Документ кој докажува дека на заседанието на АСНОМ биле избрани македонски делегати од пиринскиот и беломорскиот дел од Македонија за да бидат делегати на третото заседание на АВНОЈ. Ова докажува дека на АСНОМ постоел пристап за единственост, како за територијата на цела Македонија, така и на борбата за ослободување на македонски народ од трите делови, во идната сојузна политичка единица – република Македонија.