Оддел: А09 Светски печат
Докази за македонската самобитност потврдено со изворни слики од СВЕТСКИОТ НОВИНАРСКИ ПЕЧАТ.
1924.08.10_The New York Times – Macedonians want a republic
„ МАКЕДОНЦИТЕ САКААТ РЕПУБЛИКА Г-дин Чкатров вчера рече дека тој претставува околу 450,000 Македонци во Бугарија, кои се членови на деведесет и четири братски организации, триесет и четири младински друштва, голем број на добротворни асоцијации и други. Тој очекува да ја пренесе неговата порака со македонските надежи од 60,000 домородни жители од таа земја во Соединетите Држави. … Македонија, земјата…
1929.05.24_The Mansfield News – Picnic planned by Macedonians
Македонската Политичка Организација организирала излет со храна (пикник) за Македонците по повод чествувањето на 1000-годишниот роденден од Светите Кирил и Методиј. „ПИКНИК ПЛАНИРАН ОД МАКЕДОНЦИТЕ — Политичката Организација ќе Одржи Пикник во Недела на Фармата од Мише ‘Охридската, Македонска политичка организација, ќе има прв надворешен пикник во Недела, Косар 25, на фармата од Мише на Луис булеварот. Во текот…
1935.05.27_The Evening Independent, Massillon, Ohio – Macedonians To Have Convention
Петта годишна конвенција на Македонската Народна лига. Приближно 100 делегати ќе претставуваат 1200 членови. Меѓу другите преземени дејства, извештаи и „разговори за поддршка на борбата на македонскиот народ за ослободување на Македонија“, се најавувала „масовна демонстрација со цел да се искаже незадоволството поради угнетувањето на македонскиот народ од Владите на Југославија, Грција и Бугарија“. Исто така се најавува дека ќе…
1934.05.27_The New York Times – 2000 Macedonians freed from camps in Bulgaria
„… Две Илјади Македонци Ослободени од Кампови во Бугарија. СОФИЈА, Косар 26. – Премиерот Кимон Георгиев денес нареди ослободување на 2,000 членови од Македонската револуционерна организација протерани во кампови воспоставени од последната Влада на Мусчанов. Премиерсково дело предизвика значително изненадување. Протолкувано е како гест за прикажување на неговото владение над радикалните состојки кои досега беа вознемирувачки чинител во животот на…
1989.07.17_The New York Times – Macedonians are not Greek!
Македонската заедница во САД и Канада преку Њу Јорк Тајмс негодува поради тоа што во одделни јавни настапи се третирани како Грци. Македонците ги уживаат своите национални права во Република Македонија, Југославија, но нивните права како Македонци се негирани во Грција, Бугарија и Албанија. Посочил: _zona93
1903.05.26_The Daily News, London
„… Делчев создателот на Македонската револуционерна организација, беше убиен во престрелка кај Баница. Се смета дека неговата смрт најверојатно ќе го парализира револуционерното движење. Минатата година се случи поделба во Македонскиот Комитет. Членовите на стариот комитет под Г. Сарафов беа обвинети дека повеќе работат за бугарско проширување отколку за независност на Македонија. Беше создаден нов комитет, кој искрено промовира македонската…
1924.03.23_The New York Times – Macedonia ready to fight Serbia
Една подолга статија која зборува за непрекинатата македонска борба за самостојна државност од крајот на 19 и почетокот на 20 век. „Македонија спремна за борба со Србија“ Српската Влада ја обвинувала Бугарија за неспособност да воспостават стабилна управа во Македонија. Бугарија се правда дека со договорите после Прва Светска војна таа нема доволно војска за да ја уредува состојбата…
1924.03.06_The New York Times – Bulgarians arrest more Macedonians
Бугарската држава одговара на барањата од Југославија и спроведува дејства за сузбивање на македонските револуционерни организации кои се борат за ослободување на Македонците. Како што се чита од известувањето има јасно разликување меѓу Македонци и Бугари. „БУГАРИТЕ АПСАТ УШТЕ ПОВЕЌЕ МАКЕДОНЦИ 300 Се сега во Затвор Поради Обвиненија за Завера против Југославија. Творечки права, 1924, на New York Times Претпријатие….
1913.06.29_Симбирянинь, б1790, с1
С. Ф. Иљин, публицист и уредник на руското политичко списание „Симбирјанин“ се застапува за создавање независна македонска држава како предуслов за траен мир во Европа и покрај званичната политика на руската Влада секогаш да ѝ дава предност на (од Русија) новозоздадената држава и нација Бугарија. Иљин пишува дека Македонците не сакаат да бидат претопени (асимилирани) во Срби, Бугари и Грци…
1919.05.11_The New York Times – Macedonian settlement
Пробугарски настроен известувач чиј допис бил објавен во весникот The New York Times. Повеќе од очигледно е како во текот на написот се обидува да ја омекне и пренасочи јавноста од негативниот меѓународен однос кон Бугарија, држава на страна на губитниците од Прва Светска војна. Така што не се спротивставува на независноста на Македонија за која се залагал и американскиот…
1939_Pix – ‘Political Riots in Bulgaria’, Australia
„… Политички Немири Во Бугарија Бугарија има жителство од отприлика 6,500,000 распоредени помеѓу 11 националности. Демократските методи не може да се каже дека се влезени во Балканската политика; од таму постојанoто прибегнување кон сила. Погоре: Коњаничка полиција растерува демонстрација од Македонци. …“ Посочил: Саша Узунов Извор: TROVE
1915.04.05_The New York Times – Blame put on Macedonians
„… Обвинувањата ставени на Македонците. Рим, Тревен 4, (преку Париз.) – Д. Ризов, Бугарскиот министер во Рим, изразил мислење денес дека инцидентот на Српско-Бугарската граница бил работа на Македонските револуционери во Србија, кои се спротивставуваат на српскиот режим на територијата стекната во Балканските војни, на која настанала борба. Г. Ризов тврди дека Бугарската Влада на никаков начин не била одговорна…
1914.11.25_The New York Times – Urge bulgarian action
Водечките пратеници од Софија бараат Македонија да биде окупирана. И во изразноста од Прва Светска војна бугарското запоседнување на Македонија во бугарските установи, во случајов бугарскиот законодавен дом, е нарекувано окупација. URGE BULGARIAN ACTION. Leading Deputies of Sofia Ask That Macedonia Be Occupied. LONDON, Nov. 24.—In the course of the sitting of the Bulgarian Parliament today, says a dispatch…
1925.10.25-28_Весник ‘Политика’ – Грчка и Бугарска у договору (Петрички инцидент), Белград
Српскиот весник „Политика“ известува за тајно договорен бугарско-грчки намерно создаден т.н. „Петрички инцидент“, со цел за потиснување на организираната македонска ослободителна борба. Имено Грција и Бугарија имале краткотрајна лажирана војна во есента 1925 година, во текот на која грчката војска добила можност да навлезе на просторот од пиринска Македонија и да се бори против единиците на ВМРО. Според наше убедување,…
1902.10.17_The New York Times – The Macedonian Insurrection
„МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ.“ Кратка вест во која се вели: „… Во политичките и дипломатските кругови во Константинопол, вели дописникот на The Times од турската престолнина, се верува дека за многу кратко, спокојството ќе биде воспоставено во Македонија. …“ Секаде пишува македонско, а не бугарско, српско, грчко… востание. „… THE MACEDONIAN INSURRECTION. London Times—New York Times Special Cablegram. LONDON, Oct. 17.—In…