Пофалба на глупоста
Posted in В07 Национална борба

Пофалба на глупоста

И тоа се случи во мојата чудесна земја. Избори без можност за избор, притоа прикажано како врв на (не)демократија. Самиот збор „избор“, значи да имате повеќе можности – опции и од повеќето понудени да ја изберете најсоодветната според вашите мерила. Ако имате само една понудена можност неможе да стане збор за „ ИЗБОР“, не знам кој назив е најсоодеветен за…

27-ми тревен 2021 – Ново светло поглавје во македонската историја
Posted in В07 Национална борба

27-ми тревен 2021 – Ново светло поглавје во македонската историја

27-МИ ТРЕВЕН 2021 – НОВО, СВЕТЛО ПОГЛАВЈЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА 27 Април, 2017, најтемниот ден во поновата македонска историја. Ден кога започна слободниот пад на сите македонски вредности. Ден кога престанавме да бидеме држава, народ, кога останавме без идентитет, без јазик, историја, без најголемите наши револуционери и родољуби. Оние кои се обидоа да се спротивстават на неправдата и да ги…

Автономна Пиринска Македонија
Posted in В07 Национална борба

Автономна Пиринска Македонија

Ги охрабруваме Македонците задгранично, неуморно, постојано и се погласно во државите во кои живеат да ги бараат националните и човековите права кои им припаѓаат. Затоа што високото ниво на негаторски примитивизам во политичките кругови кај соседните држави е предизвикан од македонската тивкост како природа на однесување на Македонците. Не треба повеќе да дозволуваме доблеста на македонската простодушност да ги потхранува…

Реформите на Министерката
Posted in В06 Соопштенија

Реформите на Министерката

Што да очекуваме од образовен систем наметнат само од една личност? Вршителката на должност министер за образование во нивната земја, по секоја цена турка реформи во образованито само по нејзина замисла и волја и со амин на душманите од странство. Не се важни мислењата на највисоките институции во земјата, став на личности кои се пример во педагошката дејност, јавноста, родителите….

Геостратешкото "проклетство" на Македонија и македонскиот народ
Posted in В12 Геостратегија

Геостратешкото “проклетство” на Македонија и македонскиот народ

Македонија се наоѓа во средиштето на Балканскиот Полуостров. Во изминатите 2300 години за сите евроазиски империи има клучно место за нивната сила. Македонската, Римската, Ромејската, Османлиската и сега Западната империја. Губењето на Македонија за империите значело губење на Балканот. Што последично водело кон губење на целата империјална моќ. За време на Османлиското Царство најпрво се ослободувале народите кои биле по…

Родољубието како нужна потреба
Posted in В13 Друго

Родољубието како нужна потреба

Патриотизмот не е имагинарна желба за својата татковина. Не е празен збор изговорен од поединец. Патриотизмот е резултат на свесноста за неопходност од заедничка борба за опстанок. Патриоти се оние кои се доволно свесни дека без да се борат заедно со останатите припадници на својата група на припадност, ќе им робуваат на другите. Бидејќи светот е џунгла во кој ако…

З а б р а н е т о   и м е
Posted in В07 Национална борба

З а б р а н е т о и м е

Повод за денешниот напис е забраната за употреба на зборот Македонија, Република Македонија, ПЈР Македонија и ПЈРМ донесено со декрет од страна на таканаречениот Министер за Правда на нивната Влада. Само да ги потсетиме (не)народните министри, пратеници и вршители на должноста власт за текот на случувањата поврзани со обидот за промена на името и идентитетот на македонскиот народ. Името со…

Вероучение - Поука 03
Posted in В13 Друго

Дали треба да се има доверба во анти-ковид вакцините!?

Во христијанството постои едно начело за откривање на вистината. Ако за некоја работа е сложено да се открие која страна е во право се советува еден многу едноставен метод кој неизбежно ќе ни открие кој е исправен, а кој има задни намери – ЌЕ ГИ ПОЗНАЕТЕ ПО ДЕЛАТА. Така го земам за пример долготрајниот спор околу иконоборството. Ако некој обичен…

Posted in В12 Геостратегија

Крајот на историјата

„Конечно“ дојде и тој ден – „Крајот на историјата“! Глобалистите ја “тераат” својата зацртана агенда за “светска влада”, која има за цел бришење на границите на државите во секоја смисла. Затоа што според нив тогаш “ќе немало” причини за војни, односно “ќе немало” непријатели. Без непријатели би исчезнала политиката, а без политичката борба теренот би бил “чист” за економијата. Демек,…

Има ли образовани во Министерството за Образование!?
Posted in В09 Јазик

Има ли образовани во Министерството за Образование!?

Листа 1 на студенти со добиена стипендија Листа 2 на студенти со добиена стипендија Повод за написот е листата на студенти со доделени стипендии за учебната 2020/2021 година, званично објавена на интернет страницата на Министерството за (не)образование и наука на нивната земја. МОН е еден од многу негативни примери како не треба да делува една сериозна институција. Највисокиот државен орган…

СОГЛЕДБИ - ВОВЕД
Posted in В10 Стопанство

Нова помош од власта за “најзаслужните”

Категорија: распустување на народниот имот Повод за нашиов напис е oдлуката на вршителите на должноста “ВЛАСТ” за дополнителен пакет на мерки од 8 милиони ЕУР, од кои повеќе од половината завршуваат кај три јавни претпријатија – загубари. Конкретно 110 милиони денари (1,8 милиони ЕУР) ќе добие ЈП МЖ Транспорт, 180 милиони денари (3 милиони ЕУР) ЈП за Државни патишта и…

Posted in В07 Национална борба

Попис – запишување или бришење на Македонците!?

Уште еден многу значаен закон се донесува по брза постапка, со т.н. европско знаменце. За некого небитен за некого приоритетен закон. Проучувајќи (анализирајќи) ги одредбите од новиот сеуште предлог закон со законот за попис од 2011 година воочуваме неколку за нас многу битни разлики. По нас најсуштинска разлика во однос на стариот закон се одредбите од Член 9 од Законот…

Posted in В10 Стопанство

Колку нѐ чинат политичките партии во време на криза

Повод за нашиот напис е донесувањето на Закон по скратена постапка за дополнително финансирање на политичките партии за 2020 година. На седница на Собранието на нивната земја, на 05.12.2020 година по скратена постапка беше донесен Законот за изменување на Законот за финансирање на политички партии, со кој закон, народните пл(р)атеници едногласно изгласаа дополнителни средства од Нашите пари, во износ од…

Posted in В11 Православие

Критички осврт на интервјуто со Митрополит Григориј

ИНТЕРВЈУ СО КУМАНОВСКИОТ ВЛАДИКА ГРИГОРИЈ: Освен за автокефалноста на МПЦ‒ОА, за сè друго може да се разговара,  но со  Вселенскиот собор! Во интервјуто на кумановскиот итрополит Григориј дадено за новинарката Елизабета Арсоска (vecer.press) свесно или несвесно има неколку гледишта кои можат да имаат сериозни негативни последици за Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Посебно опасно е тоа што Митрополит Григориј…

Posted in В10 Стопанство

Најголеми даночни должници – втор дел

НАЈГОЛЕМИ ДАНОЧНИ ДОЛЖНИЦИ – ВТОР ДЕЛ По објавувањето на листата за најголемите даночни должници на страната на УЈП од 27.11.2020 година, чувствуваме за потреба да дадеме наша кратка анализа – истражување. Вкупниот долг во износ 9,95 милијарди денари (162 милиони ЕУР) и зголемување во однос на претходниот извештај – месец за 262 милиони денари (4,3 милиони денари), или 2,6 %…