Во својата книга „При Шар“, Тодор Геров во 1934 година пишува како се викало населението во тетовскиот крај во ромејско време. Тој објаснува како и по доаѓањето на Славјаните (Драговити), населението во тетовско продолжило да се именува како Македонјани. Така се нарекувале до освојувањето на Македонија од бугарските племиња, кои ги прекрстиле сите Славјани кои живееле во Македонија, Мизија и Тракија како “Бугари”. Треба да се нагласи дека во тоа време поимот Бугар, на грчки Βουλγαροσ (Voulgaros) означува политоним (социолошко-политичко име), а не етноним (народност).
Со тоа Тодор Геров признава дека во средновековието во Тетово живееле Македонци. Го руши митот на Грците дека древните Македонци живееле само до Велес и до Битола и дека целосно или скоро целосно исчезнале за време на римското владеење. Со наведеното признава дека Славјаните (Драговити) биле племе различно од Бугарите, кои нив насилно ги преименувале.
И покрај илјадниците пропагандни книги за ширење на бугаризмот во Македонија, пишувани со векови, во многу од нив, неизбежно ќе се протнат делчиња за неприкинатото постоење на македонскиот народ.
Посочил: Ѕале