Оддел: _Избор
Избор на податоци кои најјасно ја потврдуваат македонската самобитност.
1903.08_Никола Киров Мајски – Крушевски манифест
Манифестот на Крушевската Република содржи „бајрако на Македонија“, „ македонски синој“„Ура За Афтономна Македонија!” напишано на крушевско наречје. Никаде нема Бугари, Бугарија.
1934.05.13_Георги Димитров (писмо до IV конгрес на МНС), Москва
Братски поздрав на делегатите на Четвртиот конгрес на Македонскиот народен сојуз Се чувствувам неразделно сврзан со судбината на македонскиот народ и како бугарски пролетерски револуционер, и како син на семејство кое потекнува од Разлог — долината на историското Илинденско востание. Бугарскиот пролетаријат животно е заинтересиран за национално ослободување на Македонија. Националното угнетување на македонскиот народ е извор на јакнењето на…
1909.08.28_The Washington Post, p2
Статијата зборува за заслугите на Сандански во рушењето на султанот Абудил Хамид и поставувањето на новиот султан Мехмед Решад. За лошите односи на Бугарите со Сандански, затоа што не зборувал за обединување со Бугарија, туку за Македонија на Македонците. Автономна Македонија попрво под Турците отколку под Бугарите. Но за заедничките засегања на Македонците и Бугарите против наметливоста на Грците, со…
1784-1786_Memoirs of the Baron de Tott – ‘Les Turcs et Les Tartares’, vIII, Dublin
Извадокот од книгата е подолг но дава претстава за некогашниот борбен менталитетот на Македонците. Она кое го знаевме од порано за чесноста, работливоста, занаетчиската способност, но и борбената решителност. Истото што ќе се докажи и во револуционерниот период меѓу 19 и 20 век. Ова ја поткрепува тезата: за денешниот менталитет на многу од зачаурените македончиња не е криво турското ропство…
1912 « 1961_Ivan Meštrović – ‘Uspomene na političke ljude i dogadjaje’ (Dimitar Rizov), Zagreb, s25-26,39
Во својата книга објавена во 1969 г. хрватскиот издавач Иван Мештровиќ пренесува разговор со Димитар Ризов во кој бугарскиот дипломат од македонско потекло Димитар Ризов му вели дека Македонците пред да станат Бугари или Срби – „не биле ниту Бугари, ниту Срби, туку – Македонци“ (македонски христијани), а отпосле станувале „Бугари“ или „Срби“ (тоа е 5 години пред издавањето на неговиот…
1903.05.24_Sunday Times – The Macedonian leader Boris Sarafoff
„… Македонец по раѓање… …најпрво учествувал во замислата за „Голема Бугарија… …но пред две години тој го смени мислењето и стана адвокат на нова автономна Балканска Држава, независна најмалку како и самата Бугарија… …. Македонскиот водач Борис Сарафов… e олицетворение на идеалот Македонија за Македонците… Тој се бореше за независна македонска држава… Откако бугарската влада го уапси Сарафов …“ …
1924_Политика – ‘Шта прича Димитрије Стефанов?’, Београд
Димитар Стефанов: Не сум Бугарин, туку Македонец! На самото запознавање, новинарот го прашува: – Ти си Бугарин од Софија? На тоа, Стефанов одговара: – Не! Јас сум Македонец од Штипско. Димитар Стефанов бил професионален ликвидатор на ВМРО. Најпознат како извршувач на атентатите врз Петар Чаулев (1924) и Александар Протуѓеров (1928). Во 1924, по убиството на Чаулев, во неколку прилики…
1903.10.24_The World’s News – Macedonia and its glorious military history
„Македонија и нејзината славна воена историја Во секоја војна за слобода која го одбележа развојот на еманципацијата во Југоисточна Европа, Македонците земаа учество. Македонците се бореа рамо до рамо со Грците за време на долгата и горчлива борба за грчката независност. Кога Србите се побунија, Македонците поитаа преку планините за да им помогнат; кога бугарскиот бунт избувна, Македонците веднаш застанаа…
1919.01.04_Августина Бевик – писмо (Словените во Солун себе се нарекуваат Македонци)
Британка во 1919: „Словените“ во Солун себеси се нарекуваат Македонци / A British woman in 1919: “Slavs” in Thesalonika call themselves Macedonians На 4 коложег, 1919 година, пред повеќе од 100 години, Августина Бевик – британска католичка милосрдна сестра што служела во болницата „Свети Павле“ во Солун, испратила писмо до Јан Малколм, еден од британските претставници на мировната конференција што…
1924.05.06_ВМРО, МФО и КОМИНТЕРНА – ‘Мајски Манифест’, Виена
Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест на Внатрешната македонска револуционерна организација со нова политичка програма за единство во дејствувањето на македонското ослободително движење. Бил составен по долги преговори на претставниците на ВМРО, Коминтерната и Македонската федеративна организација, потпишан во Виена на 6 косар 1924 година од членовите на Централниот комитет на ВМРО – Александар Протуѓеров, Петар Чаулев и Тодор…
1909_R. Higs – ‘Immigration Commision, Report, I, 367, 474, 439, 352’, p424
Македонци… Податоци извлечени од американската имиграциона комисија. На втората слика доселеници кои се изјасниле дека се Македонци, како земја на потекло навеле дека дошле од Турција, Бугарија и Грција, (вардарскиот дел од Македонија сѐ уште бил во склоп на Османлиското Царство). Така што за од Бугарија се дадени дека дошле: Бугари и Македонци, од Грција: Грци и Македонци, додека…
1933_Giorgio Nurigiani – ‘La Macedonia nel pensiero Italiano’, Roma
Истакнатиот италијански историчар, лингвист и писател Џорџо Нуриџани во својата книга „Македонија во Италијанската мисла“ (италијански: La Macedonia nel pensiero Italiano), издадена во Рим, Италија, 1933 година. Пишувајќи за периодот после двете Балкански војни, Нуриџани вели: „… Македонија е држава без држава, без влада; меѓутоа го има својот народ, своите закони, ја има својата култура и има сѐ што треба…
1894_Петер Ш. Берковски – ‘Из воспомнинијата ми’, Ломъ
„… Ќе ми даваш пари, ќе станам бугарин …“ Мнозина бугарски преродбеници запишале дека „бугарштината со пари се купува“. И тоа трае речиси 2 века. Посочил: Macedonia : a True Endless Story …, Види Види
1917.03_Македонски Револуционерен Комитет, Петроград
Македонскиот револуционерен комитет, претставува македонска национална асоцијација основана во март 1917 г., од македонски иселеници во Петроград, Русија. Создадена е на поттик на докажаните македонски родољуби Димитрија Чуповски, Гаврил Константиновиќ, Антон Пешкоски – Доне (од село Тресонче, Гостиварско, 1890–1942), Глигор Угриновски (родум од Кичевско) и др. Федералистичката концепција на Комитетот се залага за урнување на монархиите на Балканот и за…
1917_National Geographic Magazine
Значајно сведоштво дека во 19-от и почетокот на 20-от век, службената национална определба зависела и била поврзувана исклучиво со религиозната или црковната митрополитска припадност, а не со расното или етничко потекло. Турскиот метод на класифицирање на народностите СПОРЕД НИВНИТЕ ВЕРСКИ УБЕДУВАЊА не се совпаѓа со денешните определени мерила за РАСА или ЈАЗИК.