1678_Salih Gelil – ’Anales de Egipto‘, Madrid
За „македонскиот јазик“. Посочил: Кукузел Извор: Google Books
1869_Adolf Stieler, A. Petermann – ’Die Europaeische Turkei.‘, Gotha (Justus Perthes)
Македонија во европска Турција. Грција не е заведена. Во беломорскиот дел превладува македонското местоименување (топонимија). Извор: Збирка David Rumsey
1856_Edward Quin – ’B.C. 323. The Empire Of Alexander‘, London (Richard Griffin & Co.)
Царството на Александар. Полуостровот е составен од Илирик, Тракија, Македонија и Грција. Дополнителен опис на картата – Македонското Царство ги опфаќало: Македонија, Грција, Тракија, Мала Азија, Сирија, Египет, Либија, цела Азија помеѓу Согдиана и Персискиот залив, Еуфрат и реката Ифасис (река во северна Индија н.з.). Извор: Збирка David Rumsey
1903.11.04_The New York Times – Macedonians still suffer
МАКЕДОНЦИТЕ СЀ УШТЕ СТРАДААТ Владењето на теророт во Разлог продолжува – Христијаните се измачувани ако не предадат оружје или пари. Небранетото население било изложено на освета од властите и баши-бозукот како увод во земањето на огромен данок. Секој селанец ако не бил во можност да предаде пушка или да плати откуп бил подложен на измачување некогаш на најварварски начин. Многумина…
1842_Philip Smith, Society for the Diffusion of Useful Knowledge (UK) – ’World as known to the ancients.‘, London
Светот каков што бил познат во древноста. Македонија од Егејско до Јадранско Море. Грција на југ означена како: HELLAS or GRAECIA. Грчката пропаганда не можејќи повеќе да ги негира податоците во кои спаѓаат и земјописните карти каде Македонија во древноста и низ историјата е претставена надвор од хеленскиот свет ќе прибегнат кон друг изговорен одговор – Македонците и Хелените не…
1660 – 1783 « 1856_Edward Quin, W. Hughes, Gilmour & Dean – ’Nineteenth period. A.D. 1783. Independence Of The United States‘, London
Земјописна карта од 1856 за светот во 1783 година. Наместо Македонија употребен е називот на турскиот санџак Румелија. Србија на север, Бугарија на североисток, Далмација на северозапад, Албанија се протега по целата должина на Грција сѐ до Мореа. Грција не е обележана. Исто и на карта за 1660 година за време на династијата Стјуарт. Извор: Збирка David Rumsey
1490 « 1944_Erwin Raisz – ’History Of Maps – Ptolemaeus Romae 1490‘, New York
Македонија од Егејско до Јадранско Море зафаќајќи поголем дел од денешна копнена Грција. Грција не е обележана. Извор: Збирка David Rumsey
1892_L.E. Desbuissons, J. Migeon – ’Empire d’Alexandre.‘, Paris
Карта за Александровото Царство. Македонија помеѓу Трибалија, Грција, Епир и Илирија. Според бојата Македонија на исток е сѐ до Босфор. Извор: Збирка David Rumsey
1822_Adrien Hubert Brue – ’L’Empire d’Alexandre.‘, Paris
Македонија за време на Александровото Царство како посебна земја. Илирик на запад, Трибалите на север, Тракија на исток и Грција на југ. Жолтата граница на Македонија опфаќа делови од Тракија и Грција затоа што тогаш ги владеела. Извор: Збирка David Rumsey
1959.06.16_Полициски извештај, Časopis ‘Makedonska loza’, ФНРЈ
Полициски извештај за дисидентското списание “Македонска Лоза” чија цел била самостојна Македонија. Списанието под уредништво на Драган Богдановски кое излегувало во Осло се оградува од поврзаноста со Бугари, Срби и Грци. Покрај противкомунистичките написи објавувало и написи против бугароманската ванчомихајловистичка пропаганда. Посочил: Портал Македонска Нација
1821_Adrien Hubert Brue – ’Monde connu des anciens.‘, Paris
Во карта за светот во древноста, Македонија е обележана одвоено од Илирик, Мизија, Тракија и Грција. Тракија лево од Македонија од Дунав до Мраморно Море. Мизија на север од Македонија, северозапад од Тракија. Илирик покрај Јадранско Море до Македонија. Грција јужно од Македонија. Македонија на средина меѓу сите нив. На светската историско-земјописна наука порано не и било спорно за одвоеноста…
1832_John Arrowsmith – ’Orbis Veteribus Notus.‘, London
Македонија разграничена од околните земји: Тракија, Мизија, Илирик, Грција. Скопје влегува во границите на Македонија. Извор: Збирка David Rumsey
1847_Griffing D. Johnson – ’World On Mercator’s Projection.‘, New York
Прецизна и богато украсена земјописна карта. Македонија е разграничена од околните земји. Албанија длабоко навлегува во западната половина од денешна копнена Грција. Грција се наоѓа на просторот од Ахаја. Извор: Збирка David Rumsey
1887_Jacob Skeen – ’Genealogical Chronological and Geographical Chart. History of Ancient Times from Adam to Christ.‘, Louisville
Земјописна времеследна карта. Македонија го зафаќа широкиот простор од средишнината на полуостровот, Грција на југ означена со друга боја. Тесалија помеѓу како гранична територија. Извор: Збирка David Rumsey
1806_Placido Zurla, Fra Mauro – ‘Abbozzo Del Mappamondo Di F- Mauro Camaldolese‘, Venezia (Tipografia Picotti)
Цела Грција е означена како Албанија. Средината на полуостровот е Македонија. На север средина Србија на исток Бугарија. Необичноста на земјописнава карта е што страните се обратно свртени – север долу, југ горе, исток лево, запад десно. Извор: Збирка David Rumsey