„Некогаш имало славна земја со храбар народ што дал светски владетели како Филип и Александар Македонски. Многу древни народи, иако слегуваа од светската сцена, по извесно време, пак се издигнуваа. Зошто да не се случи истото и со Македонците?…Зашто ако еден народ, што си има свои обичаи, вера, јазик, традиција и друго опстанал тврдо после толку ропства, тоа значи дека тој народ е способен за слободно постоење! …Бугарија нека им го даде на мирен начин на Македонците она што е македонско. Зошто Бугарија уште го држи туѓото и го прикажува како свое? Зарем Македонците се Бугари? Колку што се Македонците Бугари – толку се и Бугарите Македонци! Разликата е голема! Едните биле на Балканскиот Полуостров уште од пред Христа, а другите дошле во 7 век… Доста веќе со игри околу несреќата на македонскиот народ! Време е да се викне: Македонија на Македонците. Ослободената бугарска Македонија да им се даде на слободните Македонци. Дајте и` автономија на Македонија додека е време!“
цит. според Блаже Ристовски
Овој документ потпишан со прекарот “Комитски” бил создаден во снежник 1932 година. Меѓу членовите и поддржувачите на ВМРО на Ванчо Михајлов долго време повеќето од нив биле убедени дека се борат за независна Македонија. Овој запис потврдува дека постоело мислење за себе дека се Македонци со древно-македонско народносно потекло.
Документот е пронајден во архивата на ВМРО на Ванчо Михајлов.
Посочил: Портал Македонска Нација