1939_Христо Константиновъ – ‘Старика, Яне Сандански’, София

Христо Константинов

Книгата посветена на Јане Сандански напишана меѓу двете светски војни изобилува со промакедонски изјави. Јасно се гледа македонската свест кај писателот. Во врска со Македонија со оглед на околностите писателот главното нагласување го става на социјалната вина на државите. За да не се замери со националистичките сили, пред сѐ во земјата во која живее, вината ја става на општественото уредување на балканските државите при тоа не правејќи исклучок.

1939_Христо Константиновъ - 'Старика, Яне Сандански', София

Извадок од книгата: „… Противречностите меѓу европските и балканските држави и Внатрешната Македонска Револуционерна Организација

Кога основачите на В.М.Р.О. го поведоа македонскиот народ на борба против беговската експлоатација и султанскиот апсолутизам, кој задушуваше секаков стопански напредок и секоја култура, во името на политичката независност на Македонија, пројавија длабока проникливост проценувајќи ја горната положба, во која требаше да се развива македонското дело. Првата изведба (?): ослободувањето на Македонците е дело на самите нив, без разлика на пол, вера и народност. Таа голема мисла за македонското дејствување беше впишана како точка 3 во Уставот на Организацијата. Истата мисла, водачот на Организацијата, Гоце Делчев, ја истакна релјефно во писмото до Каранов, во кое кажува, дека криминално е да си играме со судбината на еден народ дигајќи празен шум со наведување чети од надвор; дека е срамно да ја играме улогата на просјак, кој си ги чепка раните за да предизвика милост.

Наспроти расцепителното дело на пропагандите преку кои нивните творци сакаа за себе да го присвојат македонското прашање и да го направат дел од својата државна политика, првоапостолите го противпоставија слоганот: Македонци, сплотете се во името на Македонија како Македонци! Кој каква вера ќе исповеда, кој каков религиозен поглавар да признава, кој како што и да смета; тоа е прашање на одделна свест и во никој случај на насилството; нашиот врвен интерес ни го налага нашето единство, кое треба да принудиме да го почитуваат сите црковни …“