Category: 01А САМОБИТНОСТ

Податоци кои ја потврдуваат македонската национална самобитност.

Posted in _Избор А10.1 Слика и посока

1473_Laudivio Zacchia da Vezzano – ‘Epistolae magni Turci’; Napoli

Панонците до Турчинот Ние бараме од вас воени планови и средства за опсада, како од непријател. Се смета дека имате доволно разумност во водењето на работите. Оние кои со цврстина и постојаност ќе ја заслужат победата, со слава ќе ја добијат. Турчинот до Македонците Вашите пратеници ми ги донесоа вашите пораки, со кои нè повикувате повеќе кон омраза отколку кон…

Posted in А8.1 Слика и посока А24.3 Национален отпор и борба

1934.09.14_US Department of State – division of near eastern affairs; 6

Иако Бугарија и Србија, за потребите на своите шовинистички политики, постојано ги напаѓале Македонците со меѓусебно исклучувачки тврдења – дека се „србизирани Бугари“ или „бугаризирани Срби“ – но сложно соработувале, кога станувало збор за потиснување на веродостојната македонска борба за слобода. ВО ОДНОС НА: МАКЕДОНЦИ. Изјава на г-дин Пуриќ дека Југославија е задоволна со бугарските напори во сузбивањето на македонските…

Posted in _Избор А3.1 Слика и посока

1937_СМПО – Quo Vadis, Bulgaria; Индианополисъ

Запис во една иселеничка книга, за дел од измачувањата вршени врз Македонци во Бугарија, за време на профашистичкиот предвоен режим. ГОРНО-ЏУМАЈСКА ОКОЛИЈА Иван Покровнишки — тепан по градите и држан три дена на нозе, без вода и храна. Тепањето му е нанесено од поручник Аврамов и полицискиот инспектор Добри В’лков. Кирил Паунов — бил тепан до несвест од поручник Тимчевски…

Posted in _Избор А1.1 Слика и посока

1934.08.01_MPO towards Hull, Secretary of State – letter

Македонската Политичка Организација се обратила до американскиот државен секретар Хул (Hull), за да го извести за прогоните кои бугарската Влада ги вршела врз Македонците кои живееле во Бугарија. Сѐ со цел да го поништи македонскиот стремеж за независност. За жал оваа непрекината бугарска шовинистичка политика кон Македонците, во голема мера успешно го извршила потиснувањето и претопувањето на Македонците во Бугари….

Posted in А16.1 ДМК Слика посока А3.1 Слика и посока

1928_Васил Иванов – ‘Од Дојран, преку Вич до Солун со четата на Васил Чекаларов…’; Радуил, Самоковско

Ирска беше Ирска, кога Англија беше (врзано н.з.) куте. Тоа значи мало кученце, кое го носат за рака, за да не биде згазнато од минувачите на улицата. И навистина, во тоа време Грција и Србија за мене не беа ништо друго, а мали кученца, додека Македонија беше секогаш Македонија. Таа ги имала своите славни цареви, кои не им давале мир…

Posted in А26 Југославија Социјализам

1994.09.10_The Hamilton Spectator – Jailed for preaching freedom; Hamilton, Ontario, Canada

  Македонското прашање Православниот водач повикува на мирно решение Кога Неговото Блаженство, Архиепископот Михаил, духовен водач на светскиот 3-милионски Македонски православен црковен собор, љубезно прифати интервју за The Spectator, неговото пристигнување предизвика изненадување. Држењето на благиот 83-годишен свештеник, раскошен во своите долги црни одежди, бела капа и носејќи го тешкиот златен и накитен крст и иконите на својата служба, поттикна…

Posted in А9.1 Слика и посока

1940.10.07_The Journal Times; p4; Racine, Wisconsin, US

Корун Георгиев, од 2334 Хауланд авенија, секретар на расинскиот огранок на Македонско-американскиот народен сојуз, САД, изјави дека добил извештај од главниот штаб со кој се негира неодамнешниот раширен извештај дека на таен состанок на македонски водачи „некаде во Бугарија“ било решено да се обнови движењето за повторно приклучување на Македонија кон Бугарија, и дека екстремното крило барало македонска независност под…

Posted in А8.1 Слика и посока

1925.06.09_Jovan Nastovich – Race Macedonian; Gary, Indiana

Иако сѐ уште со српски завршеток на презимето, Јован Настовиќ од Мешеишта охридско, кога се нашол во можност слободно да се изјасни, во званичниот документ себеси не се произнесол како Србин, Бугарин, „Македонски Словен“ и слично, туку како Македонец. Во званичен американски државен документ (Declaration of Intention), иселеникот Јован Настовиќ јасно и недвосмислено се изјаснил како Македонец по раса (race:…

Posted in А8.1 Слика и посока

1930.09.19_Kosta Spaseff George – Macedonian; Detroit Michigen

Коста Спасев Ѓорѓи Раса – МАКЕДОНЕЦ Националност – МАКЕДОНЕЦ Роден сум во Буф, Македонија (денешен Акритас, Флорина) на 4 златец 1894 година Детроит, Мичиген, 19 гроздобер 1930 година Kosta Spaseff George Race – MACEDONIAN Nationality – MACEDONIAN I was born in Bouf, Macedonia (present day Akritas Florinas) on July 4, 1894 Detroit Michigen, 19th September, 1930   Посочил: World Heritage…

Posted in А1.2 Само слика

1925.10_Разговор со ВМРО раководител – Македонската организација по смртта на Т. Александров

МАКЕДОНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ПО СМРТТА НА Т. АЛЕКСАНДРОВ (Разговор со еден водач на Организацијата) Една местност во Македонија, почетокот на октомври. Недовербата, која е објаснета поради големите провокации, како и забраната од Бугарското правителство, кое на бегалците им дава најголемо можно гостопримство, но стремејќи се кон мирни договори и ненарушување на спокојството во сопствената земја, забранува секаква агитација и воена подготовка,…

Posted in А13 Родољубни сведоштва А23.4 Просветители

Војдан Чернодрински (1875-1951)

• 1900 Извадок од предговорот на драмата „Македонска крвава свадба“ • „… „Што напишав јас? Ништо не напишав. Јас го препишав од сè уште ненапишаната крвава историја на МАКЕДОНИЈА она што читателот ќе го прочита, а гледачот ќе го види во театарот. Крвожедноста на нашите Турци-бегови, готовноста на МАКЕДОНКИТЕ да умрат, но верата да не си ја менуваат, а машкоста…

Posted in А3.1 Слика и посока

1903_Војдан Чернодрински – Македонска оперетка „Срешта“, насловна страна

„… СРЕШТА Едноактна сцена во стихови на простонароден македонски говор од борбите за полит. борби за ослободување од турското робство, посветена во помен на апостола на свободата, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ од неговиот соратник и идеен другар Војдан Чернодрински …“ Оперетката „Средба“ од 1903 година е прва македонска оперетка и е посветена на Гоце Делчев непосредно по повод неговото загинување. Војдан Чернодрински…

Posted in А1.2 Само слика

1944.09+_Партизански ослободителен леток – Битолчани и битолчанки; Битола

„… БИТОЛЧАНИ И БИТОЛЧАНКИ Изминаја три и пол години от дено, кога го поробија Македонскиот народ, трупите на подивелиот Хитлер и неговите слуги – Бугарските фашистки окупатори. Изминаја три и пол години на економско политичко ропство, на масови убиства, затвори, интервенции, концентрациони логори и најмрачна средновековна инквизиција на Македонскиот и на сите други поробени народи во Европа. Уште една држава…

Posted in А1.1 Слика и посока

1915.04.10_Благодарното Џумајско – Некролог за Јане Сандански

ШТО ПИШУВА ВО ЕДЕН НЕКРОЛОГ ЗА ЈАНЕ САНДАНСКИ: „… Вие, војници за слободата на македонскиот народ… Знаменитиот пирински херој, творецот на Пиринската тајна школа, водачот на бившиот Серски револуционерен округ во царството на султанот Ј А Н Е  С А Н Д А Н С К И не е веќе меѓу живите. Куршумот на предавничката рака, рожба на крадливиот патриотизам,…

Posted in _Избор А1.1 Слика и посока

1924.05_ВМРО – Мајски Манифест

МАНИФЕСТ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Браќа Македонци! Македонија, во своите природни географски граници меѓу реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, р. Дрим, Охридското Езеро, планината Грамос, р. Бистрица и Егејското Море; со пространство од 65.000 квадратни километри, испресечено од реките Места, Струма, Вардар, Дрим, Бистрица и надарено со најразнообразни природни богатства и поволни климатски услови; со своите 2.302.000 разнообразно по…