Бугарската пропаганда покрај многу присвојувања го присвојува и прилепчанецот Марко Цепенков, најголем собирач на македонски народни умотворби. Така како еден аргумент користат извадок од следната песна:
Кажи мајко, жити Бога?
Кој народ го трпи ова?
Само ние болгарите
От сенката се боиме
Сепак изоставаат да го видат долниот дел во песната каде што стои:
Затоа, мајко, ќе тргнам
Македонија да шетам:
Душманите да ги требам,
Никаде во целата песна не се споменува Бугарија, ослободување на цела Бугарија или ослободување на Македонија со припојување кон Бугарија. Туку само „Македонија да шетам, душманите да ги требам“.
Всушност оваа народна песна, собрана од Цепенков, многу добро покажува за забуните кои настануваат со повеќето значења на зборот ‘болгари’. ‘Болгари’ како народност, но и ‘болгари’ како православни селани, како и другите значења кој овој збор ги имал. Значења кои во разни векови, ја менувале својата првенственост во склопот на овој поим.
Така може од песната да се заклучи дека, кога во Македонија се употребувал зборот ‘болгари’, се мислело на ‘болгари’ како селани. Затоа што ако народот кога ја создавал оваа песна мислел на Бугари како народност, тогаш немало да ја спомене само Македонија за ослободување, туку ќе ја споменел цела Бугарија. Ако Бугарија била веќе слободна, тогаш не би рекол дека „ние болгарите од сенката се боиме и од турците се страшиме“.
Кога во Македонија истите личности за себе ги употребувале зборовите ‘болгар’ и Македонец, соседните негаторски пропаганди толкуваат дека ‘болгар’ е народност, а Македонец е само земјописен поим – кој за себе го употребувале жителите кои живееле во Македонија.
А всушност кога некој во Македонија ќе кажел дека е ‘болгар’ и Македонец, со ‘болгар’ сакал да каже дека е православен славјанин или понекогаш православен славјански селанец, додека со Македонец ја искажувал својата народносна припадност.
Треба да се спомене дека на други места Марко Цепенков, Македонците ги истакнува за потомци на Александар Македонски.