„Во Македонија, главната маса од населението ниту се Бугари, ниту Срби, туку Словени и христијани, кои зборуваат јазик подеднакво далечен или ако сакате подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но, јазик, кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик. Наместо да се караме околу тоа, дали тој е дијалект на српскиот или бугарскиот јазик, ние треба заеднички да работиме и тоа овде кај нашиот заеднички „татко“, кај Султанот, за да им даде на своите верни поданици во Македонија такви реформи кои ќе им осигураат човечки живот и културен развиток… Ако тоа се реши, културата на Македонците ќе го реши прашањето кое што никоја сила не може да го реши, па дури ако Србите и Бугарите поради тоа ја фрлаат на коцка својата државна егзистенција“.
Фердинанд Саксобурготски, кнез на Бугарија 1887-1908 и цар на Бугарија 1908-1918
(Државен архив на Република Македонија (ДАРМ), ф. Политичко Одделение (ПО), мф. 446, Пов. Но. 228, Цариград, 26. III 1896.)
На 6 тревен 1896 г. покрај другите се сретнал и со српскиот дипломатски претставник Владан Ѓоргевиќ. Ја изнел потребата од бугарско-српска соработка и поблиски односи, за што главна пречка биле спротивставеностите околу Македонија. Фердинанд нагласил дека додека двете земји се „расправаат за раженот, зајакот е сѐ уште во шума“. При тоа, ја дал горенаведената изјава.