна држава Македонија. Самостојна македонска држава, би била разнишување на Титовата политика. Советскиот Сојуз преку социјалистичка Бугарија и самостојна социјалистичка Македонија, би се поврзал со социјалистичка Албанија. Со тоа социјалистичкиот блок би направил, стратешки вреден, средишен пресек на…
1917_US military draft documents
Како што може да се види од овие документи и покрај тоа што во тоа време не постои меѓународно признат македонски народ и држава Македонија, многу Македонци во американските регрутациски документи, народносно се завеле како Македонци по потекло од Македонија. Регистрациски картони за воен повик од 1917 г. во САД. Клучни преводи (по име): 1. Страти Анастасоф: Роден во Блата,…
1998_Greek Helsinki Monitor & MRG – ‘Greece Against Its Macedonian Minority The Rainbow Trial’, Athens (pdf)
Книга во која е внесена збирка на податоци и преземени дејства од страна на Грчкиот Хелсиншки Набљудувач (Greek Helsinki Monitor) и Друштвото за Малцински Права – Грција (Minority Rights Group – Greece), поради напади и прекршувања на човековите и граѓанските права на Македонците кои живеат во Грција. Посочил: Вождот
1982_ОOН, 4та Конференција за еднообразност на земјописните поими
На Четвртата Конференција на Обединетите Нации за еднообразност (стандардизација) на земјописните поими во 1982 година, употребата на изразот Македонска Кирилица поминал без приговор од соседите или од било кого. Посочил: Вождот
1963.09.26_Editorial Departments of Renmin Ribao and Hongqi – ‘Is Yugoslavija a socialist country’, Peking
Кинескиот печат на англиски јазик поставува прашање: дали југословенската политика водена од Ј.Б. Тито сѐ уште може да се смета за социјалистичка. Во набројувањата на постапките, каде што политиката на Тито отстапила од социјалистичкиот правец, како временски прв наведен е и примерот со изневерувањето на македонската револуционерна борба во беломорска Македонија: „… 1. Револуцијата во Македонија. Во Јули 10, 1949…
1947.05_George G. Sadowski – Congressional record, USA Congress
Во архивите на Конгресот на САД, се наоѓа записот од обраќањето на американскиот конгресмен од полско потекло, Џорџ Садовски, демократ од Мичиген, кој во косар, 1947 година, од конгресната говорница го поставува прашањето: „Дали Македонците се Грци?“ Прашањето е повеќе реторичко, зашто веднаш самиот одговара: „Македонците не се Грци!“ Конгресменот Џорџ Садовски тоа го кажува на расправа во американскиот конгрес…
1911_Димитри Ристов, попис, Канада
Димитри Ристов, роден 1858, (20 години постар од бугарската држава), во канадскиот попис од 1911 се изјаснил како припадник на македонскиот народ. Посочил: Саша Узунов
1944_American Office of Strategic Services (OSS)
„… Македонија дефинитивно не припаѓа кон српската страна … Народносно, национално, општествено, психолошки и историски, Македонците се разликуваат од Србите. Тие јазички повеќе се разликуваат од Србите, отколку што се разликуваат Србите од Хрватите. Сепак, Македонците не се хомогена нација… Македонските Словени, најголемата народносна група, претставува одвај 30 отсто од целокупното население. Македонскиот национализам е многу неприроден. Тие се група…
1944_British Military Mission, Bresonese – MacDonald
„… Македонското партизанско движење во својата основа пред сѐ е националистичко, а потоа комунистичко движење. Во нивната пропаганда, за цело време нагласувањето е ставено на македонската национална независност. Бидејќи тие немале независност од дванаесеттиот век, очигледната брзина во реализирањето на оваа цел ги има обединето сите нијанси на политичкото мислење во Македонија позади партизанското движење… Нивните водачи сериозно сметаат дека…
1917_The National Association of Corporation, 5th convention, Buffalo – New York
Македонците меѓу другите националности, при тоа одвоено од Бугарите. „… Националностите кои општо ги посетуваат следните училишта се: Ерменци, Македонци, Бугари, Унгарци, и Германци, машки и женски. …“ Посочил: Вождот
2010.12.31_EC, European University Institute
Во извештај од Европскиот Универзитетски Институт доставен до Европската Комисија меѓу другите потиснувани малцинства во Грција се спомнува и македонското малцинство. „… Tolerance and Cultural Diversity Discourses in Greece Apart from the above officially recognised minority, there is a Slav-speaking population of northwestern Greece, widely known along Greece as Slav-Macedonians. These latter had mobilised politically in the 1990s, raising…







