1757_Писмо од црногорскиот Митрополит Василије Петровиќ до рускиот гроф Шувалов

1757_Писмо од црногорскиот Митрополит Василије Петровиќ до рускиот гроф Шувалов

Владиката Василиј Петровиќ ги набројува Македонците во ист ред со Србите, Бугарите и други балкански народи. Црногорскиот митрополит како „смирен пастир на својата татковина на народот црногорски“ пишува писмо до рускиот гроф Шувалов дека „Албанците, Македонците, Бошњаците, Србите и Бугарите, сметајќи на заштита на Русија, ќе останат во својата вера, а доколку Црна Гора биде уништена и тие ќе ја изгубат надежта и ќе примат муслиманската вера.

 

Во текот на својот живот митрополитот Василиј Петровиќ – Његош (1709 – 1766)  ја напишал „Кратката историја на Црна Гора“ (Москва, 1754), „Пофалба за Немања“, како и две кратки истории за Црна Гора, кои останале во ракопис. Покрај овие дела, прифатено е дека неговото допишување има и одредена книжевна вредност. За нас е важно дека во нив го спомнува Македонците и Македонија.