Category: 01А САМОБИТНОСТ
Податоци кои ја потврдуваат македонската национална самобитност.
1928_Васил Иванов – ‘Од Дојран, преку Вич до Солун со четата на Васил Чекаларов…’; Радуил, Самоковско
Ирска беше Ирска, кога Англија беше (врзано н.з.) куте. Тоа значи мало кученце, кое го носат за рака, за да не биде згазнато од минувачите на улицата. И навистина, во тоа време Грција и Србија за мене не беа ништо друго, а мали кученца, додека Македонија беше секогаш Македонија. Таа ги имала своите славни цареви, кои не им давале мир…
1994.09.10_The Hamilton Spectator – Jailed for preaching freedom; Hamilton, Ontario, Canada
Македонското прашање Православниот водач повикува на мирно решение Кога Неговото Блаженство, Архиепископот Михаил, духовен водач на светскиот 3-милионски Македонски православен црковен собор, љубезно прифати интервју за The Spectator, неговото пристигнување предизвика изненадување. Држењето на благиот 83-годишен свештеник, раскошен во своите долги црни одежди, бела капа и носејќи го тешкиот златен и накитен крст и иконите на својата служба, поттикна…
1940.10.07_The Journal Times; p4; Racine, Wisconsin, US
Корун Георгиев, од 2334 Хауланд авенија, секретар на расинскиот огранок на Македонско-американскиот народен сојуз, САД, изјави дека добил извештај од главниот штаб со кој се негира неодамнешниот раширен извештај дека на таен состанок на македонски водачи „некаде во Бугарија“ било решено да се обнови движењето за повторно приклучување на Македонија кон Бугарија, и дека екстремното крило барало македонска независност под…
1925.06.09_Jovan Nastovich – Race Macedonian; Gary, Indiana
Иако сѐ уште со српски завршеток на презимето, Јован Настовиќ од Мешеишта охридско, кога се нашол во можност слободно да се изјасни, во званичниот документ себеси не се произнесол како Србин, Бугарин, „Македонски Словен“ и слично, туку како Македонец. Во званичен американски државен документ (Declaration of Intention), иселеникот Јован Настовиќ јасно и недвосмислено се изјаснил како Македонец по раса (race:…
1930.09.19_Kosta Spaseff George – Macedonian; Detroit Michigen
Коста Спасев Ѓорѓи Раса – МАКЕДОНЕЦ Националност – МАКЕДОНЕЦ Роден сум во Буф, Македонија (денешен Акритас, Флорина) на 4 златец 1894 година Детроит, Мичиген, 19 гроздобер 1930 година Kosta Spaseff George Race – MACEDONIAN Nationality – MACEDONIAN I was born in Bouf, Macedonia (present day Akritas Florinas) on July 4, 1894 Detroit Michigen, 19th September, 1930 Посочил: World Heritage…
1925.10_Разговор со ВМРО раководител – Македонската организација по смртта на Т. Александров
МАКЕДОНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ПО СМРТТА НА Т. АЛЕКСАНДРОВ (Разговор со еден водач на Организацијата) Една местност во Македонија, почетокот на октомври. Недовербата, која е објаснета поради големите провокации, како и забраната од Бугарското правителство, кое на бегалците им дава најголемо можно гостопримство, но стремејќи се кон мирни договори и ненарушување на спокојството во сопствената земја, забранува секаква агитација и воена подготовка,…
Војдан Чернодрински (1875-1951)
• 1900 Извадок од предговорот на драмата „Македонска крвава свадба“ • „… „Што напишав јас? Ништо не напишав. Јас го препишав од сè уште ненапишаната крвава историја на МАКЕДОНИЈА она што читателот ќе го прочита, а гледачот ќе го види во театарот. Крвожедноста на нашите Турци-бегови, готовноста на МАКЕДОНКИТЕ да умрат, но верата да не си ја менуваат, а машкоста…
1903_Војдан Чернодрински – Македонска оперетка „Срешта“, насловна страна
„… СРЕШТА Едноактна сцена во стихови на простонароден македонски говор од борбите за полит. борби за ослободување од турското робство, посветена во помен на апостола на свободата, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ од неговиот соратник и идеен другар Војдан Чернодрински …“ Оперетката „Средба“ од 1903 година е прва македонска оперетка и е посветена на Гоце Делчев непосредно по повод неговото загинување. Војдан Чернодрински…
1944_Партизански леток до битолските граѓани
„… БИТОЛЧАНИ И БИТОЛЧАНКИ Изминаја три и пол години от дено, кога го поробија Македонскиот народ, трупите на подивелиот Хитлер и неговите слуги – Бугарските фашистки окупатори. Изминаја три и пол години на економско политичко ропство, на масови убиства, затвори, интервенции, концентрациони логори и најмрачна средновековна инквизиција на Македонскиот и на сите други поробени народи во Европа. Уште една држава…
1915.04.10_Благодарното Џумајско – Некролог за Јане Сандански
ШТО ПИШУВА ВО ЕДЕН НЕКРОЛОГ ЗА ЈАНЕ САНДАНСКИ: „… Вие, војници за слободата на македонскиот народ… Знаменитиот пирински херој, творецот на Пиринската тајна школа, водачот на бившиот Серски револуционерен округ во царството на султанот Ј А Н Е С А Н Д А Н С К И не е веќе меѓу живите. Куршумот на предавничката рака, рожба на крадливиот патриотизам,…
1924.05_ВМРО – Мајски Манифест
МАНИФЕСТ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Браќа Македонци! Македонија, во своите природни географски граници меѓу реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, р. Дрим, Охридското Езеро, планината Грамос, р. Бистрица и Егејското Море; со пространство од 65.000 квадратни километри, испресечено од реките Места, Струма, Вардар, Дрим, Бистрица и надарено со најразнообразни природни богатства и поволни климатски услови; со своите 2.302.000 разнообразно по…
Мирка Гинова
• 27.07.1946 пред судот во Ениџе-Вардар • Како можам јас да ја предадам Грција, кога јас никогаш не сум била Гркинка!? Јас сум МАКЕДОНКА, а вие сте само привремени окупатори на мојата дедовска земја. Вие не ми судите мене – му судите на правото на еден цел народ да биде слободен! Јас сум Македонка и се гордеам со тоа….
1919_Кралство на Србите Хрватите и Словенците; Виена
Внесувањето на беломорска Македонија во рамките на Кралството на Србите Хрватите и Словенците (подоцна Југославија), на земјовидната карта која потекнува од времето кога биле разгледувани и прекројувани европските граници, укажува на словенското мнозинство во беломорска Македонија. Бидејќи изведбата (проектот) на државата Југославија, бил со цел во една држава под српска монархија, да се опфатат сите јужни Словени, кои во тој…
1618_Szymona Starowolskiego – ‘Wielkiego Turka Listy’; Kraków
Извадокот од книгата на полскиот писател Шимон Староволски, во книгата ‘Писмата на Великиот Турчин’ (под Велик Турчин се подразбирало турскиот султан) испечатена во градот Краков ги наведува тогашните Македонци, како потомци на древните Македонци, но за разлика од некогашната слава, сега најсиромашни меѓу сите словенски народи. Што значи во 17 век Македонците не се исчезнати и сѐ уште покрај сите…
1905.10.01_Весник Дебъръ – Ромжно-Гръцки конфликтъ
Грчки напади врз Власи и нивните имоти, бидејќи после турска одобрение, Власите започнале во црковните служби да го користат својот јазик. И во овој случај, се потврдува вообичаената соработка на Турците со Грците, против балканските движења за народно-просветно ослободување. Хеленизацијата е најуништувачката појава за влашкиот народ. Поголемиот дел некогашни Власи, целосно се претопиле во грчката нација. Романско-Грчки конфликт. Романскиот дипломатски…





