Оддел: А09 Светски печат

Докази за македонската самобитност потврдено со изворни слики од СВЕТСКИОТ НОВИНАРСКИ ПЕЧАТ.

1918.01.03_Гласило Свобода (Службен орган на Украинскиот Народен Сојуз)
Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1918.01.03_Гласило Свобода (Службен орган на Украинскиот Народен Сојуз)

Напис во украинското гласило Свобода во кој се воспева маченичката борба на македонскиот народ под слоганот „Македонија на Македонците“, за стекнување слобода, независност и самоуправна власт на македонскиот народ.

1920~_Todor Alexandroff, le chef des revolutionaires Macedoniens
Posted in А9.2 Само слика

1920~_Todor Alexandroff, le chef des revolutionaires Macedoniens

Во оваа статија како и во целата светската јавност Тодор Александров бил сметан како што и се претставувал за македонски водач кој се бори за ослободување на македонскиот народ. Надворешното произнесување под притисок на стремежите на македонскиот народ не било во согласност со внатрешните чувства што може да се согледа од неговите приватни документи како и од неговото однесување кон…

1938.08.23_The Journal Times - Took part in war
Posted in А9.1 Слика и посока

1938.08.23_The Journal Times – Took part in war

„… Многу од старите МАКЕДОНЦИ од Медисон учествувале во револуционерната борба за ослободување на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Денес МАКЕДОНИЈА Е ПОДЕЛЕНА од три балкански држави чии влади се фашистички или полуфашистички под чија власт пати народот во Македонија. Дури и МАКЕДОНЦИТЕ во САД немаат дозвола да им пишуваат на своите роднини на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Таквите писма им биле враќани на испраќачите….

1918_Македонци во фолклорна облека
Posted in А9.2 Само слика

1918_Македонци во фолклорна облека

Слика од светската штампа под која стои: „Македонци во фолклорна облека“. И покрај силната политичка негаторска пропаганда од нашите соседи која се одразувала на односот на светската штампа кон Македонците, големата присутност на употребата на зборот Македонци укажува за националната раздвоеност на Македонците на ниво на народ.

1904_Македонски јазик во американска штампа
Posted in А9.2 Само слика

1904_Македонски јазик во американска штампа

Вишанов од Македонија кој ќе раскажува некои македонски необичности и ќе пее на македонски и бугарски јазик.

1900+_An appeal to civilization
Posted in А9.2 Само слика

1900+_An appeal to civilization

„Херојските напори на Македонците за себе си да се ослободат од турската суровост.“ Една цртежна слика од светската штампа со наслов: „Повик до цивилизацијата“ каде што е претставен турски војник како ја измачува Македонија претставена како девојка која повикува за помош кон големите сили додека тие меѓусебно за забавуваат. Долу под сликата стои: „Херојските напори на Македонците за себе си…

1907.09.28_The Maitland Weekly Mercury - 'The Tragedy at Macedonia', p13
Posted in А20.3 Само посока А9.1 Слика и посока

1907.09.28_The Maitland Weekly Mercury – ‘The Tragedy at Macedonia’, p13

The Maitland Weekly Mercury веста ја пренесуваат од London Daily Chronicle. Пишува за огромните злосторства вршени прво од грчките, а потоа и од српските банди врз македонското население. Сето пресметено и намерно овозможено од турските власти со цел за меѓусебно уништување на христијаните како и за слабеење на бројното словенско население во полза на поддржаните (фаворизираните) Грци. Се чини како…

1906.04.17_Bulgarian outrages - Macedonian incinerated
Posted in А9.2 Само слика

1906.04.17_Bulgarian outrages – Macedonian incinerated

Пробугарските врховисти ги напаѓаат Македонците. Запалиле жива жена и нејзините две мали деца затоа што му дале гостопримството на Јане Сандански.

1904.07.14_The Princeton Union, Minnesota
Posted in А9.1 Слика и посока

1904.07.14_The Princeton Union, Minnesota

Извештај од британскиот конзул, дека секаде во поголемите османлиски градови каде што имало англиски претставник, тој бил користен од немуслиманите како заштитник и при тоа ги набројува – Ерменци, Бугари, Македонци и Евреи.

1914.12.30_Daily Telegram, Clarcksburg, West Virginia, p3
Posted in А9.1 Слика и посока

1914.12.30_Daily Telegram, Clarcksburg, West Virginia, p3

Американски новинарски извештај за космополитизмот на Белград – во градот има Срби, Бугари, Грци, Турци, Македонци, Чеси, Евреи, Унгарци и Германци!

Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1901.06.13_The Minneapolis journal – Independence for Macedonia

„НЕЗАВИСНОСТ ЗА МАКЕДОНИЈА Париз, 13 жетвар (1901 г.) – Деловницата на Министерството за надворешни работи доби званично комунике од страна на Македонската Револуционерна Организација кое содржи известување дека Македонците сакаат да формираат независна држава, со комплетна автономија и на никаков начин поврзана со бугарското владеење. Македонците сметаат на помошта на европските сили, особено на оние нации што сакаат да го…

1944.12.30_Toronto Daily Star
Posted in _Избор А17.1 ДМК Слика посока А9.1 Слика и посока

1944.12.30_Toronto Daily Star

Македонците борејќи се против фашистите го заслужиле своето право на слобода. Делот кој претходно бил во Југославија веќе е ослободен и имаат своја влада, свој јазик, своја религија, свое школство и се изразува надеж дека во блиска иднина Македонците под Грција и Бугарија ќе бидат обединети како слободен народ и ќе ја продолжат својата славна историја. „… Македонците се бореа…

1944.12.18_Toronto Daily Star
Posted in А9.1 Слика и посока

1944.12.18_Toronto Daily Star

Албанската герила за време на Втора Светска војна предводена од Енвер Хоџа добро соработувала со Македонците и Југословените под команда на Маршал Тито.

1944.08.21_Toronto Daily Star
Posted in А9.1 Слика и посока

1944.08.21_Toronto Daily Star

Со каква брзина Тито успеал уште во текот на војната “да ги измисли” Македонците во Канада!?

1878.05.04_Hancock Herald
Posted in А9.1 Слика и посока

1878.05.04_Hancock Herald

За време на руско-турската војна 1878 и општите балкански востанија за ослободување од Османлиска Турција се споменуваат Македонци, Грци, Срби, Муслимани и Тракијци. Бугарите сѐ уште не се ни целосно довообличени од руската дипломатија како Бугари и не се целосно познати како такви. Така наместо Бугари во статијата се именувани како Тракијци.