„… Слободата на Македонија лежи во внатрешно востание. Кој мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите. …Ако востание може да се крене со 1-40 души, Македонија одамна ќе беше слободна државичка. Треба народ, но прво треба тој народ да се разбуди од петвековниот длабок сон, којшто го направил Македонецот доста дебел во свеста за човечка правдина. …Жално е што залудно ќе се изгубат најмлади сили, ќе се остават невини Македонки на самоволието на скотските и жестоки страсти на дивјаците и најпосле 5-годишни деца и 70-годишни старци ќе останат под јатаганот на Азиецот, и за сето тоа виновникот ќе биде одговорен и пред својата совест, и пред народот, и пред историјата. …“