Оддел: _Избор
Избор на податоци кои најјасно ја потврдуваат македонската самобитност.
1945.08.24_Council Bluffs (Iowa) Nonpareil, p9
Македонија бара Автономија Весникот извонредно добро и подробно ја разбрал состојбата со македонското прашање. Зборува за Македонија како земја која не уживала национална сувереност уште од времето на Александар Велики. На едно од најпроблематичните точки во светот, македонските родољуби го оживуваат стариот плач за самостојна (автономна) Македонија. Зборува за поделеноста на Македонија помеѓу соседните земји. Повиците за самостојност се присутни…
1908_Giovanni Amadori – ‘La Questione Rumeliota’
„Како Македонецот го сфаќа поимот ‘Бугарин’… Кога е нешто грубо, нападно или вулгарно, тој тоа го вика ’БУГАРСКА РАБОТА‘… Коренот на зборот „бугар“ НЕМА НИКАКВО НАЦИОНАЛНО ЗНАЧЕЊЕ, и самиот збор не е исто со ’Булгар‘.“ „… Антрополошки, словено-македонската РАСА (народ, етнос н.з.) е словенска со многу сличности со српската и со бугарската. Јазикот, исто како и расата, е словенски….
1911.11.26_Montgomery Advertiser, Alabama, US
При обработува на бројчаностите за доселениците во Бирмингам, Алабама, весникот ги наведува Македонците како самостоен народ, напоредно со Бугари, Грци… и сите други. Ниту еден од наведените не е земјописен поим, сите наведени денес се самостојни нации. Посочил: Саша Узунов Извор: The Montgomery advertiser
1922.04.01_V. N. Madoloff – ‘In Defense Of Bulgaria’, v16
Македонец испратил писмо до списанието „Тековна Историја“ во кое себе си се претставува „не како Бугарин“, туку како Македонец. Меѓу 19 000 други Македонци кои во текот на Прва Светска Војна дошле од целиот свет да служат во редовите на бугарската војска, затоа што таа им била многу понаклонета отколку српската војска. Македонците како бегалци во Бугарија биле добредојдени и…
1907.09.02_The Forthightly Review; vol82 less 489
Зборот Бугар значело селанец, прост човек, а не припадник на народ. Така што обичниот народ, селаните кај разни народи биле нарекувани Бугари. Во ова дело од 1907 година се пишува за тоа како во некои случаи Србите биле нарекувани Бугари. Така што ова создавало забуни при определувањето на Македонците кога тие се кажувале Бугари, мислејќи да кажат за себе дека…
1944.10.06_Държавен Весник – Списък на фашистката литература, подлежаща на изземване; бр225; София
Огромен е опусот на профашистичката книжевност која била создадена во Бугарија за време на издигањето и превласта на фашистичката идеологија. Ова е список на книжевни дела определен за отстранување од новата бугарска “власт” после превратот и симнувањето на бугарските фашисти. Фашизмот во Бугарија ќе “ја освои власта” во 1934 година, само една година после “освојувањето на власта” од национал-социјалистичката Хитлерова…
1905.02.05_Андреј Славов Тошев, депеша до кнезот Фердинанд
Дипломатска депеша од бугарскиот амбасадор Андреј Славов Тошев, од 5 сечко 1905 година, кој како трговски претставник на Бугарија во Битола, ја испраќа до бугарскиот Кнез Фердинанд. Во целата дипломатска депеша Андреј Славов Тошев зборува за македонското прашање, за Македонија и за Македонците, прави јасна разлика меѓу Македонците и Србите, Бугарите и Грците! „…Амбасадорот Андреј Славов Тошев го известува Неговото…
1926.10.11_Весник Македонија, Георги Баждаров
„… Какви и да се српско-грчки надворешни односи – сојузнички или не, тие по постигнатите територијални поделби на Балканот, ќе се наоѓаат под знакот на српскиот стремеж кон југ. Ако Белград на времето се повлече од еден договор за сојуз и пријателство со посилната од него Бугарија, поради горниот и средниот тек на Вардар, зашто да не го поништи, во…
1912.09.16_Весник Гражданин, бр.37, Петроград
„Македонско јадење на словенскиот ручек во ‘Виена’ Деновиве бев на словенскиот ручек во ‘Виена’. Кога сум на овие четврточни ручеци, неволно ме поразува некакво чудно и жално совпаѓање, насекаде каде што се судираат словенските интереси, бездруго веднаш се појавува веќе готовиот австриски рецепт, веќе се чувствува мирисот на ‘виенската кујна’. И би сакал да верувам, би сакал да мислам дека…
Петар Даниилович Драганов (1857-1928)
• 1894 • Meѓу Македонците има очајни бугаромани и очајни србомани, но има и таканаречени автономисти и автохтонисти коишто велат дека [Maкeдонците] никако не се дел од големите идеи на Симеон Бугарски и на Душан Српски. • • • Србите и особено Бугарите го презираат македонското наречје, а мене ме напаѓаат затоа што… препорачувам некаква посебна македонска литература… Тие…
1885 « 1929_Македонското Студентско Дружество „Вардаръ“ – Илинден 1903 – 1929, Сборникъ въ паметь на големото македонско възстание, с. 80-82, София
Барање од секретарот на Бугарската Егзархија Атанас Шопов до двајца највлијателни руски општественици во 1885 година за остварување на политичките права на Македонците соодветно на одлуките од Берлинскиот договор 1878 година. За тоа дознаваме преку написот објавен од Македонското Студентско Друштво Вардар во Софија 1929 година. Секретарот на Бугарската Егзархија, Атанас Шопов во 1885 година писмено се обратил дo…
1828 « 2002_Giannēs Koliopoulos, Thanos Veremēs – ‘Greece, The Modern Sequel, from 1831 to the Present’, London
„… Јоанис Каподистриас, првата грчка глава на државата, имал малку двојби за северните ограничувања на Грците. Во неговиот одговор на прашањето од трите грчки Заштитнички Големи Сили во 1828 за ‘одбранбената граница’ на новата држава, тој ја предложил реката Аос-Мецовон-Пл. Олимп како ‘природно’ раздвојувачка линија и објаснил: ‘Во древните времиња ова заокружување исто така ја раздвојувала Грција од неговите северни…
1903.09.08_Avanti! – Odinno Morgari, ‘Oriente in Fiamme’, p1, Roma
Италијанскиот новинар и парламентарец Одино Моргари напишал статија во 1903 година со наслов „Истокот во пламен”, во којашто ги опишал политичките превирања во текот на Илинденското востание како и целите, организациската работа и пречките со кои се соочувало ВМРО. Написот наведува дека ВМРО претставува држава во држава, и дека таа воспоставила „… автономна Македонија, со своја влада, милиција, свои финансии…
1928.01.06_Waikato Times – German teacher knows 79 languages, p9
Новинарска статија во која опишувајќи некој германски учител кој бил јазичен феномен посредно го споменува МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК како еден од јазиците кои ги користел. Подоцна споменувајќи и бугарски укажува на неговото разликување како два одвоени јазика. Од овој како и од други документи, во тие времиња и покрај негирањата, не било воопшто чудно да се знае за Македонците како народ…
-0196 « 1800+_Eine Verlorene Sprache
Статија на германски јазик од сѐ уште непознат извор во која се тврди дека францускиот египтолог Шампиљон, научникот кој врз основа на археолошкиот наод познат како Каменот од Розета прв успеал да ги протолкува египетските хиероглифи, за делот од написот на Каменот од Розета кој денес се нарекува демотското писмо го нарекол СТАРОМАКЕДОНСКИ. Додека за делот со коине јазикот (или…