Потврда за уплатен прилог за потребите на македонската ослободителна борба уплатена на Македонскиот Неприкосновен Народен Капитал дел од Македонскиот Национален Комитет. Најверојатно подружница на ВМРО.
На печатот е ставена картата од цела Македонија, вклучувајќи го и пиринскиот дел кој тогаш веќе подолго време бил во составот на Бугарија.
И покрај пробугарските раководства во некои од фракциите на македонските револуционерни организации, кај сите нив јавниот наратив бил секогаш за независна Македонија. Бидејќи за народот најголем мотив за учество и давање помош била борбата за независна македонска држава составена со обединување на сите делови од Македонија.
Посочила: DragonGirl