1946.10_Пренос на моштите од Гоце Делчев

1946.10_Пренос на моштите од Гоце Делчев

 

Гоце Делчев, загинал на 4ти Косар 1903 година на излезот од селото Баница.

На дрвениот резбан саркофаг, била испишана пораката „Го заколнуваме поколението, овие свети коски да се однесат во престолнината на слободна и независна Македонија“.

Илинденската организација во Софија ги чувала моштите на војводата Делчев, сè до октомври 1946 година.

Со договор, меѓу социјалистичките власти на ФНР Југославија и НР Бугарија во листопад 1946 година, моштите на великанот Гоце Делчев тргнале на патешествие од Софија преку Пиринскиот дел на Македонија кон Скопје, каде почиваат и денеска во дворот на црквата Свети Спас.